TIMOCOM Успешна премиера на првиот Smart Logistics System во Европа.

"Животната средина е добитник на годинешниот саем IAA комерцијални возила"

Сподели на ...
25.10.2018

Еркрат/Хановер, 25. Октомври 2018 – 435 светски премиери – еден победник: "Со темите на електромотивност и вмрежување, животната средина е јасен победник на годинешниот саем  IAA комерцијални возила", вели портпаролот на компанијата TIMOCOM Гунар Гбурек. TIMOCOM, исто така, имаше премиера на водечкиот меѓународен саем за транспорт, логистика и мобилност: Со Smart Logistics System, ИТ компанијата за прв пат ја претстави новата стратешка ориентација на својата успешна европска транспортна платформа.

Сподели на ...

"Со Smart Logistics System, ние им нудиме на нашите клиенти пристап до интелигентни IT апликации и услуги за дигитализирање и автоматизирање на нивните логистички процеси преку едноставно кликнување на глувчето", објаснува Гбурек. Притоа Smart Logistics System е неутрална мрежа: "Системот овозможува лесно и сигурно поврзување со повеќе од 40.000 проверени компании од индустријата."  Gburek е убеден дека истотака од тоа профитираа и животната средина:  "Со вмрежување без прекини на медиумите и празнини на информациите, капацитетите низ целиот процес на транспорт можат да се користат многу поефикасно".

Придружниот симбол на новата презентација на TIMOCOM е логото на компанијата, флексибилно и лесно за користење. Во комбинација со новиот слоган "Augmented Logistics" ова стои надредено во однос на проширувањето на опсегот на услугите на повеќе од 127.000 корисници на системот. "Како неутрален и меѓусебно поврзан систем сакаме да им овозможиме на нашите клиенти свет без логистички предизвици", вели Пелажин Мепин, маркетинг директор, опишувајќи ја визијата на компанијата. Ова претставува основа на новата стратешка насока.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе