TIMOCOM na sajmu transport logistic 2019 u Minhenu

Првиот Smart Logistics System во Европа презентира нов Хајлајт

Сподели на ...
10.05.2019

Erkrath, 10.4.2019 - Кога светот на логистиката ќе се најде во Минхен на саемот transport logistic 2019 од 4 до 7 јуни, ИТ компанијата TIMOCOM ќе учествува на овогодинешниот трговски саем мото "One system. One network. One future.“ Посетителите на водечкиот светски  саем ги очекува во халата А5, Штанд 317/418, почетна страница составена според потребите, најнови функции на паметните апликации и двонасочен интерфејс за транспортни налози.

Сподели на ...

„One system. One network. One future.“


Саемот transport logistic е бина за нова светска премиера. TIMOCOM ја користи оваа можност во ексклузивен преглед да ја претстави својата целосно ревидирана почетна страница на системот. За повеќе од 130.000 корисници, тоа значи: интуитивно и структурно користење на паметни апликации во систем кои што им се потребни во транспортниот процес.

Точно за време за почеток на саемот, TIMOCOM исто така ги проширува барањата за транспорт на Smart App со функција која им овозможува на клиентите да дефинираат надредени групи примачи. Тие се бараат автоматски од најмалиот круг (претпочитани даватели на услуги) до најголемите (сите даватели на услуги на системот). Со ова се заштедува време и ги прави секојдневниот процеси многу побрзо.

Што се однесува до дигитализацијата, истото тоа важи и за европската логистика: Интерфејсите се клучна технологија. Затоа TIMOCOM, заедно со добро познати партнери како Cargoclix и Krone Telematics, ја следат заедничката цел да ги направат логистичките процеси низ цела Европа поефикасни преку Smart APIs Tracking и транспортна берза. Ова е од корист и за партнерите во интерфејсот и за нивните клиенти, на пример со користење на GPS податоци или со активно предлагање на понуди на утовари.

Овогодинешните саемски хајлајтс ќе бидат заокружени со двонасочниот интерфејс Smart API барања за трнспорти кој им овозможува на клиентите да стигнат до повеќе од 43.000 потенцијални деловни партнери. Ова се прави преку познатиот кориснички интерфејс на нашиот сопствен логистички софтвер, кој е поврзан со Smart Logistics System. За оваа новина, TIMOCOM со компании Doll + Leiber, Lavid Software, Transdata, C-Information Systems и Logistiqo, доби пет партнери за интерфејс кои профитираат од додадената вредност и кои веќе се наоѓаат во воведна фаза.

 

Во септември минатата година ИТ компанијата од Еркрат во близина на Дизелдорф ја објави стратегиската преориентација во рамките на саемот комерцијални возила ИАА 2018 година. Сега влегуваме во следната возбудлива фаза полна со нови можности во рамките на Smart Logistics System. "Оваа година, особено сме нестрпливи на саемот transport logistic во Минхен. Убедени сме дека со нашите нови развои во апликации и интерфејси, ние преземаме уште еден важен чекор во насока на Augmented Logistics ", изјави портпаролот на компанијата TIMOCOM Гунар Гбурек.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе