skip navigation

Со вкус и флексибилност до успех

Заеднички раст со транспортната платформа на TimoCom: Зрножит д.о.о. од Црна Гора

Сподели на ...
17.08.2016

Семејната фирма Зрножит д.о.о. поседува петтоцифрен TimoCom ИД број, којшто е најмалиот број од Црна Гора, со што се докажува како долгогодишен, континуирано активен клиент на TimoCom. Паралелно со производството на месни производи покажува големо чувство и за транспортната платформа каде како сопственик на еден тесен пазарен сегмент бележи долгогодишен успех и раст.  Благорадејќи на можноста за прилагодување и трговска грижливост, фирмата е лидер на пазарот во делот на транспорт со ладилници во тој дел од Балканот.

Значителен раст благодарејќи на запоседнувањето на тесен пазарен сегмент.

Фирмата која во 1992 ја основаше г-дин. Јован Калуѓеровиќ се наоѓа на подножјето на масивот Ловќен кај Цетиње, мало црногорско градче, оддалечено само 33 км од морето. Тоа е мешавина од планински и морски воздух, која на престижниот производ на фирмата составена од 27 работници му доделува необична мешавина: наградуваната „Његушка пршута“.

Бидејќи месото е примарна транспортна стока на фирмата, ладилниците на транспортерите се опремени со куки и со тоа се единствени во Црна Гора. Флексибилното менаџирање на овие куки овозможува и транспорт на друг вид на превози за ладилници. Токму тука се наоѓа допирната точка меѓу Зрножит д.о.о  и TimoCom:
„Благодарејќи на транспротната платформа на TimoCom и нашите модифицирани полуприколки, во овој дел на Балканот сме лидери на пазарот“, гордо раскажува Јован Калуѓеровиќ. „Во 2002 започнавме со меѓународен транспорт, во 2004 станавме клиенти на TimoCom за да можеме да ја оптимизираме искористеноста на нашите капацитети при повратните тури. Тогаш имавме 2 камиони, сега се деветнаесет.“

Претпазловост како основа за долготрајно деловно партнерство

Освен едноставното ракување со поединечните функции, и тоа особено транспортната и берзата на складишта,  Зрножит д.о.о  веќе 12 години му е верен на TimoCom и поради една важна специфична особеност: безбедноста.
Само проверени фирми имаат пристап до транспортната платформа“, вели Јован Калуѓеровиќ. „Дополнително, од наша страна и преку деловниот адресар на платформата се проверува потенцијалниот деловен партнер пред секое склучување на договор. Ако е се во ред, веднаш преку алатката стапуваме во контакт со идниот партнер. Многу го цениме ова ефикасно работење на TimoCom. На овој начин секогаш во најкратко време пронаоѓаме доверливи и солвентни партнери.“

Преку претпазливиот начин на проверување, постојано расте мрежата на Зрножит д.о.о. со квалитативно вредни деловни контакти, најчесто шпедиции, веќе со години. Така во моментов постои еден клиент од Австрија, за кој фирмата вози постојано преку целата година.

И за фирми, кои најчесто транспортната берза ја користат за пронаоѓање на повратни тури, можат да се изнајдат долгогодишни партнерства. Успехот на Зрножит д.о.о. докажува, дека ИТ решенијата на TimoCom нудат по нешто и за секоја област од транспосртната дејност и можат да се употребуваат за да се зголеми ефикасноста.

Повеќе информации за TimoCom и Зрножит.д.о.о може да најдете на mk.timocom.com и www.zrnozit.me.

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе