Заштита со систем

Нашето мото гласи „довербата е добра, контролата е подобра!“ - и ние одиме уште еден чекор понатаму: Не ги проверуваме само новите и постоечките клиенти, туку Ви нудиме и многу други безбедносни услуги.

Login: Пристапот кон Smart Logistics System

Една од најголемите безбедносни опасности кај компјутерите е можното откривање на корисничкото име/лозинката. Поради оваа причина, TIMOCOM не ни доделува лозинки за идентификација. Како клиент на TIMOCOM, преземете го од нас вашиот личен безбедносен пристап или безбедносниот клуч наречен Login. По инсталацијата и активирањето преку вашиот компјутер, имате лесен, овластен пристап до Smart Logistics System.

Дури и ако пристапувате до платформата TIMOCOM преку мобилна апликација, ги имаме истите безбедносни стандарди. На пример, Login апликацијата Транспортен Барометар, заедносо индивидуален ПИН, служи како портал до личниот пристап на TIMOCOM.

Вашите предности:
  • При преземањето добивате личен безбедносен клуч: Login
  • Удобен пристап до системот
  • Овозможување на пристап само за авторизирани корисници
  • Без комбинации на корисничко име/лозинка коишто можат да бидат откриени!

Една од нашите најголеми предности: Техничката безбедност

Безбедносната мрежа на TIMOCOM опфаќа и континуирана инвестиција во најмодерна IBM и Oracle технологија. Како клиент на TIMOCOM со тоа добивате на располагање хајтек платформа од екстра класа, која овозможува брзо и безбедно работење.

Со TIMOCOM нема да доживеете лоши изненадувања: Два дата центри, локациски разделени и независни, на највисоко безбедносно ниво се грижат за тоа да можете да работите без прекини. Бидејќи благодерение на целосните бекап системи, нашите сервери се оптимално достапни и во случај на елементарна непогода , транспортната платформа на TIMOCOM може и понатаму да функционира со вообичаениот квалитет.

Како ИТ специјалист, TIMOCOM нуди:
  • ISO/IEC 27001-печат сертифицирани дата центри кои заштедуваат енергија
  • Безбеден пренос на податоци благодарение на заштитено ССЛ поврзување
  • 24/7 мониторирање и управување со сопствен ИТ оддел
  • Повеќекратно редундантно интернет поврзување
  • Моќен огнен ѕид и повеќеслоен систем за заштита од вируси
  • Сите податоци се „Hosted in Germany“
Hosted in Germany - безбедност на податоците кај TIMOCOM
\“Особено внимателно се однесуваме кон Вашите податоци! Токму затоа TIMOCOM го поседува печатот за квалитет „Hosted in Germany“, Податоците на нашите корисници се чуваат во Германија и со тоа потпаѓаат под германското право - а пред сè на германскиот закон за заштита на податоците, кој важи за еден од најстрогите во Европа.

Марко Хак, Director IT Infrastructure & Services,

Строго регулирано: Пристапот кон TIMOCOM системот

Транспарентно, чисто, компетентно - така изгледаат деловните зделки со TIMOCOM. За да им пружиме најголемо можно ниво на безбедност на нашите клиенти, фирмите кои сакаат да работат со транспортната платформа, мора да исполнат одредени услови. На овој начин повеќе од 130.000 корисници на TIMOCOM се наоѓаат во добри раце, во однос на безбедноста. Овој строг процес на одобрување доведе до тоа, денес да се биде клиент на TIMOCOM е и квалитетен аспект.

Безбедност на пазарот на дневна понуда на утовари и пазарот на долгорочни договори
  • По правило, пристап до берзата е по 6 месеци од постоењето на фирмата
  • Проверка на важни деловни документи пред склучување на договорот
  • Проверка на секој нов клиент
  • Постојана проверка на клиентите и по склучување на договорот

Заедно до реализирање на вашето право

Во секојдневната работа, се случува повремено фактурите да не се платат на време. За овој случај, во TIMOCOM се наоѓа одделот Inkasso International (меѓународна наплата на долгови). Тие стапуваат во акција брзо и некомплицирано и расчистуваат дали уште може да се смета на парите или не. Предност на TIMOCOM е, на пример, дека консултацијата со меѓународни клиенти се врши на мајчин јазик.

Покрај тоа, нашата служба за наплата на долгови има уште една дополнителна вредност: Поради ова, само претежно реномирани компании ќе се обидат да се приклучат на мрежата на ТИМОКОМ.

Дознајте повеќе >

Со претходна проверка на сигурно

Нашите клиенти треба секој ден ефикасно и безбедно да го користат TIMOCOM системот - тоа е нашата обврска. Бидејќи трансакциите се реализираат директно помеѓу деловните партнери, се разбира дека е потребна деловната претпазливост од секоја страна поединечно.

Инфографикон за TIMOCOM Identify
Проверка на идентитетот на деловниот партнер:
  • Да се побара соодветната понуда од TIMOCOM системот во форма на копија од потенцијалниот деловен партнер. Така директно може да проверите дали тој самиот има пристап до Smart Logistics System.
  • Побарајте го во деловниот именик профилот на Вашиот деловен партнер. Со помош на функцијата за документи би требало да бидат поставени документите кои служат за идентификација.
  • Споредете ги податоците во поставените документи со тие кои се наведени во профилот на фирмата во деловниот именик.
  • Споредете ги податоците на контакт лицата, на пример дали името, телефонскиот број и Имејл адресата се исти со наведените во профилот на фирмата.

Ако и по контролата сè уште имате сомнеж во податоците на деловниот партнер, TIMOCOM Identify ве поддржува при идентификацијата на потенцијалниот партнер.

Што ви е потребно за налогот за идентификација:
  • Копија од испратената понуда од страна на деловниот партнер од TIMOCOM системот
  • Копија од документите кои се поставени на профилот на фирмата т.е добиените документи од фирмата.
  • Целосно пополнет формулар за налог со наведени причини за вашата загриженост
Комплетната документација да биде испратена по e-пошта или факс до TIMOCOM:

+49 211 88 26 14 00

info.mk@timocom.com

Преземете го формуларот (PDF, 792 kB)

Тимот за идентификација на TIMOCOM ќе потроши најмногу 5 работни часа за сеопфатна бесплатна проверка. Одговорот следи писмено - во работни денови од 08:00 часот до 17:00 часот.

Што можете самите да направите за побезбедни деловни зделки

Со промислената, повеќедимензионална безбедносна мрежа TIMOCOM веќе прави многу за вашето деловно секојдневие да се одвива без проблеми. И Вие самите можете со едноставни средства и мерки да придонесете Вашата безбедност значително да се подобри. Тука Ви даваме неколку корисни совети.

Вашиот список за проверка за проверка на нови деловни партнери

Вашиот список за проверка на нови деловни партнери

Однапред, најважните правила за чисти деловни зделки

TIMOCOM стандардно ги проверува своите нови клиенти пред да добијат пристап до првиот Smart Logistics System во Европа. Со тоа Ви вршиме голем дел од работата однапред. Но и Вие можете да направите нешто за безбедноста.

Доволно е да почитувате и само неколку чекори и ќе го намалите ризикот за „нечисти“ зделки уште и пред склучувањето на договорот. Затоа TIMOCOM состави список со најважните задачи за проверка на новите деловни партнери. Понатамошни совети за избегнување на кражби на утовари ќе најдете во следниот прилог за европската иницијатива на TIMOCOM und SCHUNCK.

Список за проверка на нови деловни партнери
Безбедносна проверка за избегнување на кражби на утовари

Безбедносна проверка за избегнување на кражби на утовари

Со овој список за проверка ефикасно ја заштитувате вашата компанија од измама

Црните овци не се нов феномен во транспортната индустрија. Ново е тоа што измамниците се сè побезобразни. Затоа е уште поважно да се преземат средства и мерки кои ќе помогнат во спречувањето на измами и кражби.

Во заедничка соработка на TIMOCOM GmbH и OSCAR SCHUNCK AG & CO. KG развија сеопфатен список за проверка за фирмите, која им помага да можат однапред подобро да го проверат идентитетот на нивните деловни партнери уште пред склучување на договор. Им препорачуваме на соодветните одговорни соработници да го преземат безбедносниот формулар кој може да се пополни и со негова помош врз основа на поставените прашања да го проверат превозникот по однос на неговата сериозност.

Список за проверка за избегнување на кражби на утовари
нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе