TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

По 8-ми пат најдобар бренд TimoCom

ИТ Фирмата од Еркрат е победник во изборот на читателите на издавачката куќа ЕТМ во категоријата транспортни берзи.

TIMOCOM Прес-известувања – Актуелни известувања

Маркетинг директорот на TimoCom со посакуваната награда

Еркрат, 27.06.2016 – Сеге е и официјално: И оваа година TimoCom повторно смее да се именува “најдобар бренд“ во категоријата транспортни берзи. Читателите на  lastauto omnibus, trans aktuell и FERNFAHRER секога година гласаат за надобрите комерцијални возила и најдобрите брендови. Оваа награда која ја доделува издавачката куќа ЕТМ ги наградува активностите и развојот на иновативните производи и услуги за транспортната индустрија. Маркетинг директорот на TimoCom, Кристоф Тесинга беше присутен на свеченото доделување на наградата во Штутгарт. „Наградата “најдобар бренд“ е и останува голема чест за нас. Бидејќи таа е секогаш потврда  дека се вреднувале заложбите на нашите вработени. Оваа година сигурно е и симбол за тоа, дека се вреднува дирекниот контакт со клиентите.“

Комуникативно и транспарентно

Една од причините за изборот на ИТ Фирмата, според Тесинга е директната комуникација со клиентите. Над 50 вработени од различни земји секојдневно зборуваат со повеќе од 2000 корисници на TimoCom во врска со функциите на платформата и одговараат прашања во врска со транспортниот бизнис. Во делот на социјалните медиуми Facebook страната на TimoCom стана битен дигитален канал, бидејќи на фирмата и овозможува комуникација со клиентите во реално време. „Ништо не е поубедливо од директна и лична реакција на фидбек“, објаснува маркетинг професионалецот. „Нашиот тим за социјални медиуми кај нашите клиенти активно прашува за мислење околу одредени аспекти на транспортната платформа.“

Оваа директна размена не е само мотивирачка за клиентите туку го поттикнува и општото задоволство до брендот, тоа е и дел на филозофијата на фирмата и со тоа и во подсвеста на вработените.  Така што не е многу за чудење, што еден вработен на TimoCom пред изборот вети, во случај на повторена победа, од радост во костим ќе скокне од петметарска скокалница. Дека ветувањето уредно е исполнето, се разбира, може да се уверите на Facebook страната TimoCom.

Автор:

Tina Pandza

TIMOCOM на:

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.