Известувања за печат

Тука можете да најдете актуелни информации за печат за различни теми околу фирмата TIMOCOM, нашите клиенти како и за индустријата.

Германските транспортни компании остварија помалку деловни активности во третиот квартал на 2019 година отколку во претходната година. Од јули до септември националниот превоз со камиони во Германија опаднаа за 12 проценти во однос на истиот период од претходната година. Како и да е, цикличниот пад, кој беше очигледен до средината на годинава во побарувачката за транспортни услуги во првиот Smart Logistics System во Европа, беше стопиран. Ова го објавува ИТ компанијата TIMOCOM во својата анализа за третиот квартал од 2019 година со  анализа на транспортниот барометар.

читај понатаму >

KAPPA STAR Group е инвеститор во добро познати компании (во Србија) кои се лидери во нивните индустрии. На пример, фабриката за бисквити Jaffa во Црвенка или фабриката за бисквити и торта Banini во Кикинда. Покрај традиционалните производители на бисквити, исто така дел од групцијата се и фирмата за хартија FHB, компанијата Ekostar Pak и, од 2003 година, познатиот производител на картони UMKA од Белград.

читај понатаму >

Се уште постои голема разлика во дигитализацијата помеѓу големите и малите како и средните транспортни и логистички компании. Додека логистичките гиганти веќе долго време работат дигитално, најчесто малите и средни транспортни компании не можат да си дозволат купување на комплексен софтвер. Што е потребно за да се исполнат барањата на пазарот и трендовите, за да се натпреваруваат со големите играчи од индустријата?

читај понатаму >

Еркрат/Минхен, 5.Јуни 2019– TIMOCOM сака да им овозможи на транспортните и логистичките компании да влезат во дигиталната ера. На саемот transport logistic 2019 во Минхен, давателот на ИТ услуги ќе претстави сеопфатен систем на нови апликации, интерфејси и партнери што дигитално ќе ги поддржи логистичарите во сите области на транспортниот процес. "Сакаме да направиме иновациите, кои секој ден ќе ги подобруваат нашите клиенти, да бидат лесно достапни како електричната енергија од приклучокот на ѕидот", вели портпаролот на TIMOCOM, Гунар Гбурек.

читај понатаму >

Нема повеќе чекање на рампата за утовар: Тоа е амбициозната цел на соработката помеѓу TIMOCOM и Cargoclix. Со комбинирање на телематски податоци и управување со временски слотови, двете ИТ компании сакаат да ги решат познатите проблеми со застојот при влезот и излезот на роба и да постават нов индустриски стандард.

читај понатаму >

Erkrath, 10.4.2019 - Кога светот на логистиката ќе се најде во Минхен на саемот transport logistic 2019 од 4 до 7 јуни, ИТ компанијата TIMOCOM ќе учествува на овогодинешниот трговски саем мото "One system. One network. One future.“ Посетителите на водечкиот светски  саем ги очекува во халата А5, Штанд 317/418, почетна страница составена според потребите, најнови функции на паметните апликации и двонасочен интерфејс за транспортни налози.

читај понатаму >

Еркрат, 01.04.2019 – TIMOCOM останува на курсот за раст. Минатата година, операторот на Smart Logistics System аабележа не само поголемо движење на својата транспортна берза. Најголем скок во 2018 година  од страна на агилната ИТ компанија беше направен со апликациите за дигитализација на управувањето во логистиката.

читај понатаму >

Еркрат / Белград, 15.01.2019 - Кога Владимир Цветиќ и неговиот татко заеднички ја основаа  SEDAN TRADE d.o.o. во Белград, главниот град на Србија, главната дејност беше трговијата на големо. Но во текот на годините транспортот се кристализираше како главна дејност. "За мене оваа дејност значи слобода", вели извршниот директор Цветиќ, "дефинитивно сум човек кој не може да замисли да работи во канцеларија". Наместо тоа, тој страствено ги користи своите комбиња или камионот.

читај понатаму >

Сонот за транспортната индустрија - Дали денес воопшто е можно да ги реализирате вашите соништа во транспортната индустрија и да започнете сопствен бизнис? Андре Кискер од H & K Transporte  пред пет години изјави: „Yes, I can.” Но, овој пат не беше лесен.

читај понатаму >

Групата Codognotto го користи првиот Smart Logistics System за Европа на TIMOCOM директно преку својот систем за транспортен менаџмент (TMS) SGA. Преку интерфејсот развиен од страна на софтверската куќа SIMA и TIMOCOM,  понудите на утовари на една од најголемите италијански логистички групи сега може автоматски да се објавуваат во TIMOCOM  системот. Ова решение е турбо ефект за сопствениот TMS SGA при доделување  на транспортни налози.

читај понатаму >

Според здружението на германските осигурувачи (GDV), 70 отсто од камионите на германските патишта не се правилно или се недоволно обезбедени. А притоа, законска обврска е правилното обезбедување на превозот според Регулативата за сообраќајот на патиштата (StVO) и Трговски законик (HGB). Но, кој е на крајот одговорен за тоа: Превозникот, возачот или отпремникот? И што е најважно при обезбедување на товарот? Вредни совети нуди Алфред Лампен, експерт, тренер и автор за обезбедување на товари во логистичката индустрија.

читај понатаму >

Еркрат/Хановер, 25. Октомври 2018 – 435 светски премиери – еден победник: "Со темите на електромотивност и вмрежување, животната средина е јасен победник на годинешниот саем  IAA комерцијални возила", вели портпаролот на компанијата TIMOCOM Гунар Гбурек. TIMOCOM, исто така, имаше премиера на водечкиот меѓународен саем за транспорт, логистика и мобилност: Со Smart Logistics System, ИТ компанијата за прв пат ја претстави новата стратешка ориентација на својата успешна европска транспортна платформа.

читај понатаму >

Контакт за печат

+49 211 88 26 69 53

+49 211 88 26 59 24

presse@timocom.com

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе