TimoCom Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

TimoCom Општи услови

(1) Ограничување на одговорноста

Содржините на оваа веб страна
Содржините на оваа веб страна се создаваат со најголема можна внимателност TimoCom Soft- und Hardware GmbH (во продолжение TimoCom) не презема одговорност за тоа дека информациите дадени на располагање на оваа веб страна се целосни, точни и во секој случај актуелни. Употребата на објавените содржини е на сопствена одговорност на корисникот. Прилозите кои се потпишани со име се ставови на соодветниот автор и не се секогаш и ставови на TimoCom.

Расположливост на веб страната
TimoCom ќе се потруди оваа услуга да ја дава на располагање без прекини во рамките на можното. И покрај сета грижливост, не може да се исклучат прекини. TimoCom го задржува правото, понудата во секое време да ја измени или прекине.

Екстерните линкови
на оваа веб страна подлежат на одговорност на соодветниот оператор. TimoCom при првото поврзување со екстерните линкови, има проверено дали туѓите содржини се противправни. Во тој момент не се воочени противправности. TimoCom никако нема влијание на актуелните и идни промени на содржините од поврзаните страни. Поставувањето на екстерни линкови не значи дека TimoCom ги присвојува содржините кои се зад упатството или линкот. Постојана контрола на овие екстерни линкови без конкретни докази за противзаконски дејства не е разумна за понудувачот. При осознавање за противзаконски дејства таквите линкови ќе бидат избришани без одложување.

Реклами
За содржината на рекламите одговорен е соодветниот автор, како и за содржината на рекламираната веб страна. За презентацијата на рекламата не е потребно одобрение од страна за TimoCom.

Недоговорен однос
Со користењето на веб страната на TimoCom не доаѓа до договорен однос помеѓу корисникот и TimoCom со исклучок ако постои неопходност од прифаќање на договорниот однос. Со тоа се исклучени договорни или квази договорни побарувања кон TimoCom.



(2) Авторски права

На оваа веб страна објавените содржини и дела се авторски заштитени. Секоја експлоатација што не е дозволена со германските авторски права има потреба од претходна писмена дозвола на соодветниот автор или сопственик на правата. Ова особено важи за копирање, уредување, превод, складирање, преработка и репродукција на содржините во бази на податоци или други електронски медиуми и системи. Содржините и придонесите на трети лица се означени како такви. Неовластено копирање или дистрибуција на содржината или цели страници за индустриски или комерцијални цели не е дозволено и е казниво.
Линкови до веб страната на TimoCom се секогаш добредојдени и не бараат одобрување од страна на понудувачот на веб страница. Презентацијата на оваа веб страна на други веб страни е дозволено само со дозвола на TimoCom.


Picture credits
EastWest Imaging – fotolia.com
Beladung © Mixage – fotolia.com



(3) Применливо право

Важи, без исклучок, авторитативното право на Сојузна Република Германија.



(4) Посебни услови на користење

Ако со посебни услови за поединечно користење на овој сајт тоа се разликува од горенаведените точки (1) до (3), тогаш тоа е експлицитно наведено во соодветно место. Во овој случај важат посебните услови на користење за соодветниот поединечен случај.

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.