Совети за аплицирање

Твојата апликација е првиот впечаток пред новото професионално поглавје. Многу е јасно дека сакаш да се покажеш од твојата најдобра страна. Со цел твоето искуство и твојата личност целосно да се истакнат, би сакале да ги споделиме со тебе нашите најважни совети од регрутирањето.

Наученото дирекно да се спроведе во дело? Мислиме дека тоа е супер! Веднаш аплицирај тука за нашите возбудливи понуди за работа.

Прво, погледни го нашиот процес за аплицирање. Така добиваш точна слика за тоа како да се запознаеме. Потоа, заедно ќе создадеме вистинска додадена вредност за дигитализација на европската логистичка индустрија.

Процесот на аплицирање

  1. 1. Апликација

    За нашите внатрешни процеси, многу ни помага ако ја добиеме твојата апликација дигитално преку нашата алатка за апликацирање. Веќе не ти е потребно да пишуваш мотивационо писмо.

  2. 2. Телефонско интервју

    Овде имаме можност по телефон да поразговараме за општите услови, да стекнеме прв професионален и личен впечаток и да се запознаеме едни со други.

  3. 3. Запознавање

    Седиме во релаксирана атмосфера и споделуваме идеи, очекувања и лични работи. Тука добиваме чувство за тоа дали има хемија помеѓу тебе и TIMOCOM. Исто така имаш можност да ни ги поставиш сите твои прашања лице в лице.

  4. 4. Ден за запознавање

    Запознај ги твоите потенцијални колеги во директната работна средина за да добиеш уште подобра слика. Пред тоа, за загревање, има мал тест за вработување. Времетраењето на денот за запознавање е променливо и зависи од работното место што треба да се пополни. Дневниот распоред исто така поединечно се планира и однапред сè ќе ти биде објаснето.

  5. 5. Одлука

    Потоа можеш, како и ние, сите впечатоци повторно во мир да си ги сублимираш. Ти ветуваме дека ќе те информираме за нашата одлука само неколку дена по денот за запознавање. И ако и ти сакаш да станеш „Тимо“, наскоро ќе започне твојата индивидуална програма за навигација.

    По секој чекор, ние ќе те информираме и ќе те известуваме за моменталниот статус. За нас е многу важно да се однесуваме чесно и транспарентно и да се чувствуваш удобно уште пред почетокот на работниот однос. Тоа е она што го прави твојот почеток во TIMOCOM толку посебен.

Препорачано од работоземачите

»TOP Company«

Тука можеш да прочиташ како се позиционираше TIMOCOM како работодавач.

Fair Company

Ние сме Фер компанија, бидејќи...

... ние ја наградуваме, промовираме и вреднуваме работата на нашите вработени. Ова се отсликува на пр. во тоа што и дека практиканти и вонредни студенти можат да преземат одговорност за своите задачи и да имаат можност да бидат преземени со постојано вработување. Креативноста на сите вработени е многу важна за нас, и затоа идеите, во нашата компанија како компанија управувани од сопственици, добиваат големо внимание и се наградувани. Избалансирана рамнотежа помеѓу работата и живототu. a. активно се поддржува со флексибилно работно време и намалување на прекувремените работни часови.

Заинтересиран? Аплицирајте сега кај нас и придружете нѝ се!

Сега аплицирај онлајн

Имаш прашања? Нашиот тим за човечки ресурси со задоловство ти е на располагање:

+49 211 88 26 40 19

Преглед на настани

Сакаш да не запознаеш? Ништо поубаво од тоа. Во TIMOCOM ние претпочитаме директни, лични разговори во пријатна атмосфера.

Затоа се надеваме на интересна размена со тебе на следните настани - во живо и во боја.

Настан Временски период Место Вид

Нашите следни настани сеуште не се потврдени. Веднаш штом ќе биде закажан, овде во нашиот преглед на настани ве информираме за тоа.

Во секое време слободно можеш \ {0 \} дигитално да ни испратиш - како самостојна иницијатива или како одговор на нашите слободни работни места. Се радуваме, лично да те запознаеме!

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе