skip navigation

Mega Pol Trans

Mega Pol Trans се потпира на TIMOCOM Inkasso International

Mega Pol Trans, Eliza Wyrwich

Ефективна поддршка при доспеaни побарувања

Еркрат, 6.9.2017 – Транспортната фирма „Mega Pol Trans“ од Полска ја услужува безмалку цела Европа на различни релации: возат кон Унгарија, Германија, Италија, Белгија, во Холандија и кон Чешка – во зависност каков транспортен налог имаат добиено. Релации има многу, исто така и клиенти и соодветно на тоа и неколку случаи во кои се контактира TIMOCOM Inkasso International, бидејќи при голем број на реализирани превози секогаш постои опасност да дојде до проблеми при наплатата.

Извршени превози, отворени фактури

Елиза Вирвик во Mega Pol Trans од Пила работи во одделот за книговодство, фактурирање и наплата на долгови. „Таму каде што се работи со пари, никогаш не е досадно. Напротив, секогаш има многу емоции. При извршување на транспортните услуги тргаме од правилото дека по испораката на робата и плаќањето ќе биде во договорениот временски рок, кој и така е веќе многу долг. Сепак, тоа не е секогаш случај“, вели Вирвик. Неплаќањето за секоја транспортна фирма е голем проблем: Тековните трошоци се многу високи и ако ваквите случаи зачестат, многу лесно може да се случат финансиски загуби или на крајот да се дојде до финансиски банкрот на фирмата. „Пред да се побара наплата на долговите по судски пат, треба секогаш добро да се размисли: Не е евтино и најчесто трае многу долго. Ние негуваме близок однос со нашите клиенти, но никој не работи бесплатно и секој очекува плаќање за извршената работа. Најпрво се јавуваме и преку е-пошта замолуваме да се плати побарувањето. Ако и тоа не помогне, и барањето почне да се оспорува, тогаш се јавуваме кај TIMOCOM Inkasso International. Имаме големо искуство во соработката со TIMOCOM, бидејќи постојат месеци во кои на TIMOCOM им доделуваме повеќе налози за наплата на долгови. Многу ја цениме оваа услуга бидејќи процентот на успешност е и до 86 проценти. Освен тоа, прашање е и на математика: Ако сумата е голема и се сака вонсудски да се реши спорот, тогаш се исплаќа да се искористи оваа можност. На овој начин заштедуваме време и пари. Ако сумата е мала, тогаш нашиот интерес е уште поголем, за да нема дополнителни трошоци. И бидејќи TIMOCOM Inkasso International не е скапо,тоа е најоптималниот начин да се наплатат побарувањата или да се добијат инфомации дали воопшто постои можност износот да се наплати“ вели Вирвик.

Корисна соработка со TIMOCOM

TIMOCOM Inkasso International, раководена од Александар Оебел, адвокат на TIMOCOM, станува активна во моментот кога ќе се надмине рокот за плаќање и сите напори на клиентот се залудни. Тимот има близок контакт со доверителот, така што тој има можност директно да го селди напредокот. Брзото делување, пристапот до голем извор на податоци и искуството на TIMOCOM Inkasso International овозможува или да се наплати побарувањето без одолговлекување или да се изнајде најдобриот начин на активности ако овој пат не е можен. „Тоа е многу важно, бидејќи управувањето со долгови е дел од активностите на фирмата. Не вреди да бидеш оставен сам на себе. Оваа цена на безгрижност може да биде многу висока“, вели Вирвик.

Последици за неморалните плаќачи

Ефикасноста на TIMOCOM Inkasso International се темели на еден едноставен механизам: Ако должникот, и покрај опомените од доверителот или и покрај напорите од страна на TIMOCOM не се предомисли и не го регулира барањето, ќе го изгуби пристапот до платформата на TIMOCOM. Ова е една форма на заштита на интересите на повеќе од 135.000 корисници на TIMOCOM. TIMOCOM дава големо значение на фер и чесност во бизнисот. За еден нечесен претприемач можеби тоа е болно, но како за неопходно однесување на транспортната платформа, тоа е ефикасна дисциплинска мерка. Конечно, оваа последица ги обезбедува високите стандарди на платформата на TIMOCOM.

Транспортната платформа има меѓународен карактер. За г-ѓа Вирвик е многу важно непријатните обрски да бидат завршени од страна на експерти, на нивниот мајчин јазик и без неопходноста да се назначи странски адвокат. TIMOCOM Inkasso International е како дополнителен оддел во Mega Trans Pol, којшто се грижи за тоа работите да течат како што треба“, објаснува таа. Работното време на г-ѓа. Вирвик завршува во 16 часот, но главата и е исполенета со работи кои уште треба да бидат завршени како и со тековниот план за утре, нели се вели дека транспортот никогаш не мирува. Но, благодарение на TIMOCOM Inkasso International, има еден проблем помалку.

нагоре