TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

Традиционалната годишна средба за ЦЕМТ дозволите: TimoCom го наградува „најактивниот клиент во 2016“

Чествување на местото на настанот во Македонија

Велес, 29.9.2017 - ИТ Фирмата TimoCom во рамките на Традиционалната годишна средба за ЦЕМТ дозволите на асоцијацијата на превозниците на Република Македонија “МАКАМ–ТРАНС“, на самото место на настанот во Велес, на шпедицијата „ИТАЛЕУРОМАК ДООЕЛ“ и го додели признанието за најактивен член од Македонија за 2016 година.

Боге Николовски е управител на друштвото основано во 2006 година. Шпедицијата вработува вкупно 20 лица и најмногу е активна на Балканот како и во Западна Европа. Николовски гледа многу предности во најголемата транспортна платформа во Европа:  „Од самиот почеток го користиме TimoCom и многу брзо воспоставивме добри деловни контакти. Со тоа се здобивме со многу добри деловни партнери. Освен тоа, TimoCom е број 1 што се донесува до понуди од проверени партнери во нашите две главни подрачја на делување. Дополнително на тоа, безбедноста, за нас, како и за најголемиот број на фирми, е најбитното нешто во нашата дејност - по ова прашање имаме доверба во TimoCom “. Ана Домановиќ, TimoCom Country Manager South-Eastern Europe, има пофални зборови за активностите на клиентот: „ИТАЛЕУРОМАК ДООЕЛ“ изминатата година на платформата на TimoCom постави вкупно 1.101 понуди на утовари и според тоа ова признание е целосно заслужено“.

 

Дигитална премиера во Велес

На ВИП Штандот на TimoCom посетителите на традиционалната средба за првпат имаа можност лично да се информираат за новината од TimoCom -TC Transport Order® . Новавата апликација е на располагање од почетокот на Јуни, и ги дигитализира транспортните налози и им овозможува на повеќе од 120.000 корисници на TimoCom директно спроведување на зделки во рамките на транспортната платформа. При тоа профитирате од едноставното вмрежување помеѓу Вас и Вашите партнери, заштедувате драгоцено време и во секое време имате точен преглед врз сите процеси. Налогодавачите имаат можност да побараат понуда за транспорт истовремено кај повеќе даватели на услуги и потоа дигитално да доделуваат транспортни налози. Налогодавачите поднесуваат сопствени понуди за транспорти и со тоа имаат можност за дополнителни зделки.

 

Голем беше интересот за TC Transport Order® на TimoCom. Сите фирми кои се вклучени во транспортот профитираат од специфичните предности и ја употребуваат новата апликација при секојдневното спроведување на дигиталните деловни процеси.

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.