TimoCom по 10-ти пат победник на ЕТМ-наградата: Best Brand 2018

Транспортната платформа TimoCom помага при дигитализацијата

Сподели на ...
16.08.2018

Еркрат, 16.08.2018 -  Јубилеj и посебна чест: ИТ фирмата TimoCom присуствуваше на официјалната церемонија на доделување на наградите на издавачката куќа ЕТМ на 21-ви јуни и по 10-ти пат по ред е награден во категоријата "транспортни берзи". Така, понудувачот на најголемата транспортна платформа во Европа продолжува да ја пишува својата успешна приказна која започна уште во 1997 година. Како прв TimoCom производ, транспортната берза е важна компонента на транспортната платформа која што низ годините постојано се развива и сега нуди разни апликации за да го покрие целиот транспортен процес.

Сподели на ...

Оваа година, портпаролот на TimoCom, Гунар Гбурек ја прифати наградата во "Новиот замок" во Штутгарт. Тема на неговиот говор за заблагодарување беше дигитализацијата во рамките на логистичката индустрија и степенот до кој TimoCom е вклучен во развојот на нови решенија:

Добивањето на оваа награда 10-ти пат по ред, ни покажува дека транспортната платформа на TimoCom прецизно се осврнува на посебните потреби на нашите клиенти и дека постојано се развиваме во дигитализацијата, особено во однос на понудата на интерфејси со вистинска додадена вредност. Им се заблагодаруваме на сите читатели на ЕТМ за овој обновен глас на доверба, што за нас не е само потврда, туку, пред сè, и поттик секојдневно да се подобруваме".

 

Наградата која што ја доделува издавачката куќа ЕТМ ги наградува активностите и развојот на иновативните производи и услуги за транспортната и логистичката индустрија. TimoCom повторно се покажа како пионер на иновативни решенија, и тоа на крајот го наградија читателите на ЕТМ изданијата како што се eurotransport.de, lastauto amnibus, trans aktuell и FERNFAHRER, со висок изборен резултат од над 30% од гласовите за TimoCom.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе