skip navigation

Hermes Forwards Srl.

Hermes Forwards Srl.

„Имавме многу случаеви каде со Ваша помош успеавме да наплатиме износи повисоки и од 10.000 Евра.“

Csaba Török
Hermes Forwards Srl.

Фирмата Hermes Forwards Srl. е романска транспортна и шпедитерска фирма. Тимот кој се состои од 20 лица, располага со широко и признато искуство на романскиот и европскиот шпедициски пазар. Организацијата е раширена низ цела Романија: постојат претставништва во Букурешт, Темишвар, Дева, Сату Маре и во Миерлуреа. Нивната шпедитерска мрежа гарантира доверлив, развиен и признат квалитет. Располагаат со флота од повеќе од 2000 товарни возила на ден. Меѓу нивните партнери се наоѓаат меѓународни фирми, мали и средни фирми од цела Европа.

TIMOCOM: Дали можете да ни раскажете некој случај, при којшто деловен проблем сте решиле со помош на Inkasso International постапката на ТIMOCOM?

Чаба Торок: Може да разговараме за повеќе успешни приказни, процентот на успешност изнесува точно 93,75 %. Имавме многу случаи каде со Ваша помош успеавме да наплатиме износи повисоки и од 10.000 Евра. Во текот на заедничкото работење, моите колеги научија, да работат заедно со Вашите вработени – со тоа можеме поединечните деликатни случаи уште поефикасно и побрзо да ги завршуваме. Побараниот износ некогаш не пристигнуваа наедеш може и во делови, но и тоа го сметаме за успех.

TIMOCOM: Кога доаѓате до заклучокот на TIMOCOM Inkasso International да му доверите еден предмет кој ги надминува Вашите сопствени сили и капацитети, како може нашата наплата да Ви понуди решение пред да настапат долгорочни правни преговори?

Чаба Торок: На Inkasso International одделот му даваме налог секогаш кога рокот на плаќање ќе надмине 30 дена и немаме никаква информација во врска со наплатата. Најчесто бараме нивна услуга во случај со странски клиенти, бидејќи меѓународниот тим може поефикасно да ги обработи странските земји. Како дополнителна услуга се смета и брзата и ефикасна постапка и транспарентната, конкретна и брза комуникација во врска со различните случаи.

нагоре