TimoCom Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.

TimoCom - македонски -TimoCom - Македонски -Општи услови по договор

1. Општo

(1) За сите испораки и услуги од овој договорен однос важат исклучиво следниве услови. Обврските и условите на корисниците се необврзувачки дури и тогаш кога TimoCom тоа експлицитно не го забранува.
(2) TimoCom го задржува правото на измена или дополнување на условите на крајот на секој пресметковен период. TimoCom ќе ги информира корисниците за промените на експлицитен начин преку формуларот за плаќање или преку платформата. Се смета дека корисникот се согласил со измените освен доколку во најкраток рок, а најдоцна во рок од 1 месец истите не ги одбие. Се смета за дадена согласност во случај на безусловно плаќање на фактурата.  
(3) Објаснувањата кон договорот, додатоците и промените на договорoт мора да бидат во писмена форма за да стапат на сила. Доколку страните се договорат да му го одобрат користењето на софтверот на трето правно лице, тогаш другата страна му дава на тој корисник полномоштво за примање на образложенија од страна на TimoCom.
(4) Кога се наведуваат личности (на пример корисник) во овој договор, називот се однесува на двата пола, женски и машки.

2. Предмет на договорот

(1) TimoCom му дава на располагање на корисникот право на употреба на корисничката платформа (лиценца) за периодичен надомест. Работењето на оваа платформа се врши со помош на сервери приклучени на интернет, кои се исклучиво достапни преку онлајн поврзување. Прекин во пристапот до врвната техника може да биде неизбежен само во период кога серверите на TimoCom, од технички или други причини на кои што TimoCom не може да влијае, не се достапни или во време кое што е неопходно за одржување на серверите заради исполнување на договорените перформанси. TimoCom ќе извршува одржување и ажурирање во работни денови и тоа по можност  пред 7:30 часот т.е по 18:00 (СЕВ) како и во текот на целиот ден за време на викенди.
(2) Во случај TimoCom да му даде на располагање на корисникот право на  пристап до платформата преку софтвер, може според сопствено видување тоа да биде на пр. како онлајн регистрација со корисничко име и лозинка, или со понуда за преземање преку веб адресата www.timocom.com, преку App Store® на Apple®, Google Play™ и сл. Преземањето и инсталацијата на софтверот не се дел од услугата на TimoCom, туку се вршат самостојно и на сопствена одговорност на корисниците.
(3) Изборот, набавката и активирањето на достапниот хардвер и софтвер и врските за пренос на податоци се направени исклучиво од страна на корисникот и на негов ризик.
(4) TimoCom има право во рамки на понатамошниот развој и оптимизирање на своите производи да врши измени на истите, се додека истите не доведат до значајни ограничувања на перформансите.
(5) TimoCom може на корисникот преку платформата да му пренесува известувања за понуди, добиени известувања или трансакции. TimoCom го задржува правото да го ограничи бројот, времетраењето и сочувувањето на таквите пораки.

3. Право на користење

(1) Правото на користење дадено со овој договор важи исклучиво за индивидуално договорен број на индивидуални пристапи (TimoCom Accounts) на корисничката платформа на TimoCom во претпријатието на корисникот, по експозитура, самостојна или зависна, и не може да се пренесе на трети или останати експозитури.
(2) Правото на корстење се однесува на внесови и пребарувања на специфични деловни податоци од областа во вообичаеното деловно работење. Сите податоци мора да да бидат точни и мора да се докажат на барање на TimoCom. Не е дозволено користење за следниве цели или содржини:
а) Несакани вести, како што е на пример спам, масовни пребарувања, генерално огласување и општи понуди.
б) Илегални цели, лажно представување, илузии или измами.
в) Кршење на правата, како што се на пример, правото на личност, правото на интелектуална сопственост и правото на приватност на трети лица.
г) Организирање на прибирање податоци особено на начин кој што овозможува креирање профили на други корисници.
д) Внес на програмски кодови кои што влијаат на функционирање на уредите или на овој софтвер.
ѓ) Содржини, кои што на TimoCom или трети страни, како на пример други корисници, им пречат, ги оптеретуваат или им нанесуваат штети преку покани за бојкот, пораки во синџир, следење, закани, навреди, нарушување на углед, дискриминација, говор на омраза, нанесување штета на деловното работење, изрази од сексуална природа, слики на бруталност, насилство или голотија.
е) Содржини кои што се спротивни на законот или моралот или кои што не се ОВЛАСТЕНИ за комуницирање со корисникот.
(3) Податоците подготвени од платформата смеат да бидат извезени исклучиво по пат на достапни функции за извоз или печатење. За автоматизирање на употребата на платформата, дали преку интерфејс, туѓ софтвер, скрипти или останати помошни средства кои се разликуваат од трговскиот стандард на пребарувачите како на пр. Chrome™, Firefox® или Internet Explorer, потребна е писмена согласност од страна на TimoCom.
Сите понуди на TimoCom, со кои за фиксна цена се гарантира употреба во неограничена количина потпаѓаат под принципот за фер употреба. Со овој принципTimoCom сака на сите корисници да им обезбеди фер и скапоцено корисничко искуство. Затоа TimoCom го задржува правто на соодветни мерки за ограничување на правото на користење на еден корисник, доколку истиот со својот индивидуален начин на употреба значително ги ограничи ресурсите на TimoCom, услужните капацитети, широчината и капацитетите за снимање кои се дадени на располагање.  Ваквите огранувања можат да бидат на пр. кај ограничување на бројот на прегледи или трансакции про минута  од страната на една сметка, ограничување на капацитетот за снимање итн.
(4) TimoCom го задржува правото да ја прекине врската на корисникот со корисничката платформа како и да ги избрише податоците, доколку на тој начин се спречува или се прекинува кршење на важечкиот закон или на доброто однесување. Истото важи и кога е технички загрозена состојбата на софтверот, на некоја апликација или на корисничката платформа на TimoCom од страна на корисниците.
(5) Доколку корисникот занемари некоја обврска од договорот, особено обврската според точка 3 (1) или (2), точка 4 (1), точка 5 (2), (4) или (5) или точка 7 (2) или (3) или доколку по опомена влезе во задоцнување поради некоја друга повреда на договорот, TimoCom се ослободува од обврската за пружење услуги ("забрана"), но го задржува правото на надомест од спротивната страна.
(6) Во секој случај кршењето на одредбите од договорот под точките 3 (1) или (2), или точка 5 (2), (4) или (5) корисникот сноси казна во висина од 12 месечни претплати. Докажувањето на помали штети му се препушта на корисникот.

3а. Право на користење на TC Profile®

(1) Платформата му овозможува на корисникот, доколку е така договорено, пристап до базата на податоци на TC Profile® Со оваа база на податоци корисникот може да ги прегледа достапните податоци за другите фирми.
(2) Корисникот на TC Truck&Cargo®- лиценца може истотака да ги додаде и податоците за своето претпријатие во базата на податоци на увид на трети. Пристап до деталните податоци на другите претпријатија корисникот добива по внесот на податоците за сопственото претпријатие.
(3) Базата на податоци се нуди во вообичаен деловен обем во редовно деловно работење. Најстрого се забранува копирање на базата на податоци, делумно или во целост.
(4) Податоците мора да бидат актуелни. Доколку TimoCom дознае за непотполностите или неправилностите на податоците на корисниците, TimoCom може да го информира за таа грешка. Доколку корисникот не ги исправи или не ги дополни своите податоци во рок од 7 дена од приемот на информацијата од TimoCom, TimoCom има полномоштво од корисникот, но не е обврзан, да ги промени или дополни неговите податоци во негово име и на негова одговорност во склад со официјалните податоци на Агенцијата за стопански регистри.
(5) TimoCom го задржува правото при кршење на наведените одредби (3) и (4) да ги блокира податоците на корисникот како и пристапот на корисникот до базата на податоци.
(6) Договорниот однос започнува со писмена согласност или со потпишувањето на договорот за лиценца и истиот може да биде раскинат од која било од страните без објаснување за поводот за раскинувањето со отказен рок од 14 дена пред календарскиот истек на месецот. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку не е претходно раскинат по редовна постапка од некоја од договорните страни.

3б. Право на користење на TC Truck&Cargo®

(1) Платформата му овозможува на корисникот, доколку е така договорено, со помош на програмата TC Truck&Cargo® да нуди утоварен простор и утовари, како и да има увид во понудата на утоварен простор и утовари за меѓународен патен транспорт TC Truck&Cargo®.
Дополнително платформата овозможува давање понуди за капацитетот на складиштата и увид во капацитетите на складиштата.
(2) Застарените податоци треба да се избришат веднаш. Внесот се врши во потполност во едноставни чекори, без дополнителни прзни полиња или знаци кои што служат за нагласување и со правилни внесови во предвидените полиња за внес. TimoCom го задржува правото, внесовите кои што не се во склад со овие критериуми, односно стандарди од параграф 3, точка 2, автоматски да ги избрише.
(3) Договорниот однос почнува со писмен прием или со потпишување на договорот за лиценца и може да биде раскинат од која било од страните по редовен пат и без наведена причина со отказен рок од 14 дена пред крајот на календарскиот месец,. Времетраењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку договорот не е пред тоа редовно раскинат од една од страните.

3в. Право на користење на TC eMap®

(1) TC eMap® овозможува, како што е договорено, пренос на податоци за приказ на карти и пресметка на рути онлајн за корисниците. Приказите на картите се - какао и сите карти - подложни на постојани промени и никогаш не ја отсликуваат реалноста во потполност. TimoCom значи не должи осигурување дека приказот на картите и другите податоци се исправни. Договорната обврска на TimoCom се сведува на достапност, преправка и визуелизација на податоците за корисникот.
(2) Податоците и информациите прикажани во TC eMap® се набавуваат од трети. TimoCom го задржува правото на раскин на договорот во случај на неточна или ненавремена самостојна испорака, освен ако корисникот може да ја докаже вината на TimoCom.
Програмата ги бара целите според наведените називи на местата. Притоа можно е да се добијат резултати од пребарувањето кои што се со слични називи или со повеќекратни повторувања. TimoCom не должи исправен автоматски избор на посакуваното место преку програмата. TimoCom истотака не презема гаранција за исправноста и потполноста на сродните податоци како на пр. поштенски броеви, податоци за улици или други дополнителни информации. Картите се подложни на промени во зависност од техничката состојба. Не постои гаранција за податоците, како ни за потполната исправност и состојба на картите.
(4) Материјалот на картите и другите сродни податоци (карти) се добиваат од давателите на лиценци. Картите и функционалностите се заштитени со авторски права и се исклучиво во сопственост на TimoCom и/или на неговите даватели на лиценци и партнери и се осигурани со меѓународни договори и со други државни закони, во коишто се користени. TimoCom му гарантира на корисникот непренослива, неексклузивна подлиценца на таквите карти кои што се користат во производите на TimoCom, исклучиво за интерна употреба на корисникот. Корисникот не смее да ги копира, разделува, издвојува ниту да направи производи изведени од тие карти. Корисникот не смее да го изведе изворниот код, изворните датотеки или структурата на картите во потполност или делумно, како ни да пробува таков извод, билу преку повторна конструкција, разделување, декомпилација или на друг начин. Корисникот не смее да ги користи производите за водење услужно претпријатие или за други цели, кои вклучувааат преработка на картите преку други личности или единици. Корисникот не добива права на сопственост, тие остануваат кај давателите на лиценци. Напомената за copyright-от, податоците за изворот или за сопственоста на картата во или на картата не смее да биде променета, скриена или избришана.
(5) Доколку трети добавувачи, кои постоеле при потпишувањето на договорот, ја зголемат цената во однос на TimoCom, TimoCom има право цените односно лиценците коишто се плаќаат, сразмерно да ги зголеми за корисниците. Зголемувањето на цените стапува на сила 2 седмици пред први во месецот по добивање на образложение. Доколку зголемувањето на цените за користење на TC eMap® биде зголемено преку TimoCom за 10% во една календарска година, корисникот има право на вонредно право на раскин на договорот кој што може да се изврши 2 недели по известувањето за зголемување на цената.
(6) TimoCom го задржува правото по сопствена проценка да ги модифицира, проширува или повторно да ги уредува приказите на картите и податоците, вклучувајќи ги и способностите и спецификациите за приказ на картите и дополнителните функции во врска со картите. TimoCom нема обврска да достави или да спроведе работа на одржување, исправување грешки, коректура (patch), ажурирање (update) или подобрување (upgrades).
(7) Притоа важат овие услови за крајниот корисник (HERE услови на употреба)
(8) Договорниот однос во врска со лиценците кои што се плаќаат почнува со писмено прифаќање или со потпис на договорот за лиценца кој може да биде раскинат од двете страни без образложување со рок од 14 дена пред крајот на календарскиот месец. Траењето на договорот е 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку договорот не е претходно уредно раскинат од една од договорните страни.

3г. Правото за користење на функцијата за телематика

(1) Платформата му дозволува на корисникот, доколку е договорено, пристап до функцијата за телематика со која што може да ги пренесе (Upload) постоечките радио или сателитски поддржани податоци за неговите возила, како на пр. позициони податоци од Global Positioning Systems од постоечките уреди за локализација или сензорски системи на корисничката платформа на TimoCom и неа таму неограничено да ја прикажува, себе си и на другите корисници на тој софтвер (Viewer), по пат на временски ограничени дозволи.
Исто така платформата му овозможува на Viewer-от приказ на податоци од уредот за следење на возила на други корисници, по добивање соодветна дозвола. Неопходен составен дел за прикажување на овие податоци е и договорот за обезбедување на понудувувач на телематика, како и лиценца за апликацијата TC eMap® или соодветно споредлива алатка за прикажување на карти, кое може да биде поддржано од страна на интерфејсот TimoCom (GPS-Share).
(2) Корисникот се обврзува, доколку му потврдил на Viewer-от приказ на податоци од системот за телематика на возила на неговото возило, да му ги дава тие податоци на располагање без прекин во текот на договорениот временски период во рамки на актуелната состојба на техниката. Самиот корисник е одговорен за исправен и навремен пренос на податоци на TimoCom.
(3) Користење и преработка на податоци од телематските системи на возила во странски возила, кои што не се трајно изнајмени или користени од страна на корисникот, не е дозволено, доколку не е во рамките на одобрението според наведениот став 1 помеѓу 2 User-и на софтверот. На корисникот особено не му е дозволен upload на податоци од телематските системи на под-претпријатија, коишто редовно односно во голема мера работат за корисникот. Во случај на прекршување на овој став TimoCom има право да ги блокира податоците на дадените телематски ситеми.
(4) Корисникот е одговорен за заштита на приватноста во согласност со користењето на функционалноста. Корисникот се обврзува дека при прибирањето, обработката и користењето на податоците со помош на функционалноста ќе се држи до сите релевантни одредници за заштита на податоците според важечкото право. Пред сѐ телематските податоци смеат да бидат употребени исклучиво за координација на примената на возила односно телематските системи во рамки на целите за кои што е услугата наменета.
Не е дозволено, премостени телематски ситеми во рамките на услугата да се именуваат со јасни имиња на вистински личности ( на пр. име на возач)
(5) Корисникот се согласува со прибирањето, преработката и користењето на преработените податоци со помош на платформата (пред сѐ позиционите податоци) преку TimoCom. Корисникот може во секој момент да ја отповика својата согласност за идно прибирање, обработка, складирање и користење на телематските податоците обработени преку функционалноста. Отповикувањето не влијае на основите на договорот и платежната обврска на корисникот. Корисникот се согласува, дека како последица на ова повлекување TimoCom можеби не може да биде во позиција да дозволи понатамошна употреба на телематска функционалност.
а) Корисникот ги информира сите лица опремени со телематски систем за дадената согласност за обработка на податоци од страна на TimoCom, видот на податоците кои се обработуваат, целта и времетраењето на обработката, компаниите кои се вклучени во обработка на податоци како и за можноста да се прекине преносот на податоци.
б) Доколку е според законите важечки за корисникот потребна согласност од лице опремено со телематски систем, корисникот мора да биде сигурен, дека сите потребни согласности се приложени во писмена форма или други прифатливи алтернативи (на пример, оперативни договори). Корисникот мора да ги сочува соодветните докази во временски период од 2 години по завршувањето на траењето на договорот и на барање на TimoCom да го врачи оригиналот.
(6) Viewer е одговорен за заштита на податоци во согласност со користењето на функционалноста. Viewer се обврзува при прибирањето, преработката и користењето на податоци по софтверски пат, да се држи до сите релевантни одредници за заштита на податоците според важечкото право. Пред сѐ телематските податоци смеат да бидат употребени исклучиво за координација на примената на возила, односно телематските системи во рамки на целите за кои што е услугата наменета. Какво било користење вон оваа цел не е дозволено.
(7) Доколку Viewer-от, односно корисникот ги прекрши прописите за заштита на податоци, пред се од гореспоменатите ставови 4,5, односно 6, TimoCom има право моментално да го откаже договорот со Viewer-от, односно корисникот. Viewer-от, односно корисникот го ослободува TimoCom потполно од побарувањата кои што резултираат во врска со или од невнимание со прописите за заштита на податоци, пред се од гореспоменатите ставови 4,5, односно 6, од страна на Viewer-от, односно корисникот.
(8) Договорниот однос од кој произлегува обврска за плаќање почнува со писмен прием или со потпишување на договорот за лиценца и може да биде раскинат од двете страни по редовен пат и без наведена причина со отказен рок од 14 дена пред крајот на календарскиот месец. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку договорот не е пред тоа уредно раскинат од една од договорните страни.

3д. Права на користење на TC eBid®

(1) Платформата му овозможува на корисникот, доколку е така договорено, пристап до апликацијата TC eBid® со која што може да објавува постојани налози од транспортната и логистичката област за целна група избрана од негова страна (тендер-налогодавач) т.е понуди за тендер (наддавач). Апликацијата е корисничка платформа со чија помош може да се врши опис на понуди, нивно прибирање за подготовка на независно склучени договори, како и нивна обработка и пренос.
(2) Правото на користење за налогодавачот на тендери почнува со приемот на уплатата на првата фактура од TimoCom или со одобрувањето на пристап до апликацијата преку TimoCom.
(3) Тендерот не представува обврзувачка понуда, туку повик за давање понуди и не представува должност за склучување договор. Објавувачот прима на знаење дека понудената цена се однесува исклучително само на понудената услуга од негова страна. Важечки договор стапува на сила само по меѓусебен договор помеѓу давателот на утовари и понудувачот..
(4) Понудувачот е врзан за својата понуда на период од 1 месец по истекот на тендерот.
(5) TimoCom го задржува правото да врши проверка на тендерските понуди најдолго 2 работни дена по објвувањето, како и да врши проверка на понудите на понудувачите во однос на исправност, потполност и во однос на исправност, потполност и заклучивост. Понудата се смета за нелегитимна во случај да крши важечки права или владини забрани, права на трети лица или добрите обичаи. Понудата се смета за непотполна кога недостасуваат значајни договорни делови или неопходни информации како на пр., соодветни одобренија или лиценци за изведување. Понудата се смета за неодлучувачка доколку на пр. доминира рекламнaта компонента или доколку се однесува исклучиво на поединечен транспорт.
(6) Доколку TimoCom дури и дополнително утврди дека е точка 5 прекршена од страна на понудувачот или тендер-налогодавачот, го задржува правото да го избрише тендерот од апликацијата, да го стопира, или да не го објави, при што го задржува правото на надомест.
(7) TimoCom го задржува правото да ги објави исклучиво оние тендерски понуди од апликацијата кои поседуваат најмалку просечен бонитет од признато кредитно биро и против кои што нема познати околности коишто би можеле конкретно да го загрозат финансиското одвивање на тендерот. Просечна оценка на бонитетот одговара на пример, приближно на индексот поголем од 300 кај Creditform e.V. во Германија, “B” кај Euler Hermes Kreditversicherungs-AG ili „R“ кај Coface AG во Европа. Доколку вредноста на бонитетот на тендер-налогодавачот падне под овие вредности во текот на траењето на тендерот, или доколку TimoCom прими информации за околности кои можат да ја загрозат подоцнежната исплата на објавените тендери, TimoCom може понудата од моментот на сознание за намалената оценка да ја прекине или да ја суспендира до решавање на смалениот бонитет.
(8) TimoCom има право да го преземе преносот на понудите кон тендерот или истовремена проценка на тендерот поради порамнување на барањата за овој тендер од страна на TimoCom.
(9) TimoCom има посебен простор за прашањата на потенцијалните понудувачи за одреден тендер. TimoCom го задржува правото да го продолжи времетраењето на тендерот за околку време колку што е потребно за да се одговори на прашања за кои е потребно повеќе од еден работен ден. TimoCom исто така го задржува правото да изврши бришење на внесови кои им пречат на останатите корисници во користењето, како што се
- внесови кои не служат за разјаснување на фактите поврзани со конкретен тендер
внесови кои што се по својата суштина рекламни или
- кои што можат останатите учесници да ги доведат на лош глас
(10) За сите внесови и понуди на корисникот во вид на тендер, кој што TimoCom преку апликација го објавува или проследува, одговорен е исклучиво корисникот. TimoCom не гарантира за тие внесови или за исполнување на договорните обврски како ни за тајноста на информациите произлезени од истите и самиот не представува договорна страна. TimoCom не одговара за внесовите или за можностите на понудувачите, особено доколку се внесуваат на молба на тендер-налогодавачот.
(11) TimoCom го задржува правото на бришење на внесови од страна на понудувачите како и на одбивање на проследување, доколку дојде до факти кои укажуваат на директно загрозување на перформансите на понудувачите, односно доколку постојат законски или регулациони причини кои што ќе го оневозможат сам да ја исполни тендерската обврска. TimoCom има право на бришење и на оние внесови или на одбивање на проследување на таквите внесови, кои не стопанисуваат во сопственото име и не користат сопствена сметка.
(12) Договорниот однос почнува со писмен прием или со потпишување на договорот за лиценца и може да биде раскинат од двете страни по редовен пат и без наведување на причина со отказен рок од 14 дена пред крајот на календарскиот месец. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку договорот не е пред тоа уредно раскинат од една од страните. Договорниот однос алтернативно може да биде образложен со поединечно истапување и се завршува автоматски со завршувањето на тендерот, без неопходен раскин. Павото на употреба на понудувачот кој е поканет на учество на тендер од страна на тендер налогодавач се завршува со завршувањето на периодот за понуда, без потреба за посебно најавување на крајот, инаку произлезено од договорот за лиценца.
(13) TimoCom има право да го зголеми надоместот кај зголемувањето на индексот на малопродажните цени дефинирани од страна на комисијата на Европската унија (http://epp.eurostat.ec.europa.eu) во склад со регулативата на ЕУ број 1921/2001 2005 = 100 поен, во однос на постоечкиот индекс во моментот на склучувањето на договорот во ист (процентуално пресметан) износ без обврска за претходна најава на промената на цената од страна на TimoCom. Меродавна е измената којашто е објавена за месец октомври од страна на комисијата на ЕУ. Промената ќе стапи на сила на 1.јануари следната година. При намалување на индексот на малопродажните цени, надоместот за употреба се смалува во ист однос (процентуално пресметано) и автоматски стапува на сила на 1. јануари следната година. Соодветната цена е фиксна за една календарска година. Прописот се применува годишно.

