TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.
TIMOCOM – Транспортен-лексикон
Транспортен лексикон

CMR

Со CMR се означува меѓународниот договор за прекугранични транспорти, кои се спроведуваат на копно.

CMR е кратенка за Convention relative au contrat de transport international de marchandises par route“, на македонски: Меѓународна конвенција за договори во патниот товарен транспорт. Договорот го регулира доделувањето и спроведувањето на налозите, одговорноста при доцнење како и губитокот или оштетувањето на транспортните добра. Дополнително, договорот содржи и прописи во врска со рекламациите и случај ако следат неколку превозници. Ако некој предмет не е регулиран од CMR, дополнително важи националното право. Договорот исклчутително се однесува на утоварувањето на патни возила. Контејнери или комбинирани надградби се посебни и не се сметаат за возила според CMR. За ваквите меѓународни транспорти се издава стандардизиран CMR товарен лист.

Историја
Договорот е постигнат во 1956 под покровителство на ОН. Најпрвин беше потпишан од 10 држави. Земји основачи наCMR беа: Белгија, Германија, Франција, Луксембург, Холандија, Австрија, Полска, Шведска и Швајцарија.

Во Сојузна Република Германија договорот беше ратификуван во 1961 година, во Источна Германија во 1974. Во меѓувреме се приклучија сите европски земји, освен тоа и две африкански земји (Мароко и Тунис) како и повеќе земји од Централна Азија и Блискиот Исток.

Поимот
Поимот CMR всушност го означува самиот договор, но во пракса најчесто (и тоа погрешно) така се нарекува CMR-товарниот лист. Овој стандардизиран формулар всушност е пропишан само за прекугранични превози, кога (најмалку) појдовната и целната земја се членови на CMR. Но, во секојдневието често се употребува и за национални транспорти.
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.