skip navigation

MEM BAU Srl.

MEM BAU Srl.

„Нашата фирма е целосно задоволна со услугата Inkasso International на TIMOCOM а јас само можам да ја препорачам на клиентите на TIMOCOM! На фирмите им обезбедува еден вид на безбедност, тие знаат дека се во добри раце.“

Кити Хатвани,
MEM BAU Srl.

MEM BAU Srl. е основана во 2005 година како семејна фирма. Фирмата денес е еден од најважните актери на романскиот пазар. Како застапник на големи градежни производители продава повеќе од 10.000 производи.

Во 2013 година фирмата отвори нов оддел, MEM BAU Express, кој благодарејќи на своето стручно работење, се разви во динамична шпедитерска фирма. Главна дејност е национална и меѓународна шпедиција чиј квалитет се гарантира со висок квалитет преку постојаното зголемување на сопствената флота.

Ја интервјуиравме менаџерот за логистика Кити Хатвани за TIMOCOM меѓународна наплата на долгови.

TIMOCOM: Од кога ги користите нашите услуги за наплата на долгови?

Кити Хатвани: Уште при склучувањето на договорот во 2013 дознавме за услугата за наплата на побарувања. По половина година за првпат побаравме услуга од одделот за наплата на долгови на TIMOCOM, со резултат успешна наплата на побарувањата. Има неколку фирми, кај кои само на овој начин може да се наплатат побарувањата, но ние и покрај тоа соработуваме со нив, бидејќи знаеме дека на овој начин во секој случај ќе ги наплатиме побарувањата.

TIMOCOM: Дали може да се пофалите со големи успеси, или имате некоја конкретна успешна приказна?

Кити Хатвани: Секое побарување наплатено преку Inkasso International го вреднуваме како успех. Би сакала да го истакнам случајот што би го нарекла делумна успешна приказна, бидејќи договорот со дадениот партнер беше прекинат пред наплатата на целото побарување, но сепак во рок од 2 месеци со ваша помош беше наплатено 65% од вкупниот износ, повеќе од 6000 €.

TIMOCOM: Какво искуство имате со нашата услуга?

Кити Хатвани: Транспротен налог кој нема да се наплати е безвреден. Затоа е многу важно платформата која што ја користиме, да има оддел кој ќе ја олесни наплатата на неплатените износи. Нашата фирма е целосно задоволна со услугата Inkasso International на TIMOCOM а јас само можам да ја препорачам на клиентите на TIMOCOM! На фирмите им обезбедува еден вид на безбедност, тие знаат дека се во добри раце.

нагоре