skip navigation

Spedition Günther Andres e.K.

Убавото чувство да не се биде сам

Spedition Günther Andres e.K.

„100 % сигурност не постои никогаш, ама благодарение на канцеларијата за наплата на долгови на TIMOCOM, на крајот најголемиот број на зделки можеме да ги завршиме успешно. Оваа услуга позитивно и со задоволство можам понатаму да ја препорачам“.

Patrick Andres Spedition Günther Andres e.K.

„Една канцеларија за наплата на долгови воопшто и не би требала да постои затоа што не смее да има неплаќачи“, вели Патрик Андрес, дипл. економист и раководител на шпедицијата Günther Andres e.K. од Ханау. “За жал тоа не функционира секогаш така во реалноста. Во најлош случај остануваат ненаплатени фактури. И токму тогаш е од помош да се вклучи независна канцеларија за наплата на долгови. Таа е тогаш најбрзо во можност, непријатниот случај на наплата на долгови, да го реши во корист на оштетениот. Фирмите во секој случај треба ова да го имаат во предвид пред да се одлучат за комплицираниот долг и скап судски пат“, така размислува искусниот екомомист.

Во делот со неморални деловни партнери, Патрик Андрес има веќе поголемо искуство. Тој е раководител на шпедиција од средна големина и се разбира многу добро во испраќањето на утовари и организацијата поврзана со тоа. Кога ќе се помисли колку стоки дневно треба да бидат транспортирани, тогаш станува јасно дека тој процес не секогаш се одвива непречено. Така дури и кај сериозни фирми понекогаш исчезнуваат фактури кои потоа не се плаќаат навремено. Причините за тоа се на пример, дека не се почитува доследно сметководствениот процес, фактурите кои биле во прилог на разни други документи едноставно исчезнале или настанале недоразбирања при договарањата помеѓу одделни одделенија. 

Покрај тоа, постојат и т.н. "црни овци", кои намерно се однесуваат нефер и плаќаат само под притисок. Дури и ако таквите случаи, споредено со севкупниот обем на работа, се многу ретки, во "најлош случај" може да Ви помогне независна агенција за наплата на долгови да си ги наплатите парите со вонсудско решение. Андрес веќе има контактирано различни институции, како Creditreform или други канцеларии за наплата на долгови како и адвокати. Најпосле пред три години се одлучил за услугата за наплата на долгови на TIMOCOM Soft- und Hardware GmbH. Во меѓувреме, веќе десет години е член кај фирмата од Диселдорф.

Кратки патишта и брзи одговори

Кај TIMOCOM, Патрик Андрес посебно го цени краткото време на реакција за разјаснување на случаите за наплата на долгови и тоа го објаснува вака: „Тоа е благодарение на тоа што TIMOCOM со нивната берза на утовари и утоварен простор се наоѓа во центарот на случувањата и има познавања на националниот како и интернационалниот пазар. Освен тоа TIMOCOM има, благодарение на нивните платформи за објави, моќна алатка во рацете. Фирмата може на неморалните плаќачи да им го забрани пристапот на берзата, што и интернационално е добро средство за притисок. Така понекоја црна овца однапред ќе се исплаши од користењето на софтверот и нема воопшто ниту да се обиде да биде член.“

Силни кај протокот на информации

Покрај тоа, Андрес го цени и добриот проток на информации кај TIMOCOM како и некомплицираната постапка при процесот на наплата на долгови. Тука постојат јасни правила: Откако ке поминат 30 дена по доспевањето на фактурата, а должникот безуспешно е опоменат, TIMOCOM го презема случајот на наплата на долгови со официјална службена дозвола. Вработените на фирмата од Диселдорф им даваат на оштетените клиенти најбрзо што е можно информација и тоа на мајчин јазик, дали можат да се надеваат на парите или не. Ова им ја заштедува одлуката дали да трошат непотребни пари на адвокати и судски постапки. За да се стапи во акција, оштетениот мора да го исполни формуларот за наплата на долгови како и да ги испрати до TIMOCOM сите транспортни документи релевантни за случајот. Тука се вбројуваат копии од фактурите за пружената транспортна услуга, потврдата за испорака како и спроведените опомени. Андрес е одушевен од ова: „Дури и со задоволство се пополнува формуларот за наплата на долговите, бидејќи се знае: Сега конечно нешто ќе се случува, а нема веќе да се биде утешуван, додека другите институции најпрвин само дискутираат со неморалниот плаќач. Тука се губи непотребно време, што може да биде кобно за сопствениот бизнис“. 

Формуларот за наплата на долгови кој што треба да биде испратен, на клиентите им е на располагање за превземање на www.timocom.com во рубриката безбедност, во делот TC Cash Care. Или едноставно се внесува зборот „Наплата на долгови“ во горниот десен прозорец за пребарување. За време на целокупната псотапка за наплата на долгови се одвива тесна размена на информации помеѓу TIMOCOM и оштетената страна.

Добар сооднос на цена и квалитет

Заклучокот на Патрик Андрес е многу позитивен: „Мислам дека услугата за наплата на долгови на TIMOCOM е безмалку перфектна. Процентот на успешност е висок, комуникацијата со одделот за наплата на долгови е за пример и односот на цената и квалитетот одговара на национално како и интернационално ниво.“ TIMOCOM пресметува за еден налог еден минимален износ за обработка. Ако налогот успешно е затворен, а тоа во последните години успеало во над 85% од сите случаи, давачката за обработка се додава на наградата за успешност. Наградата за успешност се пресметува врз основа на законските прописи од законот за адвокатски награди во Германија (RVG). За ова повеќе може да се прочита на Меѓународна услуга за наплата на долгови на TIMOCOM.

Превентивни мерки против недоверливи деловни партнери

За Патрик Андрес и понатаму одлучувачко е тоа што TIMOCOM своите клиенти однапред ги поддржува преку својата изградена безбедносна мрежа TC Secure. Овде се сорджани многубројни безбедносни совети кои може да се најдат на www.timocom.com под рубриката „Безбедност“. Целта е да им се тргне во пресрет на проблематичните плаќачи. Ако на пример станува збор за транспортна фирма, тогаш постои едно основно правило, да се верифицира налогодавачот. Би требало да се провери на пример, дали факс бројот т.е Имејл адресата, од која е испратен налогот е идентична со наведената адреса од налогот. Дополнително може да се побараат извештаи за бонитет и економската состојба кај институции како на пр. Creditreform. Освен тоа постои и можноста на интернет страната www.handelsregister.de да се провери, дали наведениот регистарски број е идентичен со тој на фирмата. 

Ова се само некои од многуте превентивни мерки со кои се добива одредена сигурност во вска со деловниот партнер. Една понатамошна и добра форма на заштита, е преку итниот телефон на TIMOCOM Assist да добиете информации за точноста на податоците на клиентот. Тука секојдневно, од понеделник до петок од 08.00 до 17.00 часот на бројот +49 211 88 26 88 26 Ви стои на располагање соработник кој го зборува Вашиот јазик, кој може да изврши споредба на податоците од налогот на соодветиот клиент на TIMOCOM со базата на податоци на TIMOCOM. 

Иако Патрик Андрес по правило ги почитува сите совети во својата секојдневна работа, во ретки случаеви се случува да дојде до зделки со нефер клиенти. За ова, го има следното мислење: „100 % сигурност не постои никогаш ама благодарение на канцеларијата за наплата на долгови на TIMOCOM, на крајот најголемиот број на зделки можеме да ги завршиме успешно. Оваа услуга позитивно и со задоволство можам понатаму да ја препорачам“.

нагоре