TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.
TIMOCOM – Транспортен-лексикон
Транспортен лексикон

Бизнис логистика

Бизнис логистика е збирен поим за вкупната логистика во една фирма. Ги вклучува сите интерни аспекти како и сите крос-компаниски акспекти на логистиката. Тука припаѓаат набавките, интерната логистика за производството како и испораката и дистрибуцијата на произведената роба.

Поимот
Во економската наука поимот „логистика“ се дефинира како планирање, управување, спроведување и контрола на физичкиот проток на робата и на протокот на информации кој е тука вклучен во ракмите на целокупниот синџир на вредности на една фирма.

Во основа во секоја фирма има логистички задачи, без разлика во која дејност. Бизнис логистика при тоа е над-поим за многуте различни барања кон логистиката на секоја поединечна фирма. Фирми, кои се активни во логистичката дејност, се специјализирани за физичкиот тек на робата и истата ја превземаат како и задачите поврзани со тоа, како даватели на услуги за други фирми, особено при транспортот на стоки.
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.