TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

TimoCom услуга за наплата на долгови: Заедно и без одолговлекување до целта

Јасните правила при управувањето со долговите и помагаат на транспортната индустрија

TIMOCOM Прес-известувања – Актуелни известувања

Кратки постапки и брзи одговори

Еркрат, 06.01.2015 - Основниот принцип во трговијата е стар колку и самото човештво:  Кој нешто купува, мора и да плати за истото.

Но што се случува кога нема уплата или должникот доцни со плаќањето? Секако, на доверителот му се потребни парите. И ако фактурите не се платат или се платат со задоцнување, многу брзо можат фирмите да се најдат во финансиски тешкотии. Ако дојде до сериозен случај, може да помогне независна услуга за наплата на долгови со професионално управување на долговите. Таа има најголема можност, да ги расчисти за оштетениот непријатните случаеви на наплата на долгови. Така на пример, тоа искуство го има направено  и фирмата Агрорит д.о.о со седиште во Меленци, Србија. Како и кај многу други фирми од соседните балкански држави, и транспорт менаџерот Недељко Мијатов е уверен дека: „Пред да го избереме комплицираниот, долгиот и скапиот пат преку судовите, се потпираме на TimoCom CashCare."

Кратки постапки и брзи одговори

Транспортното претпријатие Agrorit d.o.o. располага со сопствен возен парк, сервис за камиони, бензинска пумпа и царински складишта на повеќе локации и веќе повеќе од 20 години работи со голем успех. Повеќе од 100 вработени секојдневно се грижат за меѓународни транспорти и се многу добро запознаени со организацијата на испорака на стоки. Кога ќе се помисли колку стоки дневно треба да бидат транспортирани, тогаш станува јасно дека тој процес несекогаш  се одвива непречено. Така дури и кај сериозни фирми понекогаш исчезнуваат фактури кои потоа не се плаќаат навремено. Причините за тоа се на пример, дека не се почитува доследно сметководствениот процес, фактурите кои биле  во прилог на разни други документи едноставно изчезнале или настанале недоразбирања при договарањата помеѓу одделни одделенија.

Покрај тоа, постојат и т.н. "црни овци", кои намерно се однесуваат не фер и плаќаат само под притисок. Дури и ако таквите случаеви, споредено со севкупниот обем на работа, се многу ретки, во "најлошиот случај" може да ви помогне независна агенција за наплата на долгови да си ги наплатите парите со вон судско решение. Од тие причини Мијатов и неговиот тим пред повеќе од три години се одлучија за услугата за наплата на долгови на TimoCom Soft- und Hardware GmbH. Тие веќе повеќе од десет години се корисници на водечката берза на утовари и утоварен простор во Европа.

Кај TimoCom, Недељко Мијатов посебно го цени краткото време за решавање на случаеви за наплата на долгови: „Покрај зголемениот процент на успешност и ниските трошоци, пред се и заштедата на време е многу битен аспект. Преку секојдневното работење со национални и интернационални клиенти, TimoCom располага со добро познавање на пазарот. И ако сепак се појави проблематичен плаќач, претпријатието може да го блокира пристапот кон платформата - брзо средство за притисок, кое и интернационално многу добро функционира.

 

Силни во протокот на информации

Покрај тоа, Мијатов го цени и добриот проток на информации кај TimoCom како и некомплицираната псотапка при процесот на наплата на долгови. Тука постојат јасни правила: Откако ке поминат 30 дена по доспевањето на фактурата а должникот безуспешно е опоменат, TimoCom го превзема случајот на наплата на долгови со официјална службена дозвола.  Вработените на фирмата за софтвер тогаш им даваат на оштетените клиенти најбрзо што е можно информација и тоа на сите јазици, дали можат да се надеваат на парите или не.  Вака може да се избегне скап судски спор.  За да се стапи во акција, оштетениот мора да го исполни  формуларот за наплата на долгови како и да ги испрати до TimoCom сите транспортни документи релевантни за случајот. Тука се вбројуваат копии од фактурите за пружената транспортна услуга, транспортниот налог, потврдата за испорака како и сроведените опомени.  За ова Мијатов вели: "Со исполнување на формуларот за наплата на долгови направен е првиот чекор. Со тоа започнува целиот процес и не се губи непотребно време во бескрајна дискусија со должникот. Бидејќи тоа може да биде катастрофално за сопствениот бизнис“.

 

Со јасни правила до успех

Божана Ман се грижи во TimoCom Управување со Долгови за клиентите од земјите од некогашната Југославија. Пред сè, нејзе и е битно при пријавувањето на услугата за наплата на долгови, реално да се проценат можностите. „ Со плаќање на одредена провизија,  која се пресметува во зависност од успехот т.е висина на побарувањето, најпрвин стапуваме во контакт со должникот. Потоа постојат неколку можни сценарија. Вака се големи шансите, должникот да реагира и да ги помири побарувањата. Но можно е и да нема реакција или да се добие противбарање“, заклучува колешката.    Кај приближно 88% од случаевите постапката се одвива позитивно и следи наплаќање. Во останатиот дел од случевите, клиентите на TimoCom добиваат вонсудска конечна одлука. Судски тужби, испитување на сведоци или присилни наплати не се дел од нашите задачи“, објаснува г-ѓа Ман.

 

Превентивни мерки може да помогнат

Господин Мијатов и понатаму е уверен во начинот на работење на TimoCom, своите клиенти однапред да ги подржува преку својата изградена безбедносна мрежа TC Secure. Целта е, да им се тргне во пресрет на проблематичните плаќачи. Ако на пример станува збор за транспортна фирма, тогаш постои едно основно правило, да се верифицира налогодавачот. Би требало да се провери на пример, дали факс бројот т.е имејл адресата, од која е испратен налогот е идентична со наведената адреса од налогот. Дополнително може да се побараат извештаи за бонитет и економската состојба или да се провери дали наведениот матичен број одговара со тој на фирмата. Ова се само некои од многуте превентивни мерки со кои се добива одредена сигурност во вска со деловниот партнер. „Се разбира и понатаму помага целиот TimoCom тим,  како на пример  со споредба на податоците помеѓу тие од налогот на соодветниот TimoCom клиент и базата со податоци со клиенти на TimoCom“, потсетува г-ѓа Ман.

Веќе со години фирмата Агрорит д.о.о ги почитува овие совети и правила. Наша главна цел е, нашите клиенти да бидат колку што е можно позадоволни. Тоа го нуди TimoCom и со CashCare управувањето со долгови. Повеќето од нашите барања на овој начин можат да се реализираат брзо и некомплицирано. Тоа е многу битно во транспортната дејност затоа што се работи брзо - бидејќи времето е пари.“

Повеќе информации за TimoCom ќе најдете на http://www.timocom.com/berza-na-stoki

Автор:

Tina Pandza

TIMOCOM на:

Контакт комуникација на фирмата

Communications

TIMOCOM GmbH

Timocom Platz 1

DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 59 24
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.