TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.
TIMOCOM – Транспортен-лексикон
Транспортен лексикон

ADR

ADR (опасни материи)

Со ADR се опишува европската повелба за опасни материи. Во неа се содржани прописи за патен сообраќај во однос на пакувањето, обезбедувањето на утоварите и обележувањето на опасните материи.

Поимот

ADR е кратенка за „Accord européen relatif au transport international des marchandises dangereuses par route“, на македонски „Европската спогодба за меѓународен превоз на опасни стоки во патниот сообраќај“. Меѓународниот поим ADR е веќе толку распорстранет во транспортната бранша, што веќе се препознава во секоја земја.

Историја

Договорот беше донесен во 1957 во Женева, ама стапи во сила дури кон крајот на Јануари 1968. Секои две години се приспособува на новите технички и правни наоди. Членки, денес се сите ЕУ-земји, АДР е правно важечко и преку една одредба на ЕУ. Освен тоа, во меѓувреме многу други европски членки станаа членки но и земји како Мароко, Тунис и неколку централноазиски земји, кои порано беа дел од Советскиот Сојуз. Вкупно ADR договорот во моментов го имаат потпишано 48 членки (состојба 6/2017)

Прописите

Секој возач на камион кој што транспортира опасни материи мора да поседува дозвола за превоз на опасни материи, официјалниот термин е „ADR-потврда за обука“. Важи пет години и автоматски истекува ако не се продолжи пред истекот на рокот. За таа цел возачот мора да исслуша и курс за освежување на материјата.

Секоја фирма која редовно превезува опасни материи, мора да има најмалку еден вработен кој е одговорен за превозот на опасни материи. Тој е одговорен за почитување на одредбите и прописите во врска со опасните материи.

Секој камион кој превезува опасни материи, мора да поседува посебна опрема. Тука припаѓаат предупредувачките табли во портокалова боја кои се преклопуваат, шлем, заштитни очила како и два апарата за гасење на пожар.
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.