TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

Европски избор на кадри од областа на логистиката кај TimoCom

Практикантка од универзитет од Литванија го поддржува претставништвото на TimoCom во Полска

Еркрат, 14.09.2018 – Да се инспирираат студентите и практиканите во нивното развивање и правилно да се насочи нивното практично познавање од областа – уште од самиот почеток, тоа е една од целите на TimoCom. Овој пат IT-компанијата прави уште еден чекор напред во логистичката дејност и за првпат овозможува тримесечна летна пракса во претставништвото во Полска. Со овој придонес кон развивање на младите кадри, TimoCom сака да ги инспирира и другите претпријатија.

Како најголема транспортна платформа во Европа, за TimoCom е суштински важно да ги задоволи потребите на поединечните пазари и клиенти. За да се поттикне размената со идните учесници во дејноста, Country Manager-ите стапуваат во контакт со универзитетите, на коишто се предава менаџмент за логистика и транспорт. Досега фокусот, пред сè, лежеше на предавања и работилници, коишто се завршуваа со посакуваните сертификати од TimoCom.

Еден чекор понатаму: Развивање на младите кадри на самото работно место

Моментален пилот-проект со еден универзитет од Литванија докажува, дека постои уште поголем потенцијал во соработката помеѓу бизнисот и науката: „Идејата за пракса ја имав веќе подолго време. Таа се оствари по работилницата на техничкиот универзитет Гедиминас во Вилниус. Една студентка се истакна со нејзиното активно учество и со многуте прашања што ги постави подоцна. Тоа претставување иницијатор за имплементацијата“, изјави Денис Пасала, Country Manager за балтичките држави и CIS во TimoCom.


За Марија Колосова ова беше прв контакт со една транспортна платформа. Нејзините интереси за функционирање и можностите за примена ја надминуваа самата содржина на програмата на работилницата. Сето ова не се заврши само со обичен сертификат за обука, туку и со необична понуда: „После работилницата дознав за можноста да завршам подетална пракса во TimoCom. Една многу интересна и уникатна можност за мене“, изјави студентката. По позитивниот фидбек, Пасала заедно со редовниот професор доц. д-р. Нијоле Батарлиене и со менаџментот за продажба на претставништвото на TimoCom одработи тримесечна практична програма. „Половина година подоцна веќе бев качена на летот кон Пила и од 24 јуни во следните три месеци сум дел од тимот. Сега веќе добив огромно практично знаење и искуство. На крајот од мојата пракса ќе го посетам и седиштето на TimoCom во Германија и едвај чекам на тоа“, продолжи Колосова.

Соработката со техничкиот универзитет Гедиминас и со редовниот професор доц. д-р. Нијоле Батарлиене, според Денис Пасала е едно важно надополнување на други мерки за развивање на младите кадри. „Не само предавањата и семинарите, туку и конкретното поставување на праксата во претпријатието овозможува да се стекнат работниците со знаење „на самото работно место.“


Со пилот-проектот TimoCom уште повеќе сака да го зајакне образувањето висококвалификувани работници, а со тоа и да им даде важен импулс и на другите институции, за да се грижат уште попроактивно за своите млади кадри.

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.