TIMOCOM Logo

JavaScript е деактивирана во Вашиот пребарувач.

Со тоа се редуцираат функциите на оваа веб страна. За да се зголеми бројот на корисниците и комфорот, Ве молиме привремено активирајте JavaScript во уредувањето на Вашиот пребарувач.
TIMOCOM – Транспортен-лексикон
Транспортен лексикон

FTL (Full Truck Load)

Како FTL (Full Truck Load) се опишува транспорт во кој камионот превезува само еден утовар и со тоа максимално се пополнети неговите капацитети. На македонски тоа се нарекува комплетен утовар.

За возачот, како и за транспортната фирма, а и за налогодавачот комплетните утовари се многу попријатни. Притоа, за транспортерот отпаѓа дополнителниот напор за авизирање, фактурирање како и време на чекање на повеќе утоварни и истоварни места. Возачот има помалку работа при утоварот и истоварот како и при обезбедување на робата. Налогодавачот има предност, со оглед на тоа што ова е најбрзиот начин на транспорт, т.е робата се пренесува без дополнителни запирања на директниот пат од местото на утовар до приемачот.

Спротивното од FTL е делумниот утовар , кој уште се нарекува LTL (Less Than Truckload). Целосно полн контејнер се нарекува FCL (Full Container Load), кај железничкиот транспорт се зборува за вагонски утовар.
Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами.