TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.
TIMOCOM – Транспортен-лексикон
Транспортен лексикон

Логистика 4.0

Под Логистика 4.0 се подразбира најмодерната логистика која вклучува вмрежување, дигитализација и клауд-компјутеризација. Според тоа, задачата на логистичарите не се ограничува веќе, како порано, само на транспортот, туку се заснова на координативната функција на логистиката во целокупниот синџир на испорака во целата фирма.

Поимот
Логистика 4.0 како поим настана врз основа на поимот индустрија 4.0 кој за првпат беше споменат во Хановер на саемот ИАА комерцијални возила. Според него, се наоѓаме во четвртата индустриска револуција. Првата се случи со појавата на парната сила, втората со употребата на електричната енергија и употребата на подвижните производствени ленти. Третата индустриска револуција, опишана и како дигитална револуција, започна со автоматизацијата на производството и употребата на електрониката како на пример кај програмираното управување.

Со Логистика 4.0 се продолжува тој тренд со вклучување на модерната информациска и комуникациска технологија. Интелигентни и дигитално вмрежени системи треба да овозможат луѓето, машините, уредите, логистиката и производите директно меѓусебно да комуницираат. Ако логистиката се интегрира во најран можен момент во ланецот на набавка, се достигнува оптимизација во just-in-time-производството. Од другата страна транспортерите се надеваат на поголема сигурност во планирањето, истотака и на поголема искористеност на нивната флота и пократко време на чекање на утоварните места.
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.