За да Ве поддржиме при оптималнoто искористување на Вашите камиони, за Вас на транспортната платформа подготвивме преглед со понуди на утовари и преглед со возила. Како налогоземач тука можете да поставите информации за видот на возилото, волуменот/тежината, датумот, почетната и крајната дестинација на возилото. Со тоа избегнувате празни возења и непотребни трошоци. Од наша страна проверените налогодавачи имаат можност со само еден клик директно да стапат во контакт со Вас и да склучат транспортни договори.