skip navigation
01.03.2022

TIMOCOM транспортен барометар: Искористени капацитети наидуваат на голема побарувачка

Четвртиот квартал 2021 година: Понудите на товари во Европа 51 отсто повеќе од претходната година

Транспортниот барометар TIMOCOM покажува севкупен пораст на понудите на товари.

Четвртиот квартал од 2021 година покажува постојан нагорен тренд на понудите со товари и нерамнотежа во однос на понудите наслободен утоварен простор Транспортниот барометар на TIMOCOM продолжува да покажува зголемување на понудите со товари во Smart Logistics систем во споредба со претходната година. Акумулираните податоци од 46 европски земји покажуваат значителен пораст од 51 процент. И во споредба со Квартал 3 има благо покачување.

„Мали се капацитетите, но го има. Дигиталните апликации можат да помогнат за оптимално искористување на достапноста на просторот за товарење“.Гунар Гбурек, Head of Business Affairs TIMOCOM
Сподели на ...

Транспортниот пазар расте и покрај негативната деловна клима

И покрај зголемените мерки поради корона, и во четвртиот квартал транспортниот пазар продолжи да расте. Во однос на претходниот квартал, од октомври заклучно со декември 2021 година во системот на TIMOCOM се внесени вкупно 9 отсто повеќе товари. Особено ноември и декември поради предбожиќниот бизнис беа повторно многу силни месеци за шпедитерите и транспортните компании низ Европа: Обемот на стоки понудени во дневнат апонуда во ноември е зголемен за 88 отсто во однос на претходната година. Во декември, понудите на товари се зголемени за 52 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година.

Додека понудите на товари во октомври паднаа за 10 отсто во однос на претходниот месец, транспортниот пазар повторно закрепна во ноември и порасна за 8 отсто. И покрајповторното намалување  во декември за -5 проценти, крајната линија е сè уште позитивна:

Низ цела Европа е генериран пораст од 51 процент на понудите на товари во споредба со четвртиот квартал од 2020 година. Постојаниот развој на зголемената побарувачка е сигнал за економско закрепнување, иако во декември ifo индексот на бизнис климата во Германија беше 94,7 . Тесните грла во снабдувањето со репроматеријали и суровини се влошија и го намалуваат расположението во индустријата. Локалните трговци на мало гледаат на ситуацијата драматично како и во зимата 2020 година. Сепак, потребата за транспорт беше на високо ниво и во квартал 4.

Побарувачка за транспортни капацитети во Германија не е намалена

По претерано силниот септември (+60%), домашниот германски транспортен пазар  во октомври генерираше 18 проценти помалку товари отколку во претходниот месец. Сепак, во споредба со веќе опаѓачкиот трет квартал (-18%), понудите со товари повторно се зголемија за 2 проценти. Така, четвртиот квартал е за 37 отсто над истиот квартал од претходната година. Во квартал 4, ноември беше и месец со најмногу понуди со товари во Германија и беше 87 отсто над нивото од претходната година.

Бидејќи побарувачката за товарен простор е непрекината. И покрај тесните грла и доцнењата при испораките, слободниот простор за товарење - како за внатрешен транспорт, на пр. од пристанишните терминали - е дефицитарен и многу барана роба. Односот помеѓу понудите на товар и ангажираните камиони е неурамнотежен.  Овој развој, исто така, има влијание врз цената на транспортот, како што забележува Гунар Гбурек, експерт за логистика и Head of Business Affairs во TIMOCOM: „Цената на транспортот е под притисок од зголемувањето на трошоците за гориво и возилата. Покрај тоа, дополнителоно се зголемени трошоците за персонал, даноци за CO2 и дополнителни услуги, на пример за време на истовар и чекање“, вели портпаролот на компанијата. „Важно на долг рок е да не се блокираат намалените капацитети , бидејќи непотребното резервирање на камиони го намалува расположливиот товарен простор, а воедно ја зголемува и цената на пазарот.“

Зголемување на бројот на киперите, цистерните и мега полуприколките

Во споредба со претходната година,  киперите и цистерни беа најпопуларните типови возила во 2021 година. Побарувачката за вторите е зголемена за 236 отсто, а за кипер возилата во просек изнесуваше 297 отсто. Но, транспортите со контролирана температура се исто така многу популарни: За 184 проценти почесто се барале термо камиони и полуприколки-ладилници. Дополнително, зголемен е бројот на џамбо и мега полуприколките, кои минатата година се појавија за 159 отсто повеќе во описите на понудите. За полуприколките со покриви со подесување на висината кои во 2020 година  беа малку забележителни, побарувачката се зголеми за повеќе од 90 пати. Ова е уште еден показател за тоа. дека налогодавачите се трудат да доварат што е можно повеќе товари во само еден превоз. Тренд кој би можел да продолжи и во 2022 година.

Поединечни меѓународни релаци во споредба: Обединетото Кралство заостанува после Брегзит и во локдаун.

Меѓу најголемите падови од година во година во понудата на товари во европскиот патен транспорт се сите правци до и од Велика Британија:

  • ДЕ => ГБ: Октомври -18%, ноември -16% и декември -48%.

И понудите на товари од Франција до островот исто така се намалени:

  • ФР=> ГБ: октомври -4%, ноември -12% и декември -33%

Понудите на товари од Обединетото Кралство до Германија се намалија за 11 отсто во октомври, но во ноември пораснаа за 25 отсто пред повторно да се намалат за 57 отсто во декември.

  • ГБ => ДЕ: октомври -11%, ноември +25% и декември -57%

Ширењето на омикрон варијанта на корона вирусот и повторниот покдаун, но и Брегзит и изменетите царински прописи се причините за ваквиот развој на настаните.

Повеќе товари во и кон Франција

Од друга страна, позитивни движења во однос на 2020 година може да се забележат кај понудите на товари во и кон Франција. Според Европската комисија, францускиот БДП пораснал за 6,5 отсто, што е повеќе од европскиот просек од 5,9 отсто. Оваа динамика се рефлектира и во зголемувањето на домашниот транспорт:

  • ФР => ФР: октомври +39%, ноември +101% и декември +70%.

Зголемени се и понудите на товари од Германија со дестинација во Франција:

  • ДЕ => ФР: октомври +19%, ноември +99% и декември +75%.

Значително зголемување на транспорти од Холандија

Понудите на товари со потекло од Холандија кон соседна Германија, исто така, продолжија да се зголемуваат. Уште во ноември, Холандија беше прогласена за високоризична област поради ширењето на варијантата омикрон. Следеше уште еден локдаун во декември. Ова доведе до дополнителни транспорти и зголемен проток на стоки во соседната земја во квартал 4.

Поточно, следните промени беа забележани во четвртиот квартал од 2021 година во споредба со истиот квартал од претходната година:

  • НЛ => ДЕ: октомври +61%, ноември +258% и декември +97%.

Полскиот транспортен пазар со намалување на крајот од годината

Во Полска, збирот на националните превози се намали  во четвртиот квартал. Додека односот товар-возило беше 36 отсто над четвртиот квартал од 2020 година, во споредба со претходниот квартал, понудата на товари падна за 12 отсто во квартал 4. Покрај економскиот развој низ Европа, една од причините е ситуацијата на полско-белоруската граница. Поради миграцискиот конфликт, имаше денови на затворање на границата и метеж со камиони од двете страни на границата.

Но, божиќните празници и деловните активности на крајот на годината, исто така, имаа влијание во Полска: По падот од 4 отсто во октомври, транспортниот пазар во ноември се зголеми за 21 отсто во однос на претходниот месец. Сепак, и покрај божиќниот бизнис, растот не беше доволен за да се смени трендот во полскиот домашен сообраќај. Сличен развој можеше да се забележи и во претходната година, што дава надеж за позитивен развој во 2022 година.

Преглед на 2021 и поглед на 2022

Севкупно, закрепнувањето на европскиот патен товарен транспорт, кое започна во втората половина на 2020 година, продолжи и во 2021 година. Сепак, изминатата година, ако резултат на пандемијата, се карактеризира првенствено со тесни грла кај капацитетите и испораките. Секако и по еклатантиот недостиг на возачи во Европа. Дополнително, имаше зголемена инфлација и зголемени трошоци за суровини и гориво. Овие аспекти, исто така, ќе бидат прашања со кои ќе биде зафатена логистиката и во новата година. Сепак, експертот за логистика, Гунар Гбурек, Head of Business Affairs во TIMOCOM, не гледа на ризик безбедноста на снабдувањето. Сепак, може да има дополнителни одложувања на испораките низ Европа. „Во патниот товарен транспорт, особено специјалните транспорти, како што е транспортот со ладилници, нема секогаш да бидат достапни на краток рок. Кај стандардниот транспорт, има повеќе шанси да се најде нешто на дневниот пазар“, вели Гунар Гбурек. „Мали се капацитетите, но го има. Дигиталните апликации можат да помогнат за оптимално искористување на достапноста на просторот за товарење“.

Од 2009 година, FreightTech компанијата TIMOCOM го користи транспортниот барометар за да го анализира во 46 европски земји развојот на транспортната понуда и побарувачка на транспортната берза интегрирана во Smart Logistics систем . Повеќе од 135.000 корисници днево генерират и до 800.000 меѓународни понуди на товари и товарен простор. Системот им помага на над 50.000 клиенти na TIMOCOM  да ги постигнат своите логистички цели на паметен, безбеден и лесен начин.

Повеќе информации за TIMOCOM  ќе најдете на www.mk.timocom.com

нагоре