Чекањето беше вчера: TIMOCOM и Cargoclix го намалуваат времето на чекање кај рампите за утовари

TIMOCOM и Cargoclix на саемот transport logistic 2019 во Минхен претставуваат проект за соработка

Сподели на ...
15.05.2019

Нема повеќе чекање на рампата за утовар: Тоа е амбициозната цел на соработката помеѓу TIMOCOM и Cargoclix. Со комбинирање на телематски податоци и управување со временски слотови, двете ИТ компании сакаат да ги решат познатите проблеми со застојот при влезот и излезот на роба и да постават нов индустриски стандард.

Системот за управување со времето "SLOT" на Cargoclix и GPS податоците на TIMOCOM на корисниците им обезбедуваат флексибилно управување на рампите за утовар.
Сподели на ...

Системот за управување со времето "SLOT" на Cargoclix и GPS податоците на TIMOCOM на корисниците им обезбедуваат флексибилно управување на рампите за утовар. Со континуирано споредување на позициските податоци со пропишаниот временски рок за испорака, компаниите од индустријата и трговијата можат точно да го пресметаат „Estimated Time of Arrival“ (ETA) и да проверат дали камионот може да стигне до рампата за утовар навреме или да се претпочита друг налогоземач.

Ова е начинот на кој функционира динамичкото управување со времето на рампата за утовар


Во пракса, давателот на транспортни услуги ги објавува своите GPS податоци. Истите, редовно се споредуваат со податоците за положбата на камионот и добиеното пресметано фактичко време на пристигнување испратено до операторот на рампата за утовар. Така, тој може со податоци во реално време да пресметаува и да распоредува. Точното предвидување го скратува времето на чекање на возачите на камиони а во идеален случај и го елиминира чекањето.

"Со растот на патниот товарен транспорт, многумина стравуваат дека ќе се влоши проблематиката со чекањето на рампите за утовари. Но, денес не мора да се чека на рампата за утовар. Интеграцијата на динамички податоци ги прави процесите многу поефикасни и флексибилни за операторите на рампи за утовари  и транспортерите. "Времето на чекање - нула" е пред се прашање на технологија ", вели проф. д-р. Виктор Мејер, партнер - советник во Cargoclix.

"Ги покриваме речиси сите даватели на телематички услуги на нашите клиенти преку соодветни системски интерфејси", објаснува менаџерот за решенија Андреа Ди Домицио. Така, TIMOCOM е оптимален синергиски партнер за Cargoclix: TIMOCOM ги обезбедува GPS податоците а Cargoclix со SLOT се грижи за подобрено управување со времето. Суверенитетот на податоците останува недопрен, бидејќи податоците се добиваат само за пресметка на ЕТА.

"Безбедното споделување на податоци за зголемување на видливоста во синџирот на снабдување ќе продолжи да расте", вели менаџерот на ТИМОКОМ, Ди Домицио. "Отпаѓаат телефонски повици и е-пошта, компаниите можат подобро да планираат и возачите на камиони ќе чекаат помалку". Многу добро познати компании од сите индустрии веќе го користат решението SLOT: Секој налогоземач мора преку SLOT да се пријави на рампата за утовар.

Според возачите, времето на чекање значително се зголемило во текот на изминатите пет години, забележува федералната служба за товарен сообраќај,во најновата набљудување на пазарот. Двете страни бараат изедначување: возачите сакаат подобро организирани процеси, операторите на рампите за утовари се потпираат на обврзувачки информации.

"Нашата нова ориентација како Smart Logistics System, исто така, вклучува мрежно поврзување на системи за да им обезбедиме важни информации на нашите заеднички клиенти во вистинско време", вели Андреа Ди Домицио. "Со нетрпение очекуваме да работиме со Cargoclix за да обезбедиме решение кое сигурно во иднина ќе биде стандардно и ќе го олесни секојдневното работење".

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе