skip navigation

Вон европските граници

Кинеска владина делегација во посета кај TimoCom

Сподели на ...
11.07.2016

Еркрат, 24.06.2016 - Кога делегација од Кина е на турнеа за разгледување на европските центри за товарен сообраќај, тогаш никако не смее да недостасува  TimoCom, најголемата транспортна берза во Европа. Вкупно единаесетмината членови на делегацијата, за тој факт станаа свесни  уште кога пред патувањето дознаа за TimoCom. Така владината делегација кон крајот на Јуни ја посети централата на фирмата во Еркрат и доживеа едно попладне позади сцената во TimoCom.

Од Кина низ Европа до Еркрат

На своето патување низ Европа, владината делегација веќе имаше посетено транспортни центри во Лондон, Амстердам и Минхен за да добие претстава како меѓусебно се интегрираат копнениот, поморски и шинскиот транспорт. Уште во својата татковина при прабарување по сериозна европска платформа, наидуваат на TimoCom. Во Кина се повеќе на значење добиваат темите како оптимизација на транспорт и искористување на возилата. Не помина долго време пред да стане јасно дека ќе дојдат и во Еркрат на посета кај TimoCom.

Тоа се случи во понеделник на 20.06.2016 . Единаесетте членови беа пречекани во TiComplex на TimoCom од страна на Chief Representative Марсел Фрингс и неговата асистентка Надин Ројтерсберг. Посетата започна со обиколка низ четирикатното здание на фирмата. Додека поединечните одделенија и одделенија беа накратко претставувани, Марсел Фрингс раскажуваше за успешната историја на европскиот лидер на пазарот помеѓу берзите на утовари и утоварен простор. Уште од самиот почеток, гостите беа многу заинтересирани. Соодветно на тоа беше и вниманието кон објаснувањата на портпаролот на фирмата. Во маркетинг одделот, зборуваше за различните култури, кои не се само специфични за клиентите на TimoCom туку и интерно за вработените. Потоа ја поведе делегацијата во ИТ одделот, во кој постојано се развива и оптимизира транспортната платформа за употреба на клиентите. Откако сите катови и оддели беа посетени,  членовите на делегацiјата седеа во удобна атмосфера во сопствениот ресторант „тимос есцимер“ и возбудено го слушаа Марсел Фрингс како им го презентира портфолиото на TimoCom. Освен од берзата на утовари и утоварен простор, решението за пресметки и следење на возила, деловниот адресар и функцијата за јавни објави за редовни транспортни налози, гостите беа особено воодушевени и од берзата на складишта. По завршување на презентацијата на фирмата, членовите возбудено поставуваа прашања за развојот на TimoCom како и целните групи и основните точки на успехот. 

Откако сите прашања беа одговорени, владината делегација се поздрави.  Ова сигурно не е последниот разговор. Изгледа дека имаат голем интерес за TimoCom за во сопствениот сообраќаен простор“, на мислење е Фрингс.

Оваа посебна посета покажува дека TimoCom не само што спојува утовари и утоварен простор, туку и различни континенти вон постојаниот работен простор и неговите географски граници.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе