TimoCom Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

TimoCom Општи услови за користење

(1) Општо

Со посета на веб страната на TimoCom можат да бидат снимени информации преку самиот пристап (ИП-адреса, датум, време, разгледувани страни)

Овие податоци не потпаѓаат под лични податоци, туку се анонимизирани. Тие се анализираат исклучиво за статистички цели и системска безбедност. Податоците, дали за комерцијални или некомерцијални цели, не се пренесуваат на трети лица. Податоците се предаваат на државни институции само ако е тоа законски наложено.

Понатаму, на компјутерот на корисникот може да се снимаат податоци, т.н колачиња. Тие служат за да се поедностави пристапот за корисниците и за да се оптимизира понудата на TimoCom во согласност со интересите на корисниците. Сепак, корисникот има можност да ја деактивира оваа функција во рамките на својот веб пребарувач. Во овој случај може да дојде до ограничување на оперативноста на веб страната. Употребата на лични податоци со цел на воспоставување договорен однос и негување на клиентските односи е можна само доколку корисникот доброволно ги внесе на нашата веб страна. Со писмено барање, корисникот може да биде информиран кои лични податоци ги имаме снимено за него (на пр. име, адреса)

За да може на посетителите на веб страната на TimoCom да им се подготви најдобро можно скроена инфомациска понуда, TimoCom користиGoogle AdWords® Remarketing. Понудувачи од трети страни вклучувајќи го и Google®, за да објават соодветна реклама употребуваат колачиња, а за основа ги земаат предходните посети на корисникот на веб страната на TimoCom. Корисниците можат да ја деактивираат употребата на колачиња од страна на Google®, со тоа што ќе ја активираат страната за деактивирање на Google реклами. Алтернативно, корисниците можат да ја деактивираат употребата на колачиња од трети страни, со тоа што ќе ја отворат страната за деактивирање на иницијативата за рекламирање на интернет.

TimoCom јасно укажува на тоа дека при преносот на податоци преку интернет (на пр. при комуникација преку Имејл) се појавуваат безбедносни дупки и не може целосно да се штити пристапот од страна на трети.

TimoCom презема технички и организациски безбедносни мерки за да ги заштити чуваните податоци на корисникот од манипулации, губиток, уништување и противнапади од страна на неовластени лица. Безбедносните мерки континуирано се подобруваат соодветно на технолошкиот напредок.

Употребата на контакт податоците кои го карактеризираат понудувачот - особено телефон / факс броевите и Имејл адресите - за деловни реклами не е дозволено, освен ако предходно TimoCom нема дадено писмена согласност или веќе постои деловен контакт. TimoCom и сите наведени лица на оваа веб страна со ова се спротивставуваат на комерцијалната употреба како и на понатамошно објавување на нивните податоци.



„Оваа веб страна користи Google Analytics, услуга за анализа на веб страни на Google Inc. ("Google") Google Analytics употребува т.н „колачиња“, текстуални податоци, кои се снимаат на Вашиот компјутер и со тоа се овозможува анализа на Вашата употребата на веб страната. Информациите добиени со помош на колачињата за употребата на оваа веб страна (вклуувајќи ја и Вашата ИП адреса) се пренесуваат на сервер на Google во САД и се снимаат таму. Упатуваме на тоа дека на оваа веб страна Google Analytics беше проширен и со кодот "_anonymizeIp" за да може да гарантираме анонимизирано собирање на ИП адреси (т.н IP-Masking) Google ќе ги користи тие информации за да ја оцени Вашата употреба на веб страната, за да може да состави извештаи за активностите на веб страната за сопственикот на веб страната како и за да воведе понатамошни услуги кои се поврзани со користењето на веб страната и интернетот. Исто така Google овие информации по потреба ќе ги проследи на трети лица, доколку тоа е законски одредено или доколку ги обработуваат трети лица по налог на Google. Во никој случај Google нема да ја поврзе Вашата ИП адреса со други податоци на Google. Можете да го спречите инсталирањето на колачињата со помош на соодветно сетирање на пребарувачот, но сепак ние Ве потсетуваме на тоа дека во даден случај нема да можете да ги користите сите функции на оваа веб страна во целост. Преку употребата на оваа веб страна изјавувате дека сте согласни со обработката на потатоците од страна на Google во предходно опишаниот начин и вид и за претходно наведените цели.“

Ако не сте согласни со снимањето од страна на Google Analytics тогаш оваа услуга можете да ја деактивирате без проблем. За ова, следете го следниот линк: http://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=de
Подетални информации за условите за употреба и заштита на податоците ќе најдете на:
http://www.google.com/analytics/terms/de.html.

Како алтернатива на Browser-Add-On или во рамките на пребарувањето на мобилни апарати, кликнете Ве молиме на овој линк за да го спречите во иднина снимањето од страна на Google Analytics во рамките на оваа веб страна (Opt Out функционира само кај овој пребарувач и само за овој домејн). При тоа се остава едно Opt-Out-колаче на Вашиот апарат. Ако ги избришете колачињата од овој пребарувач, морате повторно да кликнете на овој линк.



Оваа веб страна го употребува +1 копчето на социјалната мрежа Google Plus, која се управува од Google Inc., 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, USA ("Google"). Ова копче е препознатливо по знакот "+1" на бела или обоена позадина. Ако отворите наша веб страна која содржи такво копче, Вашиот пребарувач воспоставува директно поврзување со серверите на Google. Содржината од +1 копчето се испраќа директно од страна на Google до Вашиот пребарувач и од негова страна директно се врзува во веб страната. Оттука, немаме никакво влијание на опсегот на податоците кои Google ги добива со помош на копчето, но сме на мислење дека не е опфатена Вашата ИП адреса. Цел и опсег на собирањето на податоци и на понатамошна обработка и користењето на податоците од страна на Google, како и прв основ на ова Вашите права и можности за сетирање како заштита на вашата приватност, ве молиме посетете го делот за заштита на приватност на Google на копчето +1:
Ако сте член на Google Plus и не сакате Google да собира податоци за Вас преку нашиот настап на интернет и истите да ги поврзе со снимените податоци за членство на Google, тогаш мора да се одјавите од Google Plus пред да ја посетите нашата веб страна. Во случај на прашања за заштитата на личните податоци во врска со употребата на +1 копчето на Google, понатамошни информации можете да најдете овде: Заштита на податоците при употребата на +1 копчето:



Bing Ads реклама

Ние исто така ја употребуваме онлајн рекламната програма Bing Ads. Се поставува колаче за следење на конверзиите ако кликнете на нашиот активиран оглас кај Microsoft (Bing/Yahoo).

За ова, повеќе информации може да добиете во упатствата за заштита на личните податоци на Microsoft.



(2) Пријава за новини:

Вашите лични податоци (Имејл адреса, име, презиме) информативно ќе бидат препратени преку Имејл од TimoCom Soft- und Hardware GmbH на базата со подаоци на emarsys eMarketing Systems AG (Трговски регистер ЕМБС: 197024t), Märzstrasse 1 in 1150 Wien. Еmarsys eMarketing Systems AG подлежи на сојузниот закон за заштита на податоци, како и на упатствата на TimoCom Soft- und Hardware GmbH.

Откажаните (Unsubscribe)
корисници кои не сакаат веќе да ги добиваат нашите новини или промотивни Имејлови кликаат на линк под име „откажи новости“, кој се содржи на сите Имејлови испратени од TimoCom.



(3)Применливо право

Без исклучок, важечко е активното право на С.Р.Германија.



(4) Посебни услови на користење

Доколку посебните услови за поединечното користење на оваа веб страна отстапуваат од наведените точки, се наведуваат јасно на соодветното место. Во овој случај важат, за секој поединечен случај, посебните правила на употреба.



(5) Facebook Remarketing / Retargeting

Понатаму, овој интернет настап употребува Facebook Custom Audiences на социјалната мрежа Facebook, 1601 South California Avenue, Palo Alto, CA 94304, USA. Оваа Facebook точка ве маркира во најанонимна форма како посетител на нашата веб страна. Ако тогаш сте логирани на Facebook, можеме овие информации да ги искористиме за подготовка на реклами насочени на одредена целна група на Facebook. Ние како управители на овој интернет настап не задржуваме лични податоци за Вас како посетител или за Вашите податоци кај Facebook. Понатамошни информации за ова можете да најдете во изјавата за заштитата на личните податоци на Facebook под https://www.facebook.com/about/privacy/. Како посетител на нашата веб страна, овде имате можност да ја деактивирете Facebook Custom Audiences.

TimoCom зборува

Следете нè

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.