TimoCom Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

Битни совети и правила за уште поголема безбедностШто можете самите да направите за „почисти“ зделки

Со деталниот, повеќестепен безбедносен систем TimoCom Secure значително придонесуваме се да функционира без проблеми. Во продолжение Ви претставуваме едноставни средства и мерки, со кои секој може самостојно и делотворно да придонесе за поголема безбедност.

Едноставни превентивни мерки за Вашата безбедност

Вашата чек-листа за проверка на нови деловни партнери

Однапред најважните правила за чисти зделки

На почетокот, TimoCom стандардно ги проверува своите клиенти и тоа со цел да достигне највисок можен степен на безбедност во берзата на утовари и утоварен простор. Истовремено и самиот клиент може да направи нешто за безбедноста

Доволно е да почитувате и само неколку чекори и ќе го намалите ризикот за „нечисти“ зделки уште и пред склучувањето на договорот. Затоа TimoCom состави список со најважните задачи за проверка на новите деловни партнери. Понатамошни совети за избегнување на кражби на утовари ќе најдете во следниот прилог за европската иницијатива на TimoCom und SCHUNCK.

ЕУ иницијатива на TimoCom и SCHUNCK

Безбедносна проверка за избегнување на кражби на утовари

Со оваа чек-листа ефективно ја штитите Вашата фирма од измами

Црните овци не се новина во нашата дејност. Ново е тоа што измамниците се се побезобразни. Затоа е уште поважно да се преземат средства и мерки кои ќе помогнат во спречувањето на измами и кражби.

Во заедничка соработка TimoCom Soft- und Hardware GmbH и OSCAR SCHUNCK AG & CO. KG развија сеопфатна чек листа за фирмите, која им помага да можат однапред подобро да го проверат идентитетот на нивните деловни партнери уште пред склучување на договор. Им препорачуваме на соодветните одговорни соработници, да го преземат безбедносниот формулар кој може да се пополни и со негова помош врз основа на поставените прашања да го проверат транспортерот по однос на неговата сериозност.

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.