skip navigation
02.05.2022

Транспортен барометар: Логистиката страда од економските ефекти од војната

Економијата на Европа и транспортната индустрија се соочуваат со големи предизвици

Транспортната индустрија и економско влијание

Првиот квартал од 2022 година е под силно влијание на последиците од руската војна во Украина. Низ цела Европа е паднато расположението во економијата. Потребата за транспорт е сè уште голема. Но, зголемените цени на енергијата имаат огромно влијание врз товарниот патен транспорт. Индустријата се соочува со огромни предизвици.

Зголемените цени на суровините и енергијата имаат големо влијание врз транспортната и логистичката индустрија во сите држави. Пред сè, вртоглаво растечката цена на дизелот и различните нивоа на цени во Европа им штетат на претежно малите транспортни компании и на конкурентноста на европскиот патен транспорт.
Сподели на ...

Побарувачката за товарен простор низ Европа е поголема од понудата

По обновениот пораст на економското расположение на почетокот од годината, неодамнешните случувања околу руската војна во Украина ги намалија очекувањата. Економските ефекти влијаат и на транспортниот пазар. Севкупно, бројот на понуди на товари во Европа во првиот квартал паднаа за 4 отсто во споредба со претходниот квартал. Причината за ова е падот на понуди на товари во јануари (-8%) и февруари (-12%). Во март, понудите на товари, а со тоа и побарувачката за транспортни капацитети низ Европа повторно се зголемија за 42 отсто.  Бидејќи расположливиот простор за товарење е намален поради економските ефекти – пред се зголемените цени на горивата. Побарувачката за транспортен простор низ Европа во првиот квартал од 2022 година е значително поголема од понудата. Во просек, односот на понудаите на товари и возила беше околу 70:30. Оваа слика може да се види и на примерот на домашниот германски транспортен пазар. Побарувачката е постојано поголема од расположливиот товарен простор.

Разлики во релациите меѓу земјите

Сепак, поединечни релации покажуваат сосема поинаков однос: Понудата на товарен простор од Германија до Италија се развиваше во првиот квартал по првично балансирана врска со значително зголемување на товарниот простор од главно над 70 проценти. „На релација Германија - Италија, веројатно имаа влијание тековните производствени тесни грла во германската економија “, анализира Гунар Гбурек, Head of Business Affairs во TIMOCOM, со поглед на намалените бројки на извозот.

Во спротивен правец, можеше да се забележи дека односот на понуди на товари и товарниот простор пред почетокот на војната и санкциите кои првично беа одлучени беше исто така на избалансирано ниво помеѓу 60:40 и 40:60 проценти. Но, тогаш, во март, понудата на товарен простор крахираше и побарувачката неизмерно ја надмина понудата: околу 75 проценти од понудите на товари се соочија со понуда на слободен товарен простор од 25 проценти. И тоа и покрај фактот што нагло зголемувањето на трошоците за горивата, исто така, силно погоди многу важни сектори на италијанската економија. Особено челичната индустрија е исклучително зависна од резервите на суровини од Украина, така што речиси сите челичарници го намалија своето производство или во некои случаи дури и го прекинаа. Очигледно, другите индустрии можеа да го одржат или дури и да го зголемат својот извоз во Германија и на тој начин да обезбедат постојана висока побарувачка за товарен простор.

Транспортните капацитети намалени поради високите цени на горивата

Зголемените цени на суровините и енергијата имаат големо влијание врз транспортната и логистичката индустрија во сите држави. Пред сè, вртоглаво растечката цена на дизелот и различните нивоа на цени во Европа им штетат на претежно малите транспортни компании и на конкурентноста на европскиот патен транспорт.

Фактот дека процентот на понуди на товари во системот на TIMOCOM низ Европа е сè уште толку висок делумно се должи на значително намалените капацитети за товарење. Поради наглото поскапување на енергенсите и постојаниот недостиг од возачи, бројни транспортни компании ги продадоа камