„Сега се покажа дека нашата флексибилност е важен безбедносен фактор“

Дури и во актуелната ситуација, TIMOCOM обезбедува неограничено деловно работење

Сподели на ...
16.03.2020

Еркрат, 16.03.2020 – Распространувањето на корона вирусот се покажува како стрес-тест, којшто исто така влијае и на логистичката индустрија. TIMOCOM навремено презеде неопходни мерки на претпазливост, коишто служат за заштита на здравјето на вработените во TIMOCOM како и за обезбедување на оперативноста. Ова значи дека TIMOCOM дава се од себе за да обезбеди стабилност и работење, како на TIMOCOM така и на Smart Logistics системот вклучително и на транспортната берза.

„Токму сега се покажува дека нашата флексибилност е важен безбедносен фактор за нас, нашите корисници и партнери“, вели Тим Тирман, управител на ТИМОКОМ. „Сите наши вработени можат да работат од дома во секое време, со што ќе се обезбеди функционалноста на TIMOCOM како и на Smart Logistics системот“.
Сподели на ...

„Превенцијата е подобра отколку лекувањето Затоа уште во раната фаза на оваа динамично развојна ситуација презедовме и спроведовме обемни мерки на највисоко ниво на управување“, вели Франк Винтер, директор за човечки ресурси Европа во ТИМОКОМ. Овие мерки вклучуваат, меѓу другото и избегнување на какви било службени патувања, одржување виртуелни состаноци или носење дома на деловните компјутери после работа, за да може доколку е потребно да се работи и од дома. Овој каталог на мерки постојано се прилагодува на моменталната состојба и на официјалните барања.

 

Релевантна предност е тоа што вработените во TIMOCOM на сите нивоа веќе се навикнати да работат од дома. Бидејќи можноста за работа од дома постои од 01 јануари 2018 година и со тоа е научена и практикувана секојдневна работа во TIMOCOM. Франк Винтер додава: „Доколку е потребно, имаме можност да им дозволиме на сите вработени да работат од дома без да ги ограничат притоа нашите деловни активности“.

 

Тековната состојба бара не само соодветни мерки кои ќе го задржат вирусот, туку и флексибилност во секојдневната работа. „Токму сега се покажува дека нашата флексибилност е важен безбедносен фактор за нас, нашите корисници и партнери“, вели Тим Тирман, управител на ТИМОКОМ. „Сите наши вработени можат да работат од дома во секое време, со што ќе се обезбеди функционалноста на TIMOCOM како и на Smart Logistics системот“.

 

„Секоја криза исто така е и можност“, додава Тирман. „Актуелната состојба може да ни помогне на сите уште подобро да се подготвиме за идните предизвици, без оглед на тоа дали се однесуваат на логистиката или воопшто на сите нас како заедница. Дури и во тешки времиња, ние, како TIMOCOM, сме на страната на нашите клиенти и партнери ширум Европа “.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе