TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

Нова функција во рамки на транспортната платформа

TimoCom ја презентира новината на годината на ИАА комерцијални возила

TIMOCOM Прес-известувања – Актуелни известувања

Темите автоматизација, вмрежување и дигитализација се теми кои се актуелни во транспортната и логистичката бранша во моментов.

Еркрат, 31.08.2016- Највисок приоритет за TimoCom е постојаната оптимизација на транспортната платформа. Токму во времето на логистика 4.0, темите како автоматизација, вмрежување и дигитализација  се од големо значење за транспортната и логистичката бранша. Овој развој побарува иновативни идеи за транспортната платформа на TimoCom, за да се одговори на предизвиците на иднината. Затоа, веќе пред старт е новата функција на TimoCom. Точно на почетокот на саемот ИАА комерцијални возила 2016, фирмата ексклузивно ќе ја презентира својата новина на денот.

Од 22 до 29 Септември 2016 саемот ИАА комерцијални возила во Хановер, повторно ги отвара своите врати за сите љубители на транспортот и логистиката. „TimoCom се придружува на овогодинешното мото на ИАА „идеите се нашиот поттик“. Со нашата саемска новина ја поттикнуваме дигиталната трансформација на нашата транспортна платформа и ги подготвуваме нашите клиенти за логистика 4.0“, најавува TimoCom Company spokesman Марцел Фрингс.

Да се биде во чекор со времето
Тимот на TimoCom во Хала 13, Штанд Ц32 ја претставува најновата функција на најголемата транспортна платформа во Европа, со која значително ќе се подобри секојдневното работење на повеќе од 110.000 клиенти . Тимот е во секое време на располагање да одговори на прашањата и ги поддржува посетителите и заинтересираните директно да можат да ја испробаат платформата со нејзините апликации и најнови функции.  
Посетата на саемскиот штанд на TimoCom е едно апсолутно „мора“ за шпедитерите и превозниците, фирми кои имаат свои утовари како и давачи на транспортни и логистички услуги! Сите учесници во транспортот се од срце поканети со тимот на лице место да поразговараат  за деловниот успех и да дознаат како TimoCom може да ги поддржи на тој пат.

Оваа година од страна на ИАА комерцијални возила првпат се нуди и новиот портал за деловно вмрежување Match & Meet. На тој начин уште пред почетокот на саемот можат меѓусебно да се поврзат саемските изложувачи и деловните поситители или да се договорат за термин на саемскиот штанд. TimoCom исто така се има пријавено на порталот како изложувач.  Тоа е една добра можност, уште пред почетокот на саемот да се воспостави контакт.

Автор:

Tina Pandza

TIMOCOM на:

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.