3ѓ. Право на користење на берзата на складишта

(1) Платформата му овозможува на корисникот - како што е договорено - понудување на складишни капацитети и увид во понудените складишни капацитети. Објавата на понудите може да се врши како преку софтверот на корисничката платформа, преку јавно достапните интернет страници на TimoCom, така и преку www.portatio.com
(2) Застарените податоци треба веднаш да се избришат. Внесот мора да биде потполн, со едноставно писмо, без дополнителни растојанија или некои знаци за нагласување и со исправни податоци во предвидените полиња за внес. TimoCom го задржува правото автоматски да ги избрише внесовите на податоци коишто не ги исполнуваат тие критериуми, односно насоките и цифрата 3 став 2.
(3) Договорниот однос почнува со писмен прием или со потпишување на договор за лиценца и може да биде раскинат од која било од двете страни по редовен пат и без наведување на причина со отказен рок од 14 дена пред крајот на календарскиот месец. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку договорот не е пред тоа уредно раскинат од една од страните.

3е. Правото на користење на функционалонста за пораки

(1) Опцијата испраќање и примање пораки му овозможува на корисникот, при согласност, во рамките на корисничката платформа да испраќа пораки на друг корисник којшто е регистриран за оваа опција.
(2) Опцијата испраќање и примање пораки не е замена за вообичаените начини на комуникација, а посебно не е соодветна за емитирање итни повици или слични предупредувања до одговорните тела и институции.
(3) За користење неопходно е отварање и одржување на кориснички профил. Со активирање на опцијата испраќање и примање пораки корисникот може да се прикаже на корисничката платформа како отворен за примање пораки. За содржината на испратените пораки одговорен е исклучиво дотичниот регистриран корисник. Пораките коишто ги испраќаат корисниците не представуваат став на компанијата TimoCom, ниту пак се согласува со нив, ниту ги поддржува.
(4) Кога корисникот ја активира и користи опцијата за испраќање и примање пораки, TimoCom ги собира, обработува и складира личните податоци на корисникот, пораките, како и информациите кои што самиот корисник на неговиот профил ги направил достапни за трети. TimoCom ги користи овие податоци за следниве цели:

  • Проверка на идентитетот на корисникот
  • Пружање и одржување на договорените услуги
  • Обезбедување на почитување на овие општи услови на користење
  • Изведување на трансакции кои што ги иницирал корисникот
  • Исполнување на правни обврски или применливи регулаторни или законски барања

(5) TimoCom не гарантира дека пораката ќе дојде до својата цел. Исто така не се гарантира дека личноста која е наведена како испраќач или примач на пораката навистина е и личноста која ги прима и испраќа пораките.
(6) TimoCom го задржува правото, но не е обврзан, во склад со правилата за доверливост во телекомуникациите, да ги проверува пораките на корисниците и во случај на кршење на одредбите 3 (2) на овие услови на користење, таквите пораки да ги блокира или да ги оневозможи податоците на корисникот или пристапот на корисникот до опцијата праќање и примање на пораки.
(7) Корисникот се согласува со тоа дека преку користење на опцијата за испраќање и примање пораки, пораката која што ја испраќа преку опцијата за испраќање и примање пораки по правилата за доверливост во телекомуникациите, TimoCom ја чува на серверот во период до 3 месеци заради испраќање до избраниот корисник и за да му овозможи да ја прикаже пораката. TimoCom ја задржува пораката за корисникот на серверот додека пораката, по желба на сите корисници кои учествуваат во комуникацијата не се избрише, или кога ќе поминат најмалку 3 месеци од креирањето и испраќањето на пораката, доколку не е поинаку пропишано, уредено или применливо според законот, правно или институционално. По истекот на временскиот рок за чување на пораката, корисникот мора да смета на бришење на пораката без претходно известување.
(8) За придржување до евентуални обврски во врска со чувањето, одговорен е исклучиво корисникот. За ова корисникот ја има на располагање опцијата за печатење којашто овозможува одвоено чување на документацијата.
(9) Корисникот е одговорен за користење на опцијата испраќање и примање пораки со почитување на заштитата на податоците. Корисникот се обврзува дека при прибирањето, обработката и користењето на податоците во опцијата за испраќање и примање пораки ќе се држи до сите релевантни одредници за заштита на податоците според важечкото право. Какво било користење на податоците вон оваа цел е недозволено. Корисникот го ослободува TimoCom од сите побарувања коишто произлегуваат од или во врска со непридржувањето до одредбите коишто се однесуваат на законите за заштита на податоците.
(10) Корисникот може во секој момент да ја отповика согласноста дадена на TimoCom за идно прибирање, обработка, складирање и користење на податоците обработени преку опцијата за испраќње и примање пораки. Отповикувањето на согласноста не влијае на опстанувањето на договорот и на обврска за плаќање на корисникот. Корисникот признава дека во таков случај, TimoCom можеби нема да биде во состојба да овозможи повторно користење на опцијата за испраќање и примање пораки.
(11) Договорниот однос од кој што произлегува обврска за плаќање, почнува со писмен прием или со потпишување на договор за лиценца и може да биде раскинат од двете страни по редовен пат и без наведена причина со отказен рок од 14 дена пред крајот на календарскиот месец. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува месечно, доколку истиот не е уредно раскинат од една од договорните страни.

3ж. Правото на употреба на TC Connect

(1) TC Connect им овозножува на корисниците, доколку е така договорено, поврзување помеѓу постоечкиот транспорт-менаџмент-системски софтвер кај корисникот (во продолжение: ТМС) и платформата. Притоа TC Connect извршува функција на интерфејс со чија помош се разменуваат податоци помеѓу ТМС на корисникот и платформата.
(2) Не содржи графичка корисничка површина. За прикажување на содржините на платформата може да биде потребно договарање на понатамошни лиценци.
(3) Поврзувањето на дадениот ТМС на корисникот со овој интерфејс, а со тоа и на платформата, се врши на сопствена одговорност на корисникот. TimoCom може да го поддржи тука корисникот со давање на располагање на технички опис на интерфејсот на производот. Техничкиот опис на производот не е составен дел на овој договор. Не се гарантира дека техничкиот опис на производот е употреблив без технички предзнаења на интерфејсите.
(4) Договорниот однос почнува со писмен прием или со потпишување на договор за лиценца и може да биде раскинат од која било од двете страни по редовен пат и без наведување на причина, со отказен рок од 14 дена пред крајот на календарскиот месец. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку не е претходно раскинат по редовна постапка од некоја од договорните страни.

3з. Правото на употреба на „Услугата за управување со документи (DMS)“

(1) Платформата му дозволува на корисникот, доколку е договорено, пристап до функцијата „Услуга на управување со документи“ (DMS), со којашто тој може неограничено да ги прикачува своите документи на платформата на TimoCom (Upload) и истите може да ги даде на увид на останатите корисници на платформата. TimoCom го задржува правото на ограничување на услугата во однос на форматот, волуменот и количината на документите.
(2) Документите кои што ќе бидат прикачени од страна на корисниците ќе бидат заштитени и сочувани во ЕУ. Преземањето на податоците се врши преку преземање од страна на авторизиран корисник, при што правата за ова ќе бидат задржани од страна на корисниците. Корисникот се согласува со прибирањето, преработката и користењето на прикачените документи со помош на DMS-от и на податоците преработени од страна на TimoCom.
(3) Технологиите и функционалностите на DMS се заштитени со авторски права и се исклучиво во сопственост на TimoCom како и на неговите даватели на лиценци и партнери и се осигурани со меѓународни договори и со други државни закони.
(4) TimoCom се ослободува од давање на услуга кон корисниците, ако местото на снимање не е на располагање, според цифра 2 став 1 од овие услови а врз основа на настанати околности од даватели на лиценци од трети лица и кои не се предизвикани од TimoCom. Корисникот веднаш ќе биде информиран за ваквите испади, и за истиот период се ослободува од надомест од противуслуга.
(5) Корисникот е единствено одговорен за користење на неговиот пристап за управување со документи преку DMS,  и да се воздржува од какви било злоупотреби и каков било обид нелегално да се добијат информации за себе или трето лице или да интервенира во системот на платформа. Во вакви случаи, ќе ги сноси трошоците, вклучувајќи ги и оние трошоци  на TimoCom предизвикани од инспекција на опрема и / или трошоци коишто се должат на таквите дефекти и грешки кои се во рамките на одговорност на корисникот. Корисникот треба веднаш да го извести TimoCom за пристап до производите од страна на неовластени трети лици  или нему познати други лица или за сомневање за нарушување на безбедноста и кои било други релевантни услуги кои за TimoCom се беспалатни, особено кога тоа е побарано да се направи од страна на TimoCom и потребните мерки не надминуваат пристоен износ на трошоците.
(6) Пред преносот на документите, корисникот мора да ги провери во однос на малициозни содржини, особено со употреба на најактуелната соодветна технологија на софтвер за вирус заштита.
(7) Корисникот може во секој момент да ја отповика согласноста дадена на TimoCom за идно прибирање, обработка, складирање и користење на податоците обработени преку опцијата за DMS. Отповикувањето не влијае на основите на договорот и платежната обврска на корисникот. Корисникот признава дека во таков случај, TimoCom можеби нема да биде во состојба да овозможи повторно користење на опцијата за  DMS.
(8) Корисникот се обврзува дека при прибирањето, обработката и користењето на податоците во опцијата за испраќање и примање пораки ќе се држи до сите релевантни одредници за заштита на податоците според важечкото право.
(9) Доколку корисникот ги прекрши прописите за заштита на податоци, пред се од став (8), TimoCom има право да го откаже договорот во истиот момент. Корисникот го ослободува TimoCom од сите побарувања коишто произлегуваат од или се во врска со непридржувањето до одредбите коишто се однесуваат на законите за заштита на податоците.
(10) ДМС не е замена за електронска архива со податоци, особено заради тоа што не се врши ревизорски безбедно и временски неограничено чување од страна на TimoCom. За придржување до евентуални обврски во врска со чувањето, одговорен е исклучиво корисникот. По истекот на временскиот рок за употреба, корисникот мора да смета на бришење на пренесените документни без претходно известување.
(11) Договорниот однос започнува со писмена согласност или со потпишувањето на договорот за лиценца и истиот може да биде раскинат од која било од страните без објаснување за поводот за раскинувањето со отказен рок од 14 дена пред календарскиот истек на месецот. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку не е претходно раскинат по редовна постапка од некоја од договорните страни.

3ѕ. Правото на употреба на „GPS-Share“

(1) „GPS-Share“- им овозножува на корисниците, доколку е така договорено, поврзување на постоечкиот софтвер на корисникот со Платформата Притоа „GPS-Share“- функционалноста извршува функција на интерфејс со чија помош се разменуваат податоци помеѓу софтверот и платформата. Одредбите за заштита на податоци на телематската функцијалност за TC eMap® (ставки 3-7) наоѓаат соодветна примена во врска со телематските податоци.
(2) Не содржи графичка корисничка површина. За прикажување на содржините на платформата може да биде потребно договарање на понатамошни лиценци.
(3) Поврзувањето на дадениот софтвер на корисникот со овој интерфејс, а со тоа и на платформата, се врши на сопствена одговорност на корисникот. TimoCom може да го поддржи тука корисникот со давање на располагање на технички опис на интерфејсот на производот. Техничкиот опис на производот не е составен дел на овој договор. Не се гарантира дека техничкиот опис на производот е употреблив без технички предзнаења на интерфејсите.
(4) Договорниот однос почнува со писмен прием или со потпишување на договор за лиценца и може да биде раскинат од која било од двете страни по редовен пат и без наведување на причина, со отказен рок од 14 дена пред крајот на календарскиот месец. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку не е претходно раскинат по редовна постапка од некоја од договорните страни.

3и. Правото на употреба на „Налози“

(1) Платформата му возможува на корисникот со примена на „налози", доколку е договорено, да поставува, обработува, пренесува и прикажува објаснувања и документи за документирање и поддршка со склучување на транспортни договори со друга страна. За таа цел корисникот може да создава шаблони, да обработува формулари, да коментира изјави и да зачувува во платформата. TimoCom може на корисникот да му ги стави на увид досегашните трансакции.
(2) Други договорни страни може да бидат корисници на платформата, па дури и од давателот на утовари креирани трети контакти. Еден таков трет контакт, со самото препраќање на документите или изјавата не добива и право на користење на платформата.
(3) Во формуларите од технички причини одредени податоци може да бидат веќе стандардно поставени. Стандардното поставување не претставува препорака од TimoCom. Корисникот ќе ги приспособи овие податоци според своите потреби и на сопствена одговорност.
(4) Корисникот е свесен дека при приложување на изјави за согласност во врска со основните компоненти на еден транспорт во рамките на апликацијата, стапува на сила важечки договор помеѓу вклучените страни со потврдени права и обврски.
(5) TimoCom може досегашните трансакции во форма на преглед да ги стави на располагање и до 10 години. За таа цел, TimoCom може да ги собира, обработува и чува податоците. За придржување до евентуални обврски за чување, одговорен е исклучиво корисникот. За ова TimoCom му ја става на корисникот на располагање Експорт опцијата којашто овозможува одвоено чување на документацијата.
(6) Договорниот однос започнува со писмена согласност или со потпишувањето на договорот за лиценца и истиот може да биде раскинат од која било од страните без објаснување за поводот за раскинувањето со отказен рок од 14 дена пред календарскиот истек на месецот. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку не е претходно раскинат по редовна постапка од некоја од договорните страни.

3ј. Правото на употреба на „функционалноста понудувач“

Платформата му овозможува на корисникот, доколку е договорено, пристап до „функционалноста понудувач“, со која тој може да нуди поединечни утовари на целна група избрана од него (давателот на утовари) т.е цена за една понуда (понудувач). Функционалноста му овозможува на корисникот да опишува поединечни налози за утовари, да ги обработува како и да пренесува понуди и цени за истите.
(2) Кон целната група можат да припаѓаат корисници на платформата како и трети контакти поставени од самиот давателот на утовари.
(3) TimoCom го задржува правото да го ограничи бројот на понудувачи кои може да се одберат за една понуда за поединечен транспортен налог. Исто така се задржува правото да се ограничи периодот помеѓу понудата и планираниот датум на испорака.
(4) Понудата на утовар не е обврзувачка понуда, туку поканата за давање на понуди и не обврзува на склучување на договор. Давателот на утовари прима до знаење дека ценовната понуда се однесува исклучиво на услугата понудена од негова страна. Договорот стапува на сила дури по меѓусебната согласност од страна на давателот на утоварот и понудувачот.
Податоци кои не се актуелни мора да се бришат веднаш. Внесот се врши во потполност во едноставни чекори, без дополнителни празни полиња или знаци кои што служат за нагласување и со правилни внесови во предвидените полиња за внес. TimoCom го задржува правото да ги избрише внесовите на податоци коишто не ги исполнуваат тие критериуми, односно насоките и цифрата 3 став 2.
(6) Договорниот однос започнува со писмена согласност или со потпишувањето на договорот за лиценца и истиот може да биде раскинат од која било од страните без објаснување за поводот за раскинувањето со отказен рок од 14 дена пред календарскиот истек на месецот. Траењето на договорот изнесува 1 месец и се продолжува секогаш за 1 месец, доколку не е претходно раскинат по редовна постапка од некоја од договорните страни. Правото на користење на понудувачот, кој бил поканет од страна на давателот на утоварот да достави понуда, завршува со доделување на договорот на еден од понудувачите, без да се бара посебен престанок на друг начин со правото на користење од постојниот договор за лиценца.

4. Цена на користење

(1) Надоместот за користење доспева пред почетокот на периодот на користење и мора да доспее кај TimoCom, најдоцна третиот работен ден од соодветниот период. Пресметките за дополнителните услуги од страна на TimoCom доспеваат веднаш. Трошоците на плаќањето ги претука зема корисникот со исклучок на законското правило за SEPA-плаќања.
(2) Правото на корисникот на надомест или повраток на надомест поради жалба е исклучен, освен во случај на неоспорна или правно позитивно решена противтужба.
(3) Доколку TimoCom му одобрил попуст на корисникот поради плаќање на надоместот за лиценца за одреден пресметковен период, тогаш овој попуст не важи ретроактивно за договор или за дел од договор ако истиот се заврши пред истекот на пресметковниот период со редовен отказ од страна на корисникот. Истото важи кога отказот настанал поради важна причина од страна на TimoCom.
(4) TimoCom има право цената на договорената лиценца  да ја зголеми на годишно ниво, доколку не е експлицитно загарантирана цената за тој период. TimoCom ќе најави зголемување на цената по писмен пат во рок од најмалку 4 седмици однапред. Доколку зголемувањето на цената изнесува повеќе од 5% во однос на истиот период претходната година, странката има посебно право на отказ во рок од 14 дена од моментот кога новата цена стапува на сила.
Изостанокот на попуст или истекувањето на временски ограничена посебна понуда не се смета за зголемување на цената во смисла на оваа клаузула.
Доколку TimoCom еднаш или повеќе пати не го искористи своето право на зголемување на цената, со тоа не се одрекува од правото како такво. Авансното плаќање не дава гаранција на цената за однапред уплатен период.

5. Подеднакво третирање, подлиценци, заштита на права, заштита на податоци

(1) Софтверот му дава на корисникот пристап до корисничката платформа како и на другите корисници, без право на приоритет во однос на останатите корисници.
(2) Овој договор за лиценца не важи за давање на подлиценци или за пренос на податоци добиени со софтверот како ни за употребни можности на трети лица, особено за употреба на софтверот за сопствена заштита на компјутерски права. Софтверот и неговиот изворен код се заштитени со авторски права. Софтверот останува сопственост на TimoCom. Софтверот може да содржи кодови кои се интелектуална сопственост на трети страни заедно со напомените за тоа, можни преку поврзувања. Лиценците за овие кодови третата страна ги дава на корисникот врз основа на договор за лиценцирање или одредба. Корисникот го прифаќа важењето на овој договор или одредба за лиценцирање.
(3) Корисникот мора на TimoCom да му ја пријави секоја употреба на трети лица којашто е во спротивност со правото на користење на овој договор или наводни барања на трети лица против неговата употреба или против TimoCom, со што би се овозможила што побрза заштита на правата.
(4)Корисникот нема право на софтверско-техничка поддршка, на дополнителни испораки на ажурирање или понатаму на носачи на податоци, а особено не на правото на изворниот код, реверзибилен инженеринг, декомпонирање или менување на софтверот. На корисникот му е забранета употребата на лиценцираниот софтвер за понатамошен софтверско-технички развој, за изменета верзија, или правење на копија на трети лица, дури и да станува збор за други корисници. Секое такво користење, било со копирање, паралелно или со употреба на различни работни места или за различни бранши и/или експозитури, бара писмена согласност за дополнителни платени лиценци.
(5) Корисникот е должен да го извести TimoCom за секоја значајна промена во трговско-деловниот регистар на претпријатија веднаш по сознанието за настанатата промена. Ова особено се однесува на трансформацијата, промената на адреса, како и испишувањето или впишувањето во трговско-деловниот регистар на овластени лица кои го застапуваат претпријатието.
(6) Корисникот е согласен TimoCom да чува технички податоци за корисникот заради идентификација, мапирање и сигурност на податоците како и заради подобрување на преносот на податоци. За таа цел, тука можат да припаднат анонимни информации зависни од крајните уреди, како што се употребуваниот оперативен систем, резолуцијата на екранот, интернет пребарувачот, ИД и брзината на процесорот, физичка меморија и MAC адресата како и податоци, кои можат да имаат врска под овие околности со индивидуални лица како што е IP адреса, препознавање на уредот, домен на DNS, инсталациската патека, корисничко име, поставките за јазикот, колачињата и телематските податоци.
Покрај тоа, TimoCom снима и обработува лични податоци кога корисникот ќе се регистрира за лична сметка кај TimoCom во изготвувањето на својот профил за  претставување на платформата, како на пр. името на корисникот, адреса, детали за контакт, задача на корисникот во компанијата и дадените познавања на јазици.
(7) Корисникот се согласува TimoCom да ги чува податоците на корисникот исклучиво заради склучување и обработка на договор, како и за добивање информации за кредитната способност на корисникот од соодветните агенции.
(8) Корисникот е согласен дека TimoCom може да ги пренесе податоците на корисникот за исполнување на договорот за лиценца или податоците од сервисните налози на фирми ќерки или на партнерски фирми. Во моментов, тоа се следните: TimoCom SAS, 153, Boulevard Haussmann, FR-75008 Paris; TimoCom Logistica SL, Avenida Riera Principal, 8, ES-08328 Alella/Barcelona; Hock R. Kft, Malom u. 7., HU-8000 Székesfehérvár; D.A. Korbut, ul. Motylewska 24, PL-64-920 Piła; DPN CZ Team s.r.o., Klíšská 977/77, CZ- 400 01 Ústí nad Labem; Ticonex GmbH, Bessemerstr. 2-4 DE-40699 Erkrath.
Овие претпријатија прибираат и преработуваат податоци на корисниците исклучиво по налог на TimoCom, според нејзините насоки и се обврзани од TimoCom да се држат до постоечкиот закон за заштита на податоците. До пренос на податоци на корисниците на трети лица може да дојде во случај на законски смерници, остварливи службени или судски наредби, како и за спречување или сузбивање на кривични дела или прекршоци против лиценцни смерници.
Податоци кои немаат лични референца, на пр. анонимизирани податоци или тие кои се одредени за целите на остварување за трет корисникот може да се снимаат и обработуваат од TimoCom како и да се пренесуваат на трети страни.
(9) Корисникот може во секој момент да ја отповика или ограничи согласноста дадена на TimoCom за идно прибирање, обработка, складирање и користење на неговите лични податоци.
Укинувањето или објаснувањето за ограничување може да се однесува на: 

TimoCom Soft- und Hardware GmbH
Заштита на податоци
Bessemerstr. 2-4
40699 Erkrath

E-Mail: datenschutz(at)timocom.com

Отповикувањето не влијае на основите на договорот и платежната обврска на корисникот. Корисникот признава дека како резултат на таквото отповикување или ограничување, TimoCom можеби нема да биде во состојба да овозможи повторно користење на платформата.
До пренос на податоци на корисниците на трети лица може да дојде во случај на законски смерници, остварливи службени или судски наредби, како и за спречување или сузбивање на кривични дела или прекршоци против лиценцни смерници.
(10) TimoCom предупредува дека според § 28.a ставка 1., бр. 5. од сојузниот закон за заштита на податоци (BDSG), податоците за противдоговорното извршување на неподмирени побарувања од договорниот однос ќе бидат доставени на SCHUFA Holding AG, Kormoranweg 5, 65201 Wiesbaden, доколку отвореното побарување се темели на договорен однос кој што поради неплатени обврски може моментално да се откаже и ако отвореното побарување не се подмири од Ваша страна а кое ја надминала доспеаноста во рамки на наведениот рок. Понатамошни информации за SCHUFA ќе најдете на www.meineSCHUFA.de

6. Гаранција и одговорност

(1) TimoCom исклучиво гарантира дека платформата служи за употреба во договорениот обем. Наводите во описот на производите, проспектите и упатствата за работа ставени на располагање од страна на TimoCom представуваат необврзувачка препорака. Понатамошна одговорност на TimoCom е исклучена. TimoCom особено не презема одговорност за актуелноста, точноста и потполноста на информациите поставени од страна на другите корисници нити за компатибилноста на платформата со компјутерската опрема на корисникот или за употребените врски за пренос на податоци.
(2) Уредувањето на хиперврските и информациите на интернет страниците на трети лица достапни преку почетната страница на TimoCom не представуваат дел од договорните обврски. Не служат ниту за подетално објаснување на договорните обврски. Уредувањето на хиперврските односно на страниците достапни преку хипер врски не е под непрекината контрола, така што TimoCom не презема никаква одговорност за нивната содржина или точност.
(3) TimoCom не одговара за штета настаната помеѓу различни корисници, при губење или грешка во пренос на податоците или на друг начин. TimoCom не одговара за штетни програми или програмски кодови (вируси, тројанци, црви и сл.,) кои што ги пренесува корисникот преку корисничката платформа, или кои се пренесени преку дополнителни прилози на нивните понуди или описи и се пренесуваат на тој начин. Корисникот непосредно одговара за тоа дека нема да пренесува штетен софтвер.
(4) TimoCom ниту е договорен партнер ниту посредник во договори склучени со помош на платформата или преносник на соодветни објаснувања. Од тие причини TimoCom не гарантира редовно одвивање на договорените договори помеѓу самите корисници или остварување на економски успех. Корисникот сам ја проверува правилноста на доспеаните податоци и внесови на трети лица. Пораките коишто ги испраќаат или објавуваат корисниците преку Платформата не представуваат став на компанијата TimoCom, ниту се согласува со нив, ниту пак ги поддржува.
TimoCom не гарантира, дека порака испратена од платформата ќе стигне до целта, т.е ќе биде примена и ппочитана од адресираниот примател. Исто така не се гарантира дека личноста која е наведена како испраќач или примач на пораката навистина е и личноста која ги прима и испраќа пораките.
(5) Корисникот го ослободува TimoCom од сите одговорности настанати како последица на употребата на платформата од страна на корисникот која што не е во склад со овој договор. TimoCom исти договори склучува и со другите корисници и доколку е потребно (по претходни подмирувања на поединечни побарувања за отштета на TimoCom), ги застапува евентуално постоечките побарувања за подмирувања на отштетата према другите корисници заради покривање на штетите на корисниците.
(6) Опасноста од непренесување или погрешно пренесување на податоци паѓа на терет на корисникот оној момент кога податоците излегуваат од зоната на влијание на TimoCom.
(7) Ограничувањата или исклучувањата на одговорности во овој договор за штети од страна на корисникот не важат во случаи на
a) намерно или со грубо невнимание предизвикано од TimoCom, негови законски престаници или помошници во извршувањето,
б) кривични повреди на значителен дел од одредбите на договорот со што се загрозува исполнувањето на намената на договорот,
в) одговорност на TimoCom поради злоба или добивање на гаранција,
г) одговорност на TimoCom според принудно право, како на пр. законот за заштита на производи или
д) одгоорноста за кривична повреда на животот, телото или здравјето на TimoCom, негови законски преставници или помошници во извршувањето.
(8) Ако корисникот е претприемач, тогаш одговорноста на TimoCom е ограничена при склучување на договорот на вообичаени штети предвидени при договори:
a) Во случаи на претходниот став 7 a) при грубо невнимание од страна на едноставни помошници,
б) Во случаи на претходниот став 7 a) при грубо невнимание.
За губење на податоци, програми и обновување со употреба на платформата, TimoCom одговара во случаите на точка 7а) и б) само доколку губењето кај корисникот не можело да биде избегнато со мерките на предострожност како на пример со редовно осигурување на податоците.
(9) Основните делови на платформата, кои што се маркирани како "BETA" или "BETA-верзија" се однесуваат исклучиво за недовршени производи, која што во себе ги има сите главни функции, но во поглед на перформансите, компатибилноста и стабилноста постојат ограничувања, бидејќи според досегашното искуство не можат да се симулираат пред објавувањето сите хардверски и софтверски околини, односно однесувањето при користење. TimoCom ги става таквите BETA-основни делови на платформата на располагање само за необврзни тестирања, од кои што се неопходни извештаи за искуството на корисниците. Карактеристиките на производите и ослободеноста од тешки грешки не мо же да се гарантира. Корисникот прифаќа, дека TimoCom не одговара за можни прекини на користење на системот, губење на податоци, неисправности и штети после тие неисправности како и за пропуштени добивки. Корисникот мора пред инсталацијата и користењето на BETA-составниот дел на платформата во потполност да ги осигура податоците.

7. Рекламации

(1) Доколку TimoCom прими информации за корисник кој ги прекршил обврските од транспортниот договор или друг закон (во продолжение: жалба), TimoCom има право, но не и обврска, овие поплаки со или без именување на страната која се жали, да ги изнесе и на други корисници без сослушување или проверка на наведениот корисник.
(2) Корисникот против кого е поднесена жалба („Обвинет“), должен е без одложување, а најдоцна во рок од една недела од приемот на известувањето за жалбата, да го извести TimoCom во писмена форма за нејзината содржина и да ги отстрани причинитие на жалбата или барем да оправда зошто му е потребно повеќе време.
(3) Доколку на корисникот не му успее да го побие прекршувањето на обврските TimoCom има право - но не и обврска - на корисникот да му пружи помош во рок од една седмица. Ограничената помош е достапна, кога на TimoCom истата не му се чини неразумна.
(4) Правата од ставовите 2 и 3 во врска со правото на блокада или прекин постојат исклучиво заради заштита на интересите на TimoCom. Доколку TimoCom истото не го користи, одговорноста према преостанатите корисници е исклучена.
(5) TimoCom не е обврзан да ги проверува пристигнатите жалби.

