skip navigation

Новиот сервисен блог на TimoCom ги прави корисниците поумни

Совети и трикови за транспортната платформа отсега ќе најдете на TimoCom Update Pool

Сподели на ...
10.04.2017

Еркрат, 10.04.2017 – Логистичари, шпедитери и превозници секојдневно ја употребуваат транспортната платформа на TimoCom за да пребаруваат или нудат утовари или утоварен простор. Но, повеќето ги познаваат само многу мал дел од сите функции. Со тоа ја пропуштаат можноста, уште повеќе да извлечат од својата работа.  Во тоа помага и новиот услужен блог на TimoCom - „Update Pool“

„Тој што го искористува целосниот потенцијал на транспортната платформа, заштедува значително време во денот и прави повеќе обрт“, јасно објаснува Гунар Гбурек, портпарол на TimoCom.  За тоа сега има помош на услужниот блог на TimoCom-„Update Pool“. На оваа страна ИТ фирмата ги објаснува на едно место сите новини, но и основи околу транспортната платформа. Покрај упатствата чекор-по-чекор со слики од апликацијата, корисниците можат да гледаат и кратки видео упатства. Називот „Update Pool“ според Гбурек точно ја објаснува причината за услужниот блог: „Страната содржи „Pool“ од корисни информации за користењето на транспортната платформа, со кои корисниците секогаш ги имаат најновите инфрмации.“

Топ желбите на клиентите се должност

Повеќето од новините се употребените желби за подобрување на клиентите на TimoCom. Со тоа тие учествуваат во креирањето на нивниот работен алат. Дали станува збор за конкретно пребарување, подобро планирање на релациите или создавање на примери: Со дополнителното знаење од Update Pool корисниците на TimoCom ги склучуваат своите зделки побрзо, поедноставно или побезбедно. На пример, налогодавачите од производството или трговијата можат своите понуди на утовари уште подетално да ги опишат со одредување на бројот на утоварни и истоварни места.  Со тоа транспортерите веднаш знаат дали можат да извршат одреден превоз или не. Со тоа се заштедуваат телефонски објаснувања и побрзо се наоѓа соодветниот налог. Во услови и на до половина милион понуди на утовари и утоварен простор кои дневно се понудуваат на транспортната платформа, токму оваа деталност ја прави разликата. Едно понатамошно подобрување кое е инспирирано од клиентите е барањето на утоварен простор или утовар за одреден временски рок. Со тоа клиентите само со еден налог за пребарување можат да ја планираат целата седмица. Со тоа отпаѓаат поединечни налози кои чинат многу време.

Новини, функции, основи - сè на еден поглед

Каде можат да се најдат новите функции и како можат истите точно да се користат, клиентите на TimoCom  отсега редовно можат да добиваат кратки и јасни објаснувања на updatepool.timocom.com

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе