TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

Успешно позиционирање на TimoCom брендот во југоисточна Европа

ИТ-Фирмата втор пат по ред ја добива наградата “Brand Leader Award”

Еркрат/Белград, 18.04.2016 – Очекувањата повеќе од исполнети: По добивањето на наградата со „Brand Leader Award“ во 2015 година, TimoCom си го обезбеди и во оваа година толку посакуваниот трофеј од страна на екомонските фактори во југоисточна Европа. Со тоа давателот на ИТ услуги ги оправда најавите, дека  сериозно ќе ги земе предвид желбите на клиентите од регионот, својот софтвер уште повеќе да го оптимизира во однос на ефективна искористеност. Доделувањето на наградата се одржа на 15 Април 2016 во рамките на 3. транспортна и логистичка конференција ТИЛ во Сава Центарот во Белград.

Критериумите при изборот на Бранд Лидер во категоријата „ИТ услуги во транспортната индустрија“ се движат од иновација преку големи познавања на пазарот па се до автентично пласирање на пазарот. Веќе повеќе од десет години наградата се доделува под покровителство на Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Р. Србија и тоа на оние, кои со своите стандарди дефинираат високи иновативни стандарди и со тоа особено ги заживуваат регионалните пазари. Тука припаѓаат и фирми како што е TimoCom. Најголемата транспортна платформа во Европа им нуди на своите клиенти покрај останатото и берза на утовари и утоварен простор, еден модул за јавни објави за понудувувачите како и решение за следење на возила. Миливоје Радовановиќ, управител на Мас Медиа Интенационал и организатор на конференцијата, објаснува дека „наградата бранд лидер  му се доделува на TimoCom за одлични оперативни услуги, надмоќност на производите во однос на квалитет и доверливост на технологијата и ИТ-услугите во транспортната индустрија во југоисточна Европа.“

Нградата и беше доделена на претставничката на TimoCom, Country Manager за југоисточна Европа, Тина  Панџа. Таа гледа во наградата пред се мотивација за во иднината. „И понатаму работиме на дополнителни услуги за нашите клиенти. На пример, се мисли на систем за управување со документи, кој ја олеснува размената на важни документи за спроведување на еден налог.  Освен тоа и во иднина голема важност ќе му придаваме на потесниот дијалог со браншата Затоа во текот на годината покрај деловни настани, посетуваме и образовни институции. Ученици и студенти можат тука на практичен начин да ја видат улогата на транспортните платформи и да се привикнат на деловниот свет“. 

Автор:

Tina Pandza

TIMOCOM на:

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.