8. Вонреден отказ, траење на лиценцата, завршни одредби

(1) Траењето на правото на употреба се одредува според поединечните модули. Во текот на траењето на бесплатната пробна фаза важи можноста за вонреден отказ од двете страни.
Двете страни имаат право на вонреден раскин на договорот во случај на важна причина без придржување кон отказниот рок. Важна причина за раскин на договорот од страна на TimoCom е особено кога:
a) корисникот е платежно неспособен или му се заканува истото,
б) му е одбиено отварање на постапка на инсолвентност за сопственоста на корисникот или доколку корисникот мора да го продолжи законското осигурување,
в) корисникот се огрешил од одредбите и условите коишто доведуваат до загрозување на намената на договорот или до блокирање во склад со точките 3 параграф 4 или 5,
г) корисникот со еден износ на парите за надоместот којшто одговара на еден месец, доцни повеќе од 14 календарски дена или
д) доколку кадровските односи во претпријатието на корисникот се променат во висина од 25% или повеќе или правно го застапуваат други лица, во однос на времето кога е склучен договорот.
ѓ) корисникот, чиј законски застапници или со него поврзани фирми стапуваат во конкуренција со TimoCom.
(3) Правото на употреба важи од моментот на давање на правото преку TimoCom и се завршува истовремено кога е извршен прекршокот
(4) По истекот на договорот корисникот мора да го избрише софтверот без право на задржување и да прекине со неговата употреба
(5) Доколку корисникот е претприемач, правно лице на јавното право или јавен фонд во склад со § 310 параграф 1 реченица 1 BGB или доколку нема општа правна надлежност во Германија, средиштето и правна надлежност е во Диселдорф. Важи правото на државата Германија под закрилје на правото на ОН за продажба на добра.
(6) Доколку TimoCom му доставува превод од овој договор или дел од договорот, германската верзија останува меродавна и правно обврзувачка, доколку во соодветниот превод се наоѓа неусогласеност во однос на германската верзија или отстапување од неа.
(7) Во случај поединечните одредби од овие услови да не се ефктни, важноста на преостанатите одредби останува на сила. Наместо неважечките одредби важат ефектните одредби во склад со договорот и тоа оние кои што се следни по цел по неважечките одредби.

Штанд: 30.12.2016

Услови и правила АГБ -TimoCom CashCare - Германија: TimoCom CashCare

Изведба

1. TimoCom Soft- & Hardware GmbH ќе работи исклучиво како поддршка на налогодавачот при наплаќањето на неговиот чист износ на фактурата. TimoCom по своја сопствена оценка ќе побара од должникот заземање на став во однос на уплатата на отворените побарувања.
2. TimoCom нема да преземе гаранција за успехот на интервенцијата.
3. Уплатите, бонификациите или компензациите на должниците по направената интервенција важат како успех на интервенцијата, ако налогодавачот во рок од 2 седмици по најавениот термин за плаќање не му докажува на TimoCom дека немало порамнување на побарувањата.
4. Право на налогодавачот е во секое време да спроведува и други мерки со цел наплата на побарувањата.

§ 2 Надомест

1. Фактурата доспева по приемот.
2. TimoCom може парите доспеани од должникот да ги намени за сопствена тужба против налогодавачот (промет со тековна сметка)
3. TimoCom го задржува правото да го наплати износот на фактурата заедно со другите фактури, доколку од деловниот однос веќе постои овластување за наплата на налогодавецот. Налогодавецот, што се однесува до тоа, му дава на TimoCom полномоштво да може да го наплати неоспорниот износ на фактурата од деловната сметка.

§ 3 Почеток и завршеток

1. Налогодавачот е врзан 3 работни дена за својата понуда за давање налози. Договорот стапува на сила со прифаќањето на налогот од страна на TimoCom. За прифаќањето не е потребна посебна форма и може да следи без зборови. Што се однесува до TimoCom, договорот се смета за прифатен особено тогаш кога TimoCom може да докаже дека веќе интервенирал кај должникот.
2. Налогодавецот може да го откаже налогот придржувајќи се до рокот од 2 седмици. Ако веќе е направена интервенција кај должникот, налогодавецот и понатаму има обврска да информира за уплатата на работата за којшто дал налог, а TimoCom и понатаму има право на договорениот надомест.
3. Секоја странка и понатаму има право на вонреден отказ во случај на тешки повреди на обврските.
4. Доколку налогодавецот или должникот изгуби или го заврши својот статус на корисник кај TimoCom во врска со налогот за интервенција, и налогодавецот и TimoCom имаат право на повлекување на договорот. Во тој случај, договоорт важи за поништен за во иднина.
5. Ако за време на спроведувањето на интервенцијата би се испоставило дека е побарувањето ненаплатливо, интервенцијата се завршува, а ова ќе му биде јавено на налогодавачот. Побарувањето важи за ненаплатливо особено тогаш кога тоа е спорно, отстапено, во судска постапка, извршиво или оптеретено со правни трети лица или кога должникот е платежно неспособен. Во тој случај, договоорт важи за поништен за во иднина.
6. Налогодавецот е обврзан да го поддржи TimoCom со пружање на соодветни информации. Доколку, и наспроти барањето, TimoCom не ги добие потребните информации за обработка на налогот во рок од 14 дена, има право да го раскине договорот и да го намири до тогаш настанатиот надомест во случај на успех.

§ 4 Одговорност

1. Спроведувањето на договорот се ограничува во следните случаи:
a) намерното или со грубо невнимание предизвикано од TimoCom или негови помошници во извршувањето,
б) кривични повреди на значителен дел од одредбите на договорот со што се загрозува исполнувањето на намената на договорот,
в) одговорност на TimoCom поради злоба или добивање на гаранција,
г) одговорност на TimoCom според принудно право, како на пр. законот за заштита на производи или
д) одгоорноста за кривична повреда на животот, телото или здравјето на TimoCom, негови законски преставници или помошници во извршувањето.
2. Ако корисникот е претприемач, тогаш одговорноста на TimoCom е ограничена при склучување на договорот на вообичаени штети предвидени при договори:
a) Во случај на претходниот став 1 a) при грубо невнимание од страна на едноставни помошници,
б) Во случај на претходниот став 7 a) при грубо невнимание
3. Налогодавачот е одговороен за тоа дека отворениот износ доспеал, дека е неоспорен, како и за тоа TimoCom да ја добие сите потребна документација и информации. Се напоменува дека налогодавачот може да бара повраток на трошоците на успешна интервенција од должникот исклучиво доколку истиот доцни со своите обврски и доколку е врз основа на надлежниот правен поредок на тоа обврзан. Што се однесува до овие трошоци, налогодавачот мора да му се обрати директно на должникот.
4. TimoCom го задржува правото дека по завршувањето на постапката ќе ја поништи целата документација која што не мора да се чува од причина која е одредена со закон.

§ 5 Друго

1. Сите спогодби мора писмено да се потврдат.
2. Ако налогодавачот не е потрошувач, Диселдорф е местото на исполнување и местото на судска надлежност. Важи германското право.
3. Доколку некоја од одредбите е неделотворна или ќе стане неделотворна, ова не се однесува на делотворноста на сите други одредби или спогодби. Странките имаат обврска наместо неделотворни одредби да востановат делотворна спогодба којашто ќе биде најблиска до целта на неделотворните одредби.

Штанд: 01.10.2014

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.