skip navigation

Вашето едноставно решение за неплатени фактури

Кога ќе помине рокот на плаќање на фактурата, услугата за наплата на долгови на TIMOCOM може да ви помогне да ги добиете вашите пари.

Како неутрален посредник, за секој случај советуваме индивидуално и кај најголемот број на случаеви успеваме да ги наплатиме отворените побарувања. Адвокатот на TIMOCOM, Александер Оебел и неговиот тим имаат успешност од 86%.

Ние посредуваме низ цела Европа на 27 јазици. Во случај на задоцнето плаќање на вашите деловни партнери, можете да се потпрете на компетентната и сигурна помош на тимот за наплата на долгови на TIMOCOM. Барањата на нашите корисници се решаваат брзо, ефтино и вонсудски, за да не дојде до судски спорови. Праведноста и разбирањето обезбедуваат вашите деловни врски да продолжат да постојат. Меѓународната услуга за наплата на долгови е фер и консеквентен партнер во управувањето со побарувања.

Побарајте ја сега услугата за наплата на долгови

86%

Стапка на успешност во 2019

Ова го нуди меѓународната услуга за наплата на долгови на TIMOCOM

  • едноставно и удобно онлајн аплицирање
  • од 2003 година со службено регулаторно одобрување
  • компетентно советување и поддршка при наплатата на вашето побарување
  • Поддршка низ цела Европа на 27 јазици
  • брзо и дипломатско решение во управувањето со побарувањата
  • со над 86% успешност во сите случаи

Вака може да ја побарајте услугата за наплата на долгови на TIMOCOM:

Превземете го налогот и пополнете го

Пополнетиот образец да се испрати на: inkasso@timocom.com или по факс на +49 211 88 26 58 00

Нашиот меѓународен тим за наплата на долгови ќе ве контактира и ќе го превземе останатото – на вашиот мајчин јазик!

Ви нудиме . Покрај основната цена од 20 евра, другите трошоци зависат од висината на побарувањето. Ова е во рамките на германските закони за давачки. Во само неколку чекори, пресметајте го надоместокот заснован на резултатот, пред да го испратите налогот.

Калкулатор на трошоци

Ве молиме најпрво одберете ја соодветната валута и потоа внесете го износот кој го побарувате.

0 €

Најчесто поставувани прашања меѓународна наплата на долгови -TIMOCOM

Едноставно превземете го тука налогот за наплата на долгови и испратете го пополнет по Е-пошта наinkasso@timocom.com или на факс +49 211 88 26 58 00. Потоа ќе ве контактираме или може да ни се јавите јавите директно на +49 211 88 26 68 00.

Да, услугата за наплата на долгови е на располагање за сите клиенти на TIMOCOM. Ако сè уште не сте потпишале договор, можете да се регистрирате овде.

Не. Нашиот тим ќе биде среќен да ви помогне со сите отворени побарувања кои не биле создадени со користење на Smart Logistics системот. Сега испратете ни го вашиот случај за наплата на долгови.

Во 2019 година успеавме успешно да посредуваме во повеќе од 86% од случаите.

Наплаќаме надомест за обработка од 20,00 €. Само во случај на успех, наплаќаме дополнителна премија за нашиот ангажман, која зависи од износот на побарувањето. Ова премија е во рамките на германските закони за давачки и пред да се поднесе налогот може да се утврди износот со помош на нашиот калкулатор за надоместоци. .

Во основа, се применуваат правните принципи за штети предизвикани од одложување, соодветно на Директивата на ЕУ 2011/7 / ЕУ. Треба да доведе до тоа, отворените побарувања да се плаќаат што побрзо. Од влегувањето во сила на оваа директива во земјите на ЕУ, се применуваат нови права и обврски во случај на задоцнето плаќање. За доверителите и должниците, важи следново:

Фактурите кон претприемачите автоматски се сметаат за заостанати долгови 30 дена по датумот на доспевање. Условите за плаќање над 60 дена се дозволени само во исклучителни случаи. Ако сепак се дојде до доцнење, доверителот може од должникот да побара одредени трошоци за наплата на своето побарување, како и затезна камата.
Во трошоците за наплата може да се вклучат трошоците за опомени што се резултат на доцнењето на плаќањето, како и трошоците за наплата на долговите, адвокат или известувањета за опомените. За доверителите, тоа значи дека тие ќе можат да си ги повратат трошоците за услугата за наплата на долгови. Во трошоците што се надоместуваат вклучен е и надоместокот што се плаќа во случај на успех. Ова значи дека доверителот може да бара од должникот да ги плати сите трошоци за наплата, основната такса, вклучително и надоместокот за успех,доколку побарувањето е ненаплатено, а должникот е одговорен за неисполнувањето на обврската.

Важно е овие правила да се применуваат само за фактури

  • кои се засноваат на договорена услуга, значи не за штета или двојно плаќање,
  • каде одложувањето може да се докаже и
  • должникот е со седиште во ЕУ.

Веќе не е потребен потсетник или слично барање за плаќање од страна на доверителот, но може да се направи доброволно и сèуште е многу корисно и препорачано за воопшто не се дојде до ова.

Нашиот тим за наплата на долгови е активен во цела Европа и нашата услуга ви се нуди на следните јазици:

  • Бугарски (BG)
  • Дански (DA)
  • Германски (DE)
  • Англиски (EN)
  • Фински (FI)
  • Француски (FR)
  • Грчки (EL)
  • Италијански (IT)
  • Хрватски (HR)
  • Латвиски (LV)
  • Литвански (LT)
  • Македонски (МК)
  • Холандски (NL)
  • Норвешки (NO)
  • Полски (PL)
  • Португалски (PT)
  • Романски (RO)
  • Руски (RU)
  • Шведски (SV)
  • Српски (SR)
  • Словачки (SK)
  • Словенечки (SL)
  • Шпански (ES)
  • Чешка (CS)
  • Турски (TR)
  • Украински (UA)
  • Унгарски (HU)

Да, нашиот тим за наплата на долгови работи и на меѓународен план, пред се низ цела Европа, на вашиот мајчин јазик. Случаите за наплата на долгови во странство не се проблем за нас.

Во случај на банкрот, средствата на должникот обично се ставаат под управа на стечаен суд или надворешен администратор. Тој управува со побарувањата и се грижи за распределба на преостанатите средства. Ова осигурува дека не само доверителите кои се блиски со должникот ќе дојдат побрзо на ред, туку дека сите доверители ќе бидат третираани колку што е можно подеднакво.

Секоја држава има посебна постапка во која доверителот го регистрира своето побарување. Препорачуваме веднаш да го регистрирате побарувањето кај стечајната управа, за да во постапката се сметате како доверител и да не го намалите преостанатиот износ за трошоците на постапката.

Нашата цел е да ги поддржиме доверителите во извршувањето на нивните легитимни побарувања. Во случај на потешкотии кај должникот, на пример може да се склучат договори, како што се плаќања на рати, така што доверителот сè уште ќе ги добие своите пари. Во исто време, TIMOCOM на своите клиентиво Smart Logistics системот им обезбедува доверба дека ќе бидат спречени понатамошните долгови.

Ако корисникот не сака да плати без да даде причина, ова однесување е во спротивност со критериумите за квалитет на TIMOCOM. Затоа не е дозволено да останат во мрежата на проверени клиенти.

Преземете го налогот за наплата на долгови како PDF.

Преземање на формуларот (755 kB)

Inkasso (наплата на долгови)

+49 211 88 26 68 00

+49 211 88 26 58 00

inkasso@timocom.com

Општи услови на работење – Inkasso (наплата на долгови)

нагоре