Сите новости на еден поглед

Актуелни известувања за печат

20.12.2019

Real-Time-Visibility во ланецот на снабдување

Еркрат, 25.10.2019 –Ги знаеме сите и веќе се почесто ги користиме услугите засновани на локацијата - без разлика дали за испорака на пакети, навигација или сите локални пребарувања на паметниот телефон. За разлика од приватната употреба, каде скоро секогаш станува збор за принципот „испраќач и дестинација“, следењето во реално време во ланецот на снабдување е многу покомплексно. Бидејќи тука се вклучени голем број на трговци, шпедитери и возачи. Долг ланец на допирни точки и актери, кои честопати се технички одвоени, но многу зависни едни од други. Со цел овој ланец на снабдување да биде транспарентен за сите учесници и да постигне максимални синергиски ефекти, TIMOCOM ги разви Smart App и Smart API следење на возила. 

читај понатаму >
25.11.2019

TIMOCOM транспортен барометар: Германската транспортна индустрија извозува помалку налози во третиот квартал од 2019 година отколку во претходната година

Германските транспортни компании остварија помалку деловни активности во третиот квартал на 2019 година отколку во претходната година. Од јули до септември националниот превоз со камиони во Германија опаднаа за 12 проценти во однос на истиот период од претходната година. Како и да е, цикличниот пад, кој беше очигледен до средината на годинава во побарувачката за транспортни услуги во првиот Smart Logistics System во Европа, беше стопиран. Ова го објавува ИТ компанијата TIMOCOM во својата анализа за третиот квартал од 2019 година со  анализа на транспортниот барометар.

читај понатаму >
05.11.2019

Сигурни и одржливи партнери со систем

KAPPA STAR Group е инвеститор во добро познати компании (во Србија) кои се лидери во нивните индустрии. На пример, фабриката за бисквити Jaffa во Црвенка или фабриката за бисквити и торта Banini во Кикинда. Покрај традиционалните производители на бисквити, исто така дел од групцијата се и фирмата за хартија FHB, компанијата Ekostar Pak и, од 2003 година, познатиот производител на картони UMKA од Белград.

читај понатаму >

Актуелни известувања за услуги

12.11.2019

Кога не само робата, туку и профитот се крие во складиштето

Кога Божиќ ќе заврши, веќе следниот сезонски бизнис е во полн ек - за Велигден. Искористеноста на складиштата наскоро достигнува максимални капацитети и го снемува слободниот простор за складирање. Ретко кој простор за складирање е достапен на краток и среден рок - но тоа само привидно. Покрај тоа, потрагата по соодветни даватели на услуги може да биде огромен временски фактор, а времето чини пари. Зарем не би имала смисла една апликација која едноставно ги здружува давателите на логистички простор за складирање и потенцијалните клиенти? Со клик на глувчето?

читај понатаму >

Медиум

За визуелна поддршка на текстови од и за TIMOCOM на располагање Ви е медиотеката на TIMOCOM. Фотографиите и документите за преземање ги подготвивме во четири категории „дејност“, „акции“, „фирма“ и „платформа/услуги“ Понатамошната можност за филтрирање како на пр. по јазици, ви овозможува интуитивно управување со нашата медиотека.

Кон медиотеката

Контакт за печат

TIMOCOM GmbH
Unternehmenskommunikation
Timocom Platz 1
DE-40699 Erkrath

+49 211 88 26 69 53

+49 211 88 26 59 24

presse@timocom.com

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе