TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

Со сигурност флексибилни

Фирмите кои бараат транспортери имаат доверба во безбедносната мрежа на TimoCom

TIMOCOM Прес-известувања – Актуелни известувања

Со сигурност флексибилни

Како учесник во логистичката мрежа би требало пред се да се биде едно: флексибилен. Токму во производната и трговската индустрија работното темпо е непредвидливо бидејќи тука ритамот го одредуваат понудата и побарувачката. Затоа уште поважно е да може брзо да се реагира кога ќе дојде до намалување на расположливите капацитети. Од тие причини, се повеќе фирми имаат доверба во најголемата европска транспортна платформа TimoCom. При повеќе од 110.000 корисници кои дневно нудат и до половина милион утовари и утоварен простор, веројатноста е голема секој да ја најде соодветната зделка. По склучување на зделката важна е довербата во деловниот партнер како и заштитата на сопствените податоци.

Од овие причини, TimoCom на своите клиенти им ја нуди стандардната безбедносна мрежа „TimoCom Secure“, која се состои од повеќе нивоа:

-    Пристапната проверка на новите клиенти:
Пред една фирма да стане член и да може да работи на транспортната платформа, најпрво мора да помине низ сеопфатна проверка.

-    Безбедниот пристап до софтверот:
Една од најголемите опасности при секојдневното работење на компјутер е можното пробивање на корисничкото име и на лозинката. Од тие причини TimoCom нив целосно ги отфрли. По инсталирањето на пристапниот софтвер, клиентите добиват личен безбедносен клуч „TC Login“ кој не може да се пробие.


-    Техничката безбедност:
Двата комјутерски центри на TimoCom се локациски одделени, го носат печатот ISO/IEC 27001 и се грижат со целосните бекап системи за оптимална достапност дури и во случаеви на катастрофи. Освен тоа, дополнителна безбедност нудат и повеќеслојните системи за заштита од вируси како и моќните „огнени ѕидови“.


-    Безбедност на податоците:
Податоците на корисниците се чуваат во Германија. Со тоа потпаѓаат под германскиот закон за заштита на личните податоци, кој важи за еден од најригорозните во Европа.

-    Сопствената услуга за наплата на долгови:
TimoCom уште од 2003 ги поддржува своите клиенти со сопствен оддел за наплата на долгови. Ако и покрај големата безбедносна грижа дојде до тоа кај клиент да се јави проблем со лоши плаќачи, на желба на клиентот, се активира тимот за наплата на долгови. Така во 2015, ваквите вонсудски спогодби имаа успех од 89%.


Обезбедување на транспарентност и надвор од безбедносната мрежа
TimoCom, покрај безбедносната мрежа нуди уште нешто повеќе, за да ги исполни не само своите, туку и критериумите на своите клиенти. Бидејќи таму каде што ссе работи за транспортот на вредни стоки, важи правилото: Довербата е добра, контролата е подобра. Како претпријатие кое нуди утовари, сакате во секое време да дознаете каде се наоѓа вашата роба. Задоцнета или воопшто непреземена пратка носи со себе негативни последици и не секогаш се има познат соговорник од другата страна. Токму тука доаѓа во игра решението за следење на возила TC eMap® на TimoCom: Корисниците веќе не мораат да пребаруваат помеѓу различни телматски системи, туку ги гледаат сите актуелни телематски ситеми на еден поглед. Ако налогоземачот му дал овластување на налогодавачот да го следи неговото возило, со тоа добива можност да ја следи и својата пратка. Потранспарентни не можат да бидат транспортните зделки. Понатаму лидерот на пазарот често разменува информации и со здруженија, осигурувања и со полицијата во врска со безбедноста и тие информации ги препраќа до своите клиенти, на пример во вид на листи за проверка. Со ова можат тие самите активно и со едноставни средства да придонесат за повеќе безбедност во браншата. И покрај сите помошни мерки, се разбира потребно е да се има деловна внимателност кај секој поединечно, бидејќи на крајот на краиштата зделките се склучуваат помеѓу самите клиенти.

Автор:

Tina Pandza

TIMOCOM на:

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.