skip navigation

Промени во размислувањето при купувањето на превози

Зошто логистиката за фирмите што нудат утовари повторно треба да биде нивна суштинска компетенција

Сподели на ...
24.05.2017

Екрат, 23.05.2017 – Индустријата во моментов се наоѓа во една од најбитните технолошки преобразби во последните декади: 3-Д печатење, комуникација машина кон машина, интернетот „Of Things и Big Data“ влијаат на поврзувањето кон клиентите и лиферантите - притоа и на индивидуалниот ланец на набавки. Значително се менува и набавката на транспортни услуги која е дел од овој ланец.

Помеѓу човекот, машината и податоците

Се поголемата дигитализација и автоматизација не само што ја менува нашата комуникација, туку и ја одредува промената на правецот во однесувањето на потрошувачите. Можноста во секој момент онлајн да се нарачува, истовремено влијае и врз производството како и врз испораката. Ако на пример вечерва некој си медиумски „инфлуенсер“ на некоја социјална онлајн мрежа како инстаграм постави фотографија со своите нови, перзонализирани патики, неговите следбеници веднаш ќе посакаат да го имитираат: Патиките да ги конфигурираат по сопствена желба, да ги стават во виртуелната потрошувачка кошничка и по можност уште утре да бидат добиени. Со тоа на овој начин, посебно во текстилната и во електронската индустрија ритамот на порачките станува неправилен а сериите се помали.

Агилни решенија наспроти долгорочното планирање

За производството, трговијата и транспортот долгорочното планирање на ваквата роба станува се потешко. Налогодавачите од производниот и трговски сектор би требало да размислат во врска со досегашните начини на организирањето на транспортните потреби. Тука дигиталните транспортни платформи ја нудат можноста,  краткорочно да се најдат слободни утоварни простори и соодветни даватели на транспортни услуги. Гунар Гбурек, Head of Business Affairs на TimoCom, најголемата транспортна платформа во Европа, објаснува: „Набавката на трнспортни услуги преку дигитални платформи во никој слуај не ги доведува во прашање и рамковните договори. Туку напротив: Многу е важно, да се утврдат постоечките текови: Така можам како купувач да се сконцентирам на налозите, кои навистина не може да се испланираат и кои пред се поради временскиот притисок не можат најоптимално да се решат. Транспортната платформа на TimoCom е дополнително решение, за да се реагира на флуктуациите на пазарот и да се пресретнат потребите на клиентите.“

Добри причини за дигиталното купување на транспорти

Во секое време да се најде соодветниот давател на транспортни услуги и да се задржи сопствената способност за дејствување. Тоа се, според Гбурек, силни аргументи транспортната логистика повторно да се земе во сопствени раце:  „Во иднина предизвикот ќе биде,  на клиентот тоа да му се испорача, што може утре - и тоа најдобро утре а не задутре - да го добие. Од ова не мора да значи дека ќе се развие тренд, од кој дирекно повторно ќе се развие долготраен деловен однос.“

Според проценката на Гбурек, 80% од фирмите кои имаат утовари имаат веќе долготрајни контакти. Сепак, тренба да се има на ум дека е неточно мислењето дека благодарејќи на рамковен договор постои и ценовна сигурност. „Во еден рамковен договор, кој се однесува на подолг временски период, може да се одреди само една проценета просечна цена. Давателот на услугата мора да има вградено ценовен буфер, бидејќи незнае како пазарот ќе се однесува. Тоа значи дека вистинската пазарна цена може да се одреди само во реално време и тоа дирекно на дневната понуда.

Самата цена е и во иднина нема да биде најважниот фактор за многу фирми од производството и трговијата, да се одлучат за одреден давател на услуги. Најважно пред се е, да не се испушти од раце флексибилноста, како што објаснува Ларс Ласковски, раководител на логистика кај MC-Bauchemie Gruppe. „Еден вонреден квалитет, стабилни и реани ветувања, како и флексибилноста, решенија ориентирани кон клиентите  покрај стандардот се клучот за успешен однос со клиентите.“

Оптимизација на ланецот на набавки благодарејќи на влијанието врз транспортот

Конзументите, т.е однесувањето на клиентите може само условено да се управува, од друга страна ланецот на набавка може целисходно да се управува со тоа што ќе се здобие повторно повеќе контрола врз истата.  Токму оваа можност ги нудат дигиталните транспортни платформи, да се побаруваат транспорти брзо, некомплицирано и безбедно во јасно дефиниран круг на корисници.

Кој бара можност да влезе во дигиталното распоредување на транспорти, мора да внимава, покрај зголемениот број на понуди и интуитивна работна површина, и на неутралитет и на високи безбедносни стандарди. Последните помагаат, да ги засилат упатствата за усогласеност на сопствената фирмата.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе