TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

TIMOCOM Augmented Logistics

Целиот TIMOCOM обединува заедничка визија за иднината на логистиката. Ние веруваме во свет без логистички предизвици. Тоа е причината зошто ние за наша мисија си поставивме логистиката да се направи паметна, безбедена и едноставна. Оваа иднина ја нарекуваме: Augmented Logistics.

Augmented Logistics е и нашето ветување. Бидејќи ние ова го разбираме како проширување, подобрување, зајакнување, нараснување и зголемување на логистиката. За нашите клиенти ова значи дека тие можат паметно, безбедно и едноставно да ги решаваат своите логистички предизвици со TIMOCOM.

Дигитални решенија кои недоставуваат, не ни се мотивација само денес, туку и беа основата за формирањето на компанијата. Во Април 1997 шпедитерот Јенс Тирман бил во потрага по европска платформа на берзи за транспортни налози. Но тоа што го наоѓал, едноставно не било соодветно на неговите потреби. Тaка дошол до заклучокот: Тоа сега самите ќе го направиме! Така беше основана TimoCom Soft- und Hardware GmbH, и после работното време или за викендите се започна со развојот на сопствената берза за утовари и утоварен простор. Од храбра старт ап фирма денес е прерасната во една од најуспешните ИТ фирми од средна големина за европската транспортна и логистичка бранша. 2018 TimoCom Soft- und Hardware GmbH е преименувана во TIMOCOM GmbH.

Како подготвувач на патот и придружник за вмрежување на европската логистика, го нудиме првиот Smart Logistics System, во кој секој ден се поставуваат и обработуваат до 750.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор. Дел од системот е нашата неутрална мрежа од над 40.000 проверени компании . Неутралноста е важна предност, бидејќи трансакциите се склучуваат директно помеѓу договорните страни.

Со специјализирањето и интернационализацијата на ИТ-фирмата, во централата во Еркрат, во близина на Диселдорф, како и во претставништвата во Полска, Чешка и Унгарија денес работат повеќе од 490 вработени од 34 нации. Управувањето на фирмата, основачот Јенс Тирман го дели со неговиот син Тим Тирман. Така на врвот од управувањето се поврзуваат долгогодишното искуство и новите перспективи. Заедно можеме да се навратиме на повеќе најзначајни настани од историјата на фирмата:

TIMOCOM – Податоци и факти

 
Назив TIMOCOM GmbH
Управители Јенс Тирман, Тим Тирман
Вработени >490 од 34 нации
Седиште Timocom Platz 1, DE-40699 Erkrath
Претставништва Полска, Чешка, Унгарија
Обрт 67,9 Mил. Евра (Деловна година 2017)

Главни настани

1997

Воведување на пазарот на TC Truck&Cargo®

Берзата на утовари и утоварен простор е сржта на TIMOCOM платформата.

1999

Отварање на претставништва

Оваа година беа формирани претставништва во Полска, Чешка и Унгарија.

2003

TIMOCOM CashCare

Услугата за наплата на долгови како средство за намалување на ризикот добива официјална дозвола за работење.

2004

Претставување на пазарот на TC eMap®

Перфектното проширување на платформата со пресметка на трошоците и планирање на релациите.

2006

Официјално воведување на пазарот на онлајн верзијата на TC Truck&Cargo®

Конечно можат нашите клиенти во реално време да ги вметнуваат своите понуди и да склучуваат зделки. Квантен скок за целокупната бранша.

2007

Официјално воведување на пазарот на онлајн верзијата на TC Profile®

Да видиш и да бидеш виден – во онлајн именикот на Европа секогаш може да се најдат проверени контакти за нови деловни зделки.

2009

Воведување на пазарот на TC eBid® –платформа за европски транспортни тендери

Ова проширување на платформата се специјализираше на долгорочни јавни објави.

2010

Апликација Транспортен барометар

Бидејќи транспортниот барометар е неопходен за успешни ценовни преговарања, го направивме да биде и онлајн достапен.

2011

Географски одделени дата центри

И покрај просечната достапност на серверите од 99,9% се одлучивме за двојно осигурување.

2012

Воведување на пазарот наTIMOCOM берзата на складишта

Тука е возможно – брзо и ефикасно барање и нудење на складишта.

2013

Функција за следење на возила TC eMap

Сите актуелни телематски системи на една платформа обезбедуваат повеќе ефикасност и безбедност.

2014

Мобилен пристап до TIMOCOM платформата

Секогаш со пристап и од кабина. Преку Апликацијата Транспортен барометар сега се има пристап до комплетната платформа.

2015

Messenger за TIMOCOM платформата

Со чет кој се однесува на објавените понуди, вклучувајќи и функција за експортирање, може директно се да се разјасни. Тоа заштедува време и капацитети.

2016

Интегрираната функција за поставување и преземање на документи

Клиентите можат да ги постават и преземат најчесто побаруваните документи во профилот на фирмата.

2016

Старт на услужниот блог за новини и нови функции

На новиот услужен блог TIMOCOM Update Pool се објаснуваат сите нови функции и основи околу транспортната платформа и тоа на едноставен и прегледен начин.

2017

Воведување на пазарот на TC Transport Order

Транспортната платформа станува трансакциска платформа: Нашите клиенти дигитално бараат транспортни налози од нивните деловни корисници и управуваат со нив директно во платформата.

 
2018

Augmented Logistics

TIMOCOM ја започнува иднината со нова визија и мисија.

 
2018

Smart Logistics System

Најголемата транспортна платформа во Европа ќе биде првиот Smart Logistics System за Европа.

 
  Продолжението следи…  

TIMOCOM – референци

Успешна приказна која воодушевува се повеќе клиенти.

понатаму
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.