TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

Дигитално спроведување на налози во транспортната платфома на TimoCom

TimoCom ја интегрира својата новина TC Transport Order®

TIMOCOM Прес-известувања – Актуелни известувања

Дигиталното ракување“ го симболизира централното спроведување на транспортни налози со TC Transport Order® во транпортната платформа на TimoCom.

Еркрат, 05.07.2017 – Софтверската фирма TimoCom  ја прошири својата транспортна платформа за уште една нова функција! Со помош на TC Transport Order®за првпат повеќе од 120.000 корисници на TimoCom имаат можност да ги спроведуваат своите транспортни налози централно во платформата и со новата дигитална постапка де ги оптимизираат дневните деловни процеси.

Еркрат, 05.07.2017 – Софтверската фирма TimoCom  ја прошири својата транспортна платформа за уште една нова функција! Со помош на TC Transport Order®за првпат повеќе од 120.000 корисници на TimoCom имаат можност да ги спроведуваат своите транспортни налози централно во платформата и со новата дигитална постапка де ги оптимизираат дневните деловни процеси.

Отсега, TC Transport Order®им овозможува на корисниците целосно дигиталено спроведување на зделките директно внатре во транспортната платформа. 

Со тоа, транспортните зделки директно ќе се склучуваат на едно централно место, каде што и  се имаат најдено утоварниот простор и утоварот. „Новата апликација се состои од управување со налози и барањето за транспорти. Истите обединуваат корисни функции за двата деловни партнери, така што TC Transport Order ®ги исполнува специфичните потреби на налогоземачите и налогодавачите“, објаснува Даниел Крисина, TimoCom продукт менаџер.

Дигитално барање за транспорти

Налогодавачите можат во TC Transport Order®истовремено на повеќе деловни партнери да испраќаат барања за транспорти. Со тоа добиваат релевантни информации со понуди, кои можат да ги споредат и да се одлучат, кој на крајот би го добил транспортниот налог. Корисниците, кои имаат да понудат сопствена роба, можат во предходно дефинраните шаблони со транспортни налози да го одберат соодветниот и да го употребат. Потенцијалните даватели на услугата ги предаваат своите транспортни налози и со тоа си обезбедуваат можност за дополнителни зделки. Сите процеси се видливи сега , бидејќи централно се покажуваат кај деловните партнери.

Централно спроведување на налози

Во управувањето со налози налогодавачите на своите деловни партнери им ги доделуваат своите транспортни налози брзо и едноставно дигитално. Налозите можете да ги персонализирате со сопственото лого, фуснота и документи како и да креирате шаблони за транспортни налози кои се повторуваат.

Налогодавачот ја има можностa, да го прифати пристигнатиот транспортен налог, дополнително да го сторнира или да го одбие. По добиената согласност од налогоземачот кон транспортниот налог се прикачува обврзувачки договорен документ, како осигурување за двете страни. Двата деловни партнера во секое време имаат преглед преку централниот преглед врз сите процеси.

За сите над 38.500 TimoCom клиенти има уште една причина за радост, бидејќи новата апликација ќе можат бесплатно да ја тестираат до крајот на Август и да се убедат од многуте предности и можности.

Повеќе информации за TimoCom ќе најдете на www.mk.timocom/Транспортна-платформа/Транспортни-налози налози.

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.