skip navigation

TIMOCOM System: Транспортот да не стане градилиште

Како WEMAS Absperrtechnik GmbH дигитално ги забрзува транспортните налози

TIMOCOM System: Damit Transporte nicht zur Baustelle werden

Erkrath / Gütersloh, 18.04.2019 – сообраќајни столбови, држачи, светилки, потпорници, сообраќајни конуси: Во Германија тешко да се најде градилиште без професионална технологија за оградување од WEMAS. Произведени во Вестфалија, производите на WEMAS се користат низ цела Германија. За логистиката на компанијата тоа значи дека тие често мора да им ги достават нарачките на на своите клиенти во рок од 24 до 48 часа. Брзина, квалитет и сигурност – тоа го ценат клиенти на WEMAS.

Како лидер на пазарот за интегрирани, сертифицирани решенија за технологија за безбедност на патиштата, WEMAS го користи Smart Logistics System на TIMOCOM. Во рок од осум месеци, компанијата можеше да додели 2.221 налози на 855 различни налогоземачи користејќи ја апликација TC Transport Order®. Предходно, WEMAS имаше своја главна шпедиција – но беше незадоволен од нивната работа, па логистичкиот менаџер Стефан Ватлавек одлучи да го користи TIMOCOM.

"Дигиталната обработка на налози ни нуди две основни предности", вели Ватцлавек. Дигитализацијата ја прави неговата компанија конкурентна и ја ослободува од непотребни документи. "Со апликациите наTIMOCOM, ние сме значително побрзи во доделувањето и обработката на нашите транспортни налози", Ватлавек опишува една од предностите. Одлучувачки, сепак, е функцијата за архивирање на транспортните налози.

WEMAS Absperrtechnik GmbH

130 вработени во WEMAS се одговорни за дистрибуција на техниките за обезбедување на работни места за малопродажба и на големо. Од 1971 година, компанијата е специјализирана за производство и продажба на висококвалитетни производи за професионално обезбедување работни места во градежништвото.

"Исто така, би сакале да имаме функција што ни овозможува да доделиме фактури и доказ за извршување директно до соодветниот транспортен налог", е неговата желба до IT одделот на TIMOCOM. Неговата надеж: "За годишната ревизија сите информации ќе бидат на централно место – ова заштедува време и е апсолутна додадена вредност за нас." Но, благодарение на можноста за архивирање, трупањето на класери е веќе нешто од минатото.

Вградената обработка на дигиталните налози во системот обезбедува значително поголема ефикасност. Користењето на оваа апликација ги минимизира напорите за организирање и пребарување. Покрај тоа, предност е што не е потребен потсистем за обработка на налози и повеќе од 127.000 корисници на TIMOCOM не можат да заборават важни информации во налогот поради задолжителните полиња.

За време на обуката на лице место, Стефан Ватцлавек и неговиот колега беа во можност да се запознаат со понатамошни функции во користењето соTC Transport Order®. Така, на неговиот колега Деринг дотогаш сè уште не му беше познат деловниот именик со компании: "На тој начин, на пример, можам да најдам превозници со возила што имаат пренослив виљушкар". Тој, исто така, беше ентузијастички во врска со потрагата по складиште: тој веднаш најде десет соодветни површини. Обуката, исто така, поентираше кај две други теми: Следење на налозите, за да се намали потребата за комуникација со изведувачот за време на транспортот и доделување на редовни релации. Пет превозници можеа да се пронајдат преку тендери, и ќе бидат редовно ангажирани во иднина. За доделувате се користи листа за дистрибуција на е-пошта за да се побараат ценовни понуди од налогоземачите.

Деринг имаше три желби до тимот обучувачи: Прво, превозниците често прашуваат по Е-пошта за ДДВ бројот на WEMAS – додаток во маската ќе го олесни тоа. "Бидејќи веќе го имавме слушнато тоа од некои клиенти, се планира да вметне ДДВ бројот на купувачот до името на компанијата во дневникот на налогот", вели тимот за обука на TIMOCOM. Второ, темата на забраните за возење секогаш е присутен секојдневното работење во WEMAS, и тука тимот може директно да погледне на TIMOCOM TruckBan во врска со меѓународните забрани за возење на камионите. И трето, Деринг се надева дека ќе внесе адреса за испраќање во деловниот именик со цел ова да се користи во формуларот за налози.

Во шпицовите, Деринг ќе може да заштеди половина час дневно штом ќе се постави интерфејсот помеѓу Navision – програмата во која се креираат налозите на WEMAS – и TC Transport Order® . Потоа, со само еден клик, од транспортен налог ќе стане понуда на утовар.

Повеќе информции за WEMAS ќе најдете на www.wemas.de.

нагоре