TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

Интегриран ГПС - следење на возила за транспортната логистика на иднината

Како Spedition Schwarz со само еден интерфејс многукратно го зголеми својот квалитет на услуги

Како може да се постигне, позициските податоци од краткорочните транспортни партнери автоматски да се пренесат во сопствениот ТМС (систем за управување со транспорти)? Со ова прашање Spedition Schwarz која е и  членка на ЕЛВИС  му пристапи на понудувачот на најголмата европска транспортна платформа TimoCom. Заедно со интернационалната ИТ фирма Arvato Systems, TimoCom разви не само решение за овој специјален случај туку и решение за еден клучен проблем на денешнава транспортна логистика. Резултат од ова е еден интерфејс која овозможува во секое време да може да се добиваат и обработуваат ГПС-податоци од даватели на транспортни услуги, и со тоа да се подобри квалитетот на услугата и задоволството на клиентите при спроведувањето на транспортните налози.

Што беше предизвикот?

80 проценти од 80.000 транспорти годишно, Spedition Schwarz ги врши со сопствената флота од 250 возила. Преостанатите 20 проценти од налозите со транспортни партнери од платформата на TimoCom. Во најдобри денови преку платформата краткорочно се нудат и до 350 тури на ден од страна на и до 100 дополнителни налогоземачи. За разлика од случајот со сопствените камиони, овие транспортни партнери нудат различни телематски понудувачи кои пренесуваат податоци во различни формати. Интеграцијата на овие безбројни апликации би била екстремно скапо и подразбира многу работа. Но токму тие информации се, според Spedition Schwarz, есенцијални, за да може да се набљудуваат транспортите:

 „Аналогно на сопствените возила, сакаме да ги вметнеме во нашиот ТМС и податоците на транспортните партнери за да можеме да ги пресметаме нивните времиња на пристигнување. Поточно кажано, за нас е екстремно важно, навремено да препознаеме отстапувања, за навремено да се реагира со противмерки. Ако ова не е можно, можното задоцнување ќе може проактивно да се комуницира со клиентот“, објаснува Оливер Окер, прокурист и Key Account Manager на Spedition Schwarz. 

 

Какво беше решението?

Желбата на клиентот, шпедицијата Шварц, беше токму вистинскиот предизвик за Луизе Тенес и Филип Шмит, продукт менаџери во TimoCom. Бидејќи уште cо воведувањето на функцијата за следење на возила во 2013, TimoCom станува и јазол за позициските податоци на возилата на кориниците на платформата. Ова се постигна со поврзување на повеќе од 230 понудувачи на телематика. За да може Spedition Schwarz позициските податоци на транспортните партнери понатаму да ги обработува, TimoCom изгради еден интерфејс преку која можат други системи да пристапуваат до ГПС податоците и можат да ги преземаат во унифицирана форма. Во оваа рамка и од страна на Spedition Schwarz беше понатаму доразвиено употребуваното проширување на системот за управување со транспорти „best4log-x“ на Arvato Systems, понудувавач на решението. „Да ги поддржуваме клиентите во нивното секојдневно работење, е нашата прва цел. Со нашиот пилот-партнер Spedition Schwarz и нивниот ИТ специјалист Arvato Systems можевме да го реализираме посакуваниот интерфејс во рок од еден месец . Тие беа многу отворени, се течеше без проблеми, објаснува Луизе Тонес од TimoCom. И Arvato Systems гледа голема вредност во поврзувањето на новата апликација: "Благодарение на интерфејсот со TimoCom можевме да го доразвиеме ТМС за Spedition Schwarz и да го подобриме дигиталниот работен процес“, според Дирк Тиглер, Key Account Manager во Arvato Systems.

 

Која е користа?

„Досега кај давателите на транспортни услуги кои употребуваат поинакви системи од нашите, моравме статусот на пратката телефонски да го дознаеме и сите податоци мануелно да ги внесеме во ТМС-от. Тоа чинеше многу време и податоците не беа секогаш 100 проценти коректни“, објаснува Оливер Окер. На тоа Филип Шмит може да се надоврзе: „Се додека размената на податоци се врши мануелно, целиот процес не само што е поскап туку и неотпорен на грешки.“

Благодарение на ГПС интерфејсот Spedition Schwarz сега автоматски гледа дали некој транспортер ќе доцни и така може директно да ги информира своите клиенти. Во случајот со речиси 100-те  камиони дневно кои шпедицијата Шварц  ги нарачува преку TimoCom, преку овој интерфејс фирмата заштедува многу време. Сепак, најважното е што ја зголемивме довербата и задоволството на нашите клиенти“, се радува Окер.

Сиже: Примерот со оваа апликација го трасира патот и за другите корисници на платформата

Предуслов за користење на интерфејсот е решението за следење на возила TC eMap®,  кое е за сите корисници на TimoCom бесплатно на располагање. И помали фирми со тоа ја зголемуваат својата конкурнтност, како што потврдува Оливер Окер: „Активирањето на решението за следење на возила кај TimoCom е многу лесно. А ефектот е огромен! Како транспортен партнер веднаш оставам впечаток на подоверлив. Освен тоа не треба да се заборави дека следењето на возила штити од кражба на утовари.“

 

На ГПС-интерфејсот на TimoCom сега можат да пристапат и други заинтересирани клиенти. „Интерфејсот функционира како еден вид на универзален клуч со кој лесно и едноставно се поврзува сопствениот систем,“објаснува Тенес. За транспортната индустрија тоа значи дека со помош на интерфејсот отсега можат и краткорочните транспортни односи да се следат дигитално. Ова од другата страна за налогоземачите како и за налогоземачите на транспорти значи поголема транпарентност, квалитет и безбедност на дневната понуда.

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.