TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

Женски приказни од логистичката бранша: Биљана Муратовска од Македонија

TimoCom интервју со Биљана Муратовска од МАКАМ-ТРАНС, Македонија

Еркрат, 23.11.2017 - Во интервју за TimoCom, генералниот секретар Биљана Муратовска ни открива, што е посебно кај транспортната асоцијација МАКАМ-ТРАНС од Македонија, и зошто една утринска партија табла овозможува подобри работни услови во транспортната бранша.

Г-ѓа Муратовска, дали може накусо да се претставите?

Моето име е Биљана Муратовска, јас сум генерален секретар на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС. По моите студии во областа на економската политика и развојот, искуството го стекнував со работа  во повеќе фирми. Преку татко ми, од најмала возраст дојдов во допир со транспортната бранша. Во душата ми е вткаена желбата  да ги подобрам условите за вршење на дејност  на македонските превозници во спомен на татко ми. Тоа е огромна задача. За да си ја растеретам главата и успешно да започнам со работа секое утро со утринското кафе, играм и една партија табла.

Кои се заложбите на Вашата асоцијација?

Се бориме да се подобрат усовите за работа од аспект на обезбедување на економска и социјална заштита на македонските превозници. Особено сум горда на тоа што можам преку асоцијацијата  да учествувам во донесувањето на законите од обласа на превозот и со тоа да обезбедам фер услови за вршење на дејност. Кога во  април 2003 и пристапив на асоцијацијата, транспортниот сектор уште беше во голем хаос. Митото и корупцијата беа правило за добивање на потребни транспротни дозволи за превозникот. Набавувани беа најчесто користени возила, фалсификувани сертификати и постоеше експлоатација на транспортерите во секој сегмент од нивната работа. Тоа ме мотивираше сите мои напори да ги вложам во асоцијацијата. Денес имаме 1895 членови кои конечно се почитувани на транспортниот пазар ширум Европа како и од државните органи. Многу инвестираме во обуки и во организација на работилници, за да можат сите кои се вклучени во превозот да добијат што е можно пошироко знаење.  Оваа година во Босна и Херцеговина ја добив наградата за најдобар менаџер во регионот на Југоисточна и Средна Европа во областа на асоцијации , што замене значи огромна чест и признание за се она што го работам речиси 15 годинаи за македонските превозници

 

Зошто транспортната индустрија Ви е толку интересна?

Превозот, односно Транспортната индустрија ја споредувам со човечкиот крвоток. Ако се сопре, нашата економија ќе запре. Транспортот овозможува сè да  е достапно до крајниот потрошувач. Од многуте патувања со татко ми  во живо ја почуствував страста која е втемелена кај превозниците . Беа горди на тоа, со нивната работа да придонесат за реализација на големи проекти. Благодарение на нивните испораки можеше да се изградат и опремат патишта, мостови дури и електроцентрали, болници , училишта и др..

 

Дали треба да има повеќе жени на водечки позиции во транспортната индустрија?

Ако ние жените ја вложиме целата наша  истрајност, вродена желба за  одржливост, успех и напредок што го практикуваме во сопствените домови,  можеме да докажеме дека оваа бранша не е толку исклузивно право за работа на мажите. Живеам во држава каде сеуште владее патријархтот,  но и покрај тоа успеав да водам една асоцијација, која 95% е составена од машки членови. Веќе има многу жени кои водат сопствени транспортни фирми, но мислам дека би требало да се многу повеќе.

 

Што се предностите и слабостите на транспортната бранша?

Мислам дека митото и корупцијата се сеуште многу распространети, пред сè  во земјите од Југоисточна  Европа. Контролните органи, слабото познавање на  прописите од страна на возачите, односно превозниците го користат  како параван за да можат да наплаќаат мито. Тоа мора да го промениме. Но, особена предност кај логистиката е дека сме интернационално  вмрежени и дека секогаш има нови цели и предизвици. Без логистика не би имале основа за сеопфатен економски развој. Сега можеме да ја искористиме дигитализацијата, за заеднички да се вмрежиме. Ако разни асоцијации, кои имаат јасни цели како МАКАМ-ТРАНС  меѓусебно се поврзат, тогаш можеме нашата бранша многу подобро да ја заштитиме и да оствариме уште подобри резултати. Како асоцијација го имаме направено и овој чекор со членување во Алијансата за иднината на превозот (држави од ЕУ) и со потпишан меморандум за спработка со државите од Балканот.

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.