Со TIMOCOM на патот на проширувањето и извозот

Производителот на мебел Додиќ доо ја одделува сопствената дистрибуцијата во независен транспортен оддел

Сподели на ...
14.07.2020
Флотата на Додиќ доо порасна со користењето на системот ТИМОКОМ

Од 2009 година, TIMOCOM им овозможува  пристап до својот систем и на производните и трговските компании. Успешната приказна на српскиот клиент Додиќ доо покажува дека проширувањето со оваа група на клиенти е чекор во вистинската насока.

Со помош на TIMOCOM, производителот на тапациран мебел го проширува подрачјето за достава на своите клиенти со вклучување на западноевропските земји и си си создава втор столб на работење: транспортни услуги.
Сподели на ...

Избегнување на празни тури, диспонирање на вишокот на стока и пронаоѓање на даватели на услуги за транспорт на сопствените производи - клиентите на TIMOCOM имаат најмалку еден од овие три проблеми.

Српскиот производител на мебел Додиќ доо ги имаше сите три, кога во 2016 година стана дел од мрежата на TIMOCOM. Основана во 2003 година, семејната компанија е добро прифатена и бележи растечки тренд за наградуваниот тапациран мебел. Земјите на испорака постојано се зголемуваат и наскоро се вклучени сите балкански земји.

 

Профитабилни повратни тури и отворање на понатамошни пазари благодарение на TIMOCOM

 

Со цел да им понуди најголем можен сервис на клиентите, уште од самиот почеток Додик доо се потпира на сопствената дистрибуција на мебелот со своја флота возила. Сепак, компанијата наскоро си го поставува прашањето за профитабилноста, бидејќи по испораката камионите возат празни назад кон фабриката. За да остане верен на сопственото кредо, Додиќ доо бара решенија за оптимизирање на искористеноста на капацитетите и доаѓа до можностите на германската FreightTech компанија TIMOCOM. 

Брзо станува јасно дека апликациите од TIMOCOM опфаќаат и други потреби на производителот. Покрај пронаоѓањето на повратни утовари, компанијата наоѓа можност да превезува суровини за производство на мебел или да ангажира други превозници за вишоците кои ги надминуваат капацитетите на сопствената флота.

Во 2016 година, Додиќ доо конечно го потпиша лиценцниот договоро за користење на системот на TIMOCOM, станувајќи клиент на семејна компанија која ги следи истите премиси: Близина на клиентот, квалитет на високо ниво и оптимизација на работните процеси.

„Сериозен систем со проверени меѓународни клиенти, одличен кориснички интерфејс и транспорт по разумни цени“,  ги сумира Игор Јањиќ, шпедитер, импресиите на Додик доо и додава: „Тоа беше почетниот сигнал за нас како транспортна компанија и во исто време како доставувач на сопствени производи на меѓународниот пазар“.

 

Со TIMOCOM Додиќ доо го воспоставува транспорт како втора деловна гранка

 

Соработката за брзо време носи плодови. Додик доо гради сопствена мрежа со даватели на услуги од над 43,000 проверени клиенти на TIMOCOM и ја проширува својата флота. Во меѓувреме истата брои 12 возила; производителот на мебел, само во својот оддел за транспорт, ангажира 15 од своите 220 вработени.

Компанијата од неодамна започна да го произведува својот мебел во производствен погон од 6.000 квадратни метри и успеа да ја прошири својата област на делување со вклучување на неколку земји од западна Европа.

„Ние се развивме паралелно со TIMOCOM“, вели директорот Братислав Додиќ. „Бевме во можност да ги оптимизираме нашите повратни тури и да го прошириме нашето поле на активност на транспортниот пазар, зголемувајќи го бројот на нашите возила. Покрај балканските земји, нашиот мебел сега може да се најде и во Австрија, Грција, Швајцарија, Италија, Романија и Полска .“

 

Храброста за иновативност е тоа што ги обедини двете компании. „Ние го користиме TIMOCOM секој ден“, вели Игор Јањиќ и пред крајот на работниот ден брзо доделува утовар преку апликацијата утовари.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе