Животна средина
Ние сме посветени на заштитата на животната средина и нашата посветеност во оваа област постојано ја надградуваме. „Зелена логистика“ за нас не е само збор со празно значење, туку реалност која се живее. Тука дознајте сè во врска со сопсвената зграда TiComplex, деловниот возен билет или со TIMOCOM екологијата.
повеќе... отстраниTiComplex

Во октомври 2014 TIMOCOM се пресели во 5-катната новоградба „TiComplex“ како нова деловна зграда. Со вградувањето на модерен геотермален систем, како ИТ фирма, освен со транспортната платформа, докажуваме дека имаме чувство за технички новини. Системот ја извлекува топлината за зградата преку 93 дупки во земјата од 42 до 160 метри длабочина, додека за време на топлите месеци водата од почвата се употребува за ладење на температурата во канцелариите. Системот за проветрување како понатамошен составен дел од геотермалниот систем исто така е обезбедуван со топлина во зима и ладовина во лето, со што во секое време во канцелариите циркулира температура од 19 до 23 целзуисови степени. Исто така во сите простории површината на подот служи како грејно или разладно тело.
Деловен возен билет

TIMOCOM се наоѓа блиску до автопатиштата А3 и А46 и тоа значи дека е одлично поврзан со сообраќајната мрежа. Логистиката на превезување на повеќе од 333 вработени низ малото гратче Еркрат, ја решаваме со тоа што обезбедуваме деловен возен билет, со што се редуцира автомобилскиот сообраќај како и емисијата на штетни гасови. Истовремено, како најголема европска транспортна платформа го поддржуваме регионалниот јавен превоз.
TIMOCOM екологија

Заштитата на животната средина има големо значење и во куќата TIMOCOM. Покрај енергетската ефикасност на TiComplex, високо на списокот на приоритети се издржливоста и заштедата на ресурси во секојдневното работење. Ги применуваме следните мерки:
- Покривање на енергетските потреби од 100% регенеративни извори
- CO2 неутрално испраќање на поштенски пратки во цела Европа од страна на Deutsche Post GoGreen
- Исклучиво употреба на ФСЦ сертифицирана хартија.
- Доделување на „Green we can“- печатот за примената на транспортната платформа на TIMOCOM за оптимизирање на искористеноста на ТМВ и со тоа редуцирање на CО2 издувните гасови од страна на клиентите.