Врз основа на актуелната ситуација: TIMOCOM го проширува пристапот до водечката берза на утовари и складишта во Европа

ИТ компанијата дава свој придонес за обезбедување на ланците на снабдувањето / Корисниците отсега ќе можат да ја организираат логистика и од дома

Сподели на ...
25.03.2020

Еркрат, 25.03.2020 –  Операторот на водечката транспортна берза во Европа, ИТ компанијата ТИМОКОМ, за време на кризата го проширува пристапот до својот логистички систем. „Сакаме да дадеме свој придонес во обезбедување на населението и одржување на синџирот на снабдување дури и под сегашните исклучителни услови“, вели управниот директор на TIMOCOM, Тим Тирман.

Отсега, корисниците ќе може да ги извршуваат своите транспортни и логистички задачи и од дома без оглед на локацијата и по верификацијата, со менување на лиценцата за IP-адресата. Покрај тоа, TIMOCOM ја отвора својата мрежа од повеќе од 43,000 компании за сите оние кои во моментот немаат издржлива мрежа на транспортни и логистички партнери, со цел да продолжат да ги обезбедуваат своите клиенти со итно потребната стока. 

Отсега, корисниците ќе може да ги извршуваат своите транспортни и логистички задачи и од дома без оглед на локацијата и по верификацијата, со менување на лиценцата за IP-адресата. Покрај тоа, TIMOCOM ја отвора својата мрежа од повеќе од 43,000 компании за сите оние кои во моментот немаат издржлива мрежа на транспортни и логистички партнери, со цел да продолжат да ги обезбедуваат своите клиенти со итно потребната стока.
Сподели на ...

·       Ограничувањата за IP адресите се укинати се до понатамошно известување 

·       Досега се направени повеќе од 5.000 измени

·       Треба да се избегнат „тесните грла“ на испораки со пристап на до и 750.000 понуди на утовари и утоварен прсотор низ цела Европа секој ден

Обезбедување на синџирот на снабдување брзо и небирократски

„Исто така и тука нашата поддршка ќе биде брза и небирократска“, потврдува Тирман. Секој што сега  ќе се регистрира, ќе може да го користи системот на TIMOCOM бесплатно и без договор во текот на целиот следен квартал. Особено во случај на застој или отпаѓање на краткорочни испораки како и при потреба од простор за складирање, може постоечката корисничка мрежа да се искористи за брзо пронаоѓање на алтернатива.

 

На TIMOCOM дневно се нудат и обратуваат и до 750.000 меѓународни понуди на утовари и утоварен простор. Покрај тоа, на располагање се и повеќе од 7.000 површини за логистика и складирање. „Како давател на ИТ услуги за логистичката индустрија, повеќе од 20 години сме дел од случувањата. И ние ги гледаме предизвиците со кои се соочуваат нашите корисници во моментов, вели Тирман. „Во оваа ситуација, потребни ни се некомплицирани и непосредни решенија кои помагаат да се осигура обезбедувањето на логистичното снабдување“.

 

Низ цела Европа во моментов е огромна потребата за логистички услуги. Во исто време, многу компании треба да се префрлат на работа од дома. Тирман: „Веднаш ни беше јасно: Сакаме да помогнеме брзо и, пред сè, ефикасно. “До денес, повеќе од 5.000 корисници од цела Европа ја искористија можноста за работа од дома. Поради огромната побарувачка, TIMOCOM  во моментов ја прави оваа услуга сè повеќе достапна. 

 

Со постојните средства, процеси и системи на логистичката индустрија, постојат можности брзо и самостојно да се најде решение кога треба се изврши траснпорт или треба да се складира стока, без оглед на локацијата. И TIMOCOM исто така сака да даде поддршка во оваа акутна ситуација. Тим Тирман додава: „Овој тест можеме да го решиме заеднички. Убеден сум дека ќе можеме да го сториме тоа со сите наши ресурси и достапните средства “. 

нагоре

Се согласувам оваа страна да употребува „колачиња“ за анализи, персонализирани соджини и реклами. Дознајте повеќе