skip navigation

Преглед на безбедносната мрежа

Безбедноста и заштитата на нашиот систем имаат многу висок приоритет за нас. Затоа ги проверуваме и новите како и постојните клиенти и ви нудиме, како корисник на Smart Logistics систем, многу други безбедносни услуги.

Постојан пристап кон Smart Logistics системот

Како клиент на TIMOCOM, од нас го добивате личниот безбедносен пристап, односно индивидуален безбедносен клуч. По инсталацијата и активирањето преку вашиот компјутер, имате лесен, овластен пристап до Smart Logistics системот.

И ако имате мобилен пристап на Smart Logistics системот преку мобилна апликација, ги употребуваме истите безбедносни стандарди. Добивате пристап до вашата лична сметка на TIMOCOM со индивидуален PIN и можете да ги користите апликациите на системот.

Вашите предности:
  • Добивање на личен безбедносен клуч за десктоп апликацијата
  • Удобно и безбедносно пријавување
  • Мобилен пристап до системот преку Апликација
  • Овозможување на пристап само за авторизирани корисници

Една од нашите најголеми предности: Техничката безбедност

Безбедносната мрежа на TIMOCOM опфаќа и континуирана инвестиција во најмодерна IBM и Oracle технологија. Како клиент на располагање добивате Smart Logistics систем кој овозможува брзо и безбедно работење.

Со TIMOCOM нема да доживеете лоши изненадувања: Два дата центри, локациски разделени и независни, на највисоко безбедносно ниво се грижат за тоа да можете да работите без прекини. Бидејќи благодерение на целосните бекап системи, нашите сервери се оптимално достапни и во случај на елементарна непогода, ти со тоа Smart Logistics системот може и понатаму да функционира со вообичаениот квалитет.

Како ИТ специјалист, TIMOCOM нуди:
  • ISO/IEC 27001-печат сертифицирани дата центри кои заштедуваат енергија
  • Безбеден пренос на податоци благодарение на заштитено ССЛ поврзување
  • 24/7 мониторирање и управување со сопствен ИТ оддел
  • Повеќекратно редундантно интернет поврзување
  • Моќен огнен ѕид и повеќеслоен систем за заштита од вируси
  • Сите податоци се „Hosted in Germany“
Hosted in Germany - безбедност на податоците кај TIMOCOM
Особено чувствително управуваме со вашите податоци Токму затоа TIMOCOM го поседува печатот за квалитет „Hosted in Germany“, Со тоа потпаѓаат под германското право - а пред сè на германскиот закон за заштита на податоците, кој важи за еден од најстрогите во Европа.“

Марко Хак, Director IT Infrastructure & Services,

Строго регулирано: Пристапот кон Smart Logistics System

Транспарентно, чисто, компетентно - така изгледаат деловните зделки со TIMOCOM. За да им пружиме најголемо можно ниво на безбедност на нашите клиенти, фирмите кои сакаат да работат со транспортната платформа, мора да исполнат одредени услови. На овој начин повеќе од 135.000 корисници на TIMOCOM се наоѓаат во добри раце, во однос на безбедноста. Овој строг процес на одобрување доведе до тоа, денес да се биде клиент на TIMOCOM е и квалитетен аспект.

Безбедност на пазарот на дневна понуда на утовари и пазарот на долгорочни договори
  • По правило, пристап до берзата е по 6 месеци од постоењето на фирмата
  • Проверка на важни деловни документи пред склучување на договорот
  • Проверка на секој нов клиент
  • Постојана проверка на клиентите и по склучување на договорот

Заедно до реализирање на вашето право

Во секојдневната работа, се случува повремено фактурите да не се платат на време. За овој случај, во TIMOCOM се наоѓа одделот Inkasso International (меѓународна наплата на долгови). Тие стапуваат во акција брзо и некомплицирано и расчистуваат дали уште може да се смета на парите или не. Предност е и тоа на пример, дека консултацијата со меѓународни клиенти се врши на мајчин јазик.

Покрај тоа, нашата меѓународна служба за наплата на долгови има уште една дополнителна вредност: Поради ова, само претежно реномирани компании ќе се обидат да се приклучат на мрежата на ТИМОКОМ.

Дознајте повеќе >

Со претходна проверка на сигурно

Нашите клиенти треба секој ден ефикасно и безбедно да го користат Smart Logistics системот - тоа е нашиот налог. Бидејќи трансакциите се реализираат директно помеѓу деловните партнери, се разбира дека е потребна деловната претпазливост од секоја страна поединечно.

Проверка на идентитетот на деловниот партнер:

  • Од потенцијалниот деловен партнер да се побара соодветната понуда од Smart Logistics системот во форма на копија. Така директно може да проверите дали тој самиот има пристап до системот.
  • Побарајте го во деловниот именик профилот на Вашиот деловен партнер. Со помош на функцијата за документи би требало да бидат поставени документите кои служат за идентификација.
  • Споредете ги податоците во поставените документи со тие кои се наведени во профилот на фирмата во деловниот именик.
  • Споредете ги податоците на контакт лицата, на пример дали името, телефонскиот број и Имејл адресата се исти со наведените во профилот на фирмата.

Ако и по контролата сè уште имате сомнеж во податоците на деловниот партнер, TIMOCOM Identify ве поддржува при идентификацијата на потенцијалниот партнер.

Што ви е потребно за налогот за идентификација:

  • Копија од испратената понуда од страна на деловниот партнер од системот.
  • Копија од документите кои се поставени на профилот на фирмата т.е добиените документи од фирмата.
  • Целосно исполнет формулар со наведување на причините за Вашиот сомнеж.

Комплетната документација да биде испратена по e-пошта или факс до TIMOCOM:

+49 211 88 26 14 00

info.mk@timocom.com

Преземете го формуларот (PDF, 792 kB)

Тимот за идентификација на TIMOCOM ќе потроши најмногу 5 работни часа за сеопфатна бесплатна проверка. Одговорот следи по писмен пат - во работни деновиод 08:00 до 17:00 часот.

Што можете самите да направите за побезбедни деловни зделки

Со промислената, повеќедимензионална безбедносна мрежа TIMOCOM веќе прави многу за вашето деловно секојдневие да се одвива без проблеми. И Вие самите можете со едноставни средства и мерки да придонесете Вашата безбедност значително да се подобри. Тука Ви даваме неколку корисни совети.

Заедничка активна борба против кражби на утовари.

Проверка на синџири за снабдување и отстранување на слабите точки

Пет компании и институции здружија знаење и нудат активна поддршка заедно со синџирот на снабдување на компаниите вклучени во транспортот и возачите.

Целта: Разјаснување и сензибилизација за ризикот од кражба на утовари, развојот на практични контра-стратегии и активна поддршка во спроведувањето на безбедносните мерки

Низ целата Европа, кражбите на утовари годишно изнесуваат над 8 милијарди евра. За компаниите, одложените или неуспешните испораки често резултираат со загуби во производството и откажани нарачки. Возачите на камиони се изложени на зголемен ризик. При секој петти настан, тие се нападнати и нивните животи им се закануваат.

Без активни контрамерки, постои опасност од натамошно зголемување на кражбите од страна на добро организирани криминални банди. Следните институции или компании се здружија заедно во различни точки во синџирот на набавки за конкретно да ги поддржат засегнатите фирми и возачи:

  • Државна канцеларија за криминалистичка полиција на Долна Саксонија
  • Здружение за безбедност во економијата на Северна Германија (VSWN)
  • Teleroute и TIMOCOM, Провајдери на водечките транспортни берзи
  • HDI-Gerling Industrie, долгогодишен осигурител на индустријата и транспортот

Контра стратегии за намалување на ризикот може да започнат во различни области, како што се на пример:

  • Во зависност од видот на утоварот и релацијата, соодветното возило треба да биде опремено со соодветни безбедносни системи. Во принцип, мора да се осигури дека возилото е безбедно и подготвено за возење.
  • Информациите за транспорт не треба да се разменуваат во присуство на неовластени трети страни. Колку е помал бројот на носители на информации, носители и интерфејси долж синџирот на снабдување, толку е помал ризикот од злоупотреба на податоците.
  • Возачите треба да се престојуваат во оградени и осветлени простори за одмор и места за паркирање, особено за подолги паузи и ноќевање. Соодветните места за паркирање треба да бидат одредени веќе при планирање на релацијата.
  • За време на транспортот не може да се земат трети лица. Транспортот треба да се следи низ целиот процес, така што ќе се гарантира постојан проток на комуникација помеѓу контролниот центар и возачот.
Вашиот список за проверка за проверка на нови деловни партнери

Вашиот список за проверка на нови деловни партнери

Однапред, најважните правила за чисти деловни зделки

TIMOCOM стандардно ги проверува своите нови клиенти пред да добијат пристап до првиот Smart Logistics систем во Европа. Со тоа Ви вршиме голем дел од работата однапред. Но и Вие можете да направите нешто за безбедноста.

Доволно е да почитувате и само неколку чекори и ќе го намалите ризикот за „нечисти“ зделки уште и пред склучувањето на договорот. Затоа TIMOCOM состави список со најважните задачи за проверка на новите деловни партнери. Понатамошни совети за избегнување на кражби на утовари ќе најдете во следниот прилог за европската иницијатива на TIMOCOM und SCHUNCK.

Список за проверка на нови деловни партнери
Безбедносна проверка за избегнување на кражби на утовари

Безбедносна проверка за избегнување на кражби на утовари

Со овој список за проверка ефикасно ја заштитувате вашата компанија од измама

Црните овци не се нов феномен во транспортната индустрија. Ново е тоа што измамниците се сè побезобразни. Затоа е уште поважно да се преземат средства и мерки кои ќе помогнат во спречувањето на измами и кражби.

Во заедничка соработка на TIMOCOM GmbH и OSCAR SCHUNCK AG & CO. KG развија сеопфатен список за проверка за фирмите, која им помага да можат однапред подобро да го проверат идентитетот на нивните деловни партнери уште пред склучување на договор. Им препорачуваме на соодветните одговорни соработници да го преземат безбедносниот формулар кој може да се пополни и со негова помош врз основа на поставените прашања да го проверат превозникот по однос на неговата сериозност.

Список за проверка за избегнување на кражби на утовари
нагоре