TimoCom Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.


TimoCom мобилен

Апликација за таблети и паметни телефони. Мобилна употреба на целиот TimoCom

Најголемата транспортна платформа на Европа можете секогаш и насекаде да ја имате крај себе. Многу е едноставно: Преземете ја апликацијата TimoCom транспортен барометар – таа е Вашиот мибилен пристап до сите претплатени производи на TimoCom! Без разлика дали се работи за транспортна берза, платформата за тендери, платформата за следење на возила, берзата на складишта или транспортен именик – со оваа апликација можете да се логирате на Вашата TimoCom сметка додека сте на пат и да диспонирате од секаде.*

AppStores QR-Code

Вашите предности<

Целосен пристап до Вашата TimoCom сметка, и додека сте на пат
Можност веднаш да се реагира на деловните шанси, во секое време
Мобилно барање на утовари и понуда на утовари низ цела Европа
Благодарение на одредувањето на положбата на возилото преку GPS, секогаш знаете каде се наоѓаат вашите возила, без разлика каде сте во моментот
Учество во секое време на транспортни тендери
Флексибилно понудување на складишни површини брзо пронаоѓање на слободни складишта
Мобилно вмрежување благодарение на профилите на фирмите за транспорт и логистика во TC Profile®

Секогаш и насекаде активни на пазарот

Мобилна употреба на целиот TimoCom – Апликација Транспортен барометар

Мобилниот пристап на TimoCom е интегриран во апликацијата транспортен барометар. Со тоа Ви стојат на располагање и актуелните податоци за пазарот од европскиот сектор за товарен патен транспорт. Овозможува подобро да се аргументира, при договарањата на цените на самото место. Со TimoCom мобил во секое време и насекаде сте целосно способни за акција – следната бизнис можност очигледно е на само уште еден клик оддалеченост.

*За употреба преку мобилен уред мора да бидете регистрирани на статичен компјутер. За секој понатамошен краен уред потребна е дополнителна TimoCom сметка.

TimoCom транспортен барометар

Транспортниот барометар ја претставува актуелната понуда на утовари и на капацитетите на утоварниот простор на европскиот транспортен пазар. Тоа е актуелна слика на европските транспортни и логистички зделки. Со тоа, диспонентите можат од канцеларија да проценат каква е состојбата со утовари и утоварен простор во другите земји. а со тоа подобро да реагираат на промените на цените. А со тоа подобро да реагираат на промените на цените како и подобро да ја планираат својата диспозиција. Благодарејќи на релевантноста, транспортниот барометар е силен инструмент за одредување на пазарната цена.

TimoCom транспортен барометар – практичен инструмент за поголема прегледност и транспарентност

Како се добиваат податоците

TimoCom како лидер на европските берзи на утовари и утоварен простор го става на располагање целокупниот материјал со податоци. Дневно се TC Truck&Cargo® објавуваат и до 750.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор од страна на актуелните 120.000 корисници кои безмалку во реално време се визуелизираат на транспортниот барометар.

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.