TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.
Совети за апликацирање

Процесот на аплицирање и совети за аплицирање

  1. 1. Апликација

    Многу е од помош за нашите интерни процеси, ако Вашата апликација нѝ пристигне дигитално. Ако сакате да ни ги испратите Вашите документи по пошта, и тоа е во ред за нас. Најважното е да се пријавите кај нас. Ние сме среќни да читаме од вас или да се слушаме со Вас во која било форма!

  2. 2. Телефонско интервју

    Овде имаме можност по телефон да поразговараме за општите услови, да стекнеме прв професионален и личен впечаток и да се запознаваме едни со други.

  3. 3. Запознавање

    Седиме во релаксирана атмосфера и споделуваме идеи, очекувања и лични работи. Тука добиваме чувство за тоа дали во основа имаа хемија помеѓу тебе и TIMOCOM. Исто така имате можност да ни ги поставите сите Ваши прашања лице в лице.

  4. 4. Ден за запознавање

    Запознајте ги Вашите потенцијални колеги во директна работна средина за да добиете уште подобра слика. Пред тоа, за загревање, има мал тест за вработување. Времетраењето на денот за запознавање е променливо и зависи од работното место што треба да се пополни. Дневниот распоред исто така се планира поединечно и однапред сè ќе Ви е објаснето.

  5. 5. Одлука

    Потоа можете, како и ние, сите впечатоци повторно во мир да си ги сублимирате. Ви ветуваме дека ќе Ве информираме за нашата одлука само неколку дена по денот за запознавање. И ако и Вие сакате да станете „Тимо“, наскоро ќе започне Вашата индивидуална програма за навигација.

    По секој чекор, ние ќе ве информираме и ќе ве известуваме за моменталниот статус. За нас е многу важно да се однесуваме чесно и транспарентно и да се чувствувате удобно уште пред почеток на работниот однос. Тоа е она што го прави Вашиот почеток во TIMOCOM толку посебен.

На почетокот на Вашата апликација е пребарувањето за вистинската работа. Знаете точно како треба да изгледа Вашата работа од соништата? Или можеби ви требаат некои предлози за да бидете посигурни?

Погледнете ја нашата страница за кариера. Овде ќе најдете многу интересни информации за TIMOCOM.

Комплетната апликација вклучува:

  • индивидуално мотивациско писмо
  • Табеларна биографија со јасни податоци
  • ако е можно, моментална фотографија
  • ученички и студентски сведителства
  • Оценки од предходните вработувања
  • Сертификати за обука

Ве молиме користете ја можноста да ја поднесете вашата апликација преку интернет. Онлајн апликација пристигнува на својата дестинација особено брзо, лесно и сигурно. Со ова исто така се гарантираат високите стандарди за безбедност кои ги применуваме во оваа област. Заштитата на податоците е многу важна за нас: Ништо не се губи, ниту едно неовластено лице нема да ги чита Вашите информации.

Важно е пред да ја поднесете Вашата онлајн апликација, во секој случај да ги имате потребните документи кои треба да се приложат кон апликацијата.

Дозволени формати на датотеки се: JPG, PDF, DOC, DOCX.

Мислевте на се?

Список за проверка на биографијата:

Дизајн

  • Professionelles Bewerbungsfoto erstellt?
  • Дали имате професионална фотографија?
  • Соодветен фонт (Arial, Times New Roman, Calibri, Verdana) и големината на фонтот (10-12 pt)?

Преглед на биографијата

  • Американска биографија: Моменталната работна позиција е на почетокот, а потоа сите други професионални станици хронолошки наназад.
  • Без хронолошки празнини?

Одлично - Вашите подготовки ќе Ви се исплатат!

Со нетрпение очекуваме да ја примиме Вашата апликација и секогаш сме достапни за какви било прашања што можеби ги имате.

Дали ни одговарате?

Откако ќе ги примиме документите за апликација, ние ќе ги споредиме со барањата на Вашата посакувана позиција.

За да блеснете во оваа фаза од процесот на аплицирање, ги имаме следните совети за вас:

  • Осигурајте се дека Вашата апликација е целосна и без грешки.
  • Во пропратното писмо, презентираајте ни краток впечаток на Вашата личност и Вашата мотивација:
    1. За кого е апликацијата? Внимавјте на личните податоци во заглавјето (комплетно) и личното обраќање.
    2. За која активност се пријавувате?
    3. Зошто сте заинтересирани за оваа активност? Која е Вашата мотивација и кои се Вашите професионални предности?
    4. Што очекувате од Вашата нова работа?
    5. Зошто сте особено соодветни за оваа позиција? Кој е најубедливиот аргумент?
    6. Не заборавајте да се поздравите на крајот.
  • Исто така наведете ги релевантните хобија или личните интереси во биографијата.

Имате прашања? Нашиот тим за човечки ресурси Ви е на располагање:

+49 211 88 26 40 19

Преглед на настани

Сакате да не запознаете? Ништо поубаво од тоа Во TIMOCOM ние претпочитаме директни, лични разговори во пријатна атмосфера.
Затоа се надеваме на интересна размена со вас на следните настани - во живо и во боја.

Презиме Временски период Место Вид
JavaLand 19.03.2019 – 21.03.2019 Brühl Настан
JAX 07.05.2019 – 09.05.2019 Mainz Настан

Препорачано од германските работоземачи

TOP Company

Погледнете како TIMOCOM како работодавач се позиционира во Германија .

kununu-TOP-Company-Работодавач-Печат за квалитет
kununu – OPEN Company – Работодавач-Печат за квалитет
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.