Во Априлисториски рекорд кај TimoCom

Над 750.000 понуди на утовари и уторварен простор на транспортната платформа

Сподели на ...
11.05.2017

Еркрат, 24.4.2017 –  Јасен знак за очигледното заздравување на економијата се случи во средата, на 19 април, со историскиот рекорд од 766.620 понуди на утовори и утоварен простор на транспортната платформа на TimoCom. Тоа е рекорден број на понуди, кои во еден ден биле понудени во изминатите 20 години. На транспортната платформа на TimoCom дневно се нудат слободните капацитети на повеќе од 120.000 корисници од цела Европа. Состојбата со понуди на најголемата транспортна платформа во Европа ја одразува актуелната ситуација на пазарот на патен превоз.

Прогнозираниот економски развој јасно се чувствува
Според еден извештај на светската трговска организација (анг. World Trade Organization, WTO) обемот на светската трговија уште во тековнта година треба да се зголеми за 2,4 проценти. Позитивниот развој веќе можеше да се забележи во изминатите две велигденски седмици. Така, на 19 април транспортниот барометар на TimoCom забележа сооднос на понудени утовари и утоварен простор од 87:13. Тоа значи од вкупно 766.620 понуди за секој слободен камион имало седум понуди за утовари. Од тоа јасно е дека имало многу поголем број на понуди за утовари кои требало да се транспортираат во однос на слободни камиони.

Велигденски бум на улиците и на транспортната платформа
Гунар Гбурек, портпарол на TimoCom, наведува два важни фактори за актуелно надпросечната побарувачка на слободни капацитети во патниот транспорт: „Велигденските празници како и велигденскиот распуст се виновници за јасно зголемената потрошувачка. Друг позитивен фактор е и умереното време, кое ги носи луѓето и стоката на патиштата. Големи варијации на пазарот и во иднина ќе се чувствуваат се почесто. Затоа е уште побитно за налогодавачите и налогоземачите од транспортната и логистичката бранша да се вмрежат дигитално и со тоа да се погрижат за редукција на комплексноста. Платформата на TimoCom е идеално средство, да се реагира флексибилно, ефикасно и сигурно на сите ситуации на пазарот.“

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе