TimoCom Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.
TimoCom – Лидер на пазарот на берзи на утовари и утоварен простор во Европа!

Ние ја придвижуваме Европа!TimoCom – ние спојуваме утовари и утоварен простор

Како и многу други успешни приказни, и оваа започнува со решение кое недостасува. Во Април 1997 шпедитерот Јенс Тирман бил во потрага по европска платформа на берзи за транспортни налози. Но, тоа што го наоѓал, едноставно не било соодветно на неговите потреби. Тaка дошол до заклучокот: Тоа сега самите ќе го направиме! Така беше основана TimoCom Soft- und Hardware GmbH, и после работното време или за викендите се започна со развојот на сопствената берза за утовари и утоварен простор.

Од храбра старт ап фирма, денес TimoCom прерасна во една од најуспешните ИТ фирми од средна големина во европската транспортна и логистичка бранша. Фирмата управува со најголемата европска транспортна платформа, на која дневно се поставуваат и до половина милион меѓународни понуди на утовари и утоварен простор. Платформата е логистичка мрежа од над 36.000 проверени фирми.

Со специјализирањето и интернационализацијата на ИТ-фирмата, во централата во Еркрат, во близина на Диселдорф, како и во претставништвата во Полска, Чешка и Унгарија денес работат повеќе од 400 вработени од 24 нации. Управувањето на фирмата, основачот го дели со неговиот син Тим Тирман. Така на врвот од управувањето се поврзуваат долгогодишното искуство и новите перспективи. Заедно можеме да се навратиме на повеќе најзначајни настани од историјата на фирмата :

TimoCom зборува

Следете нè

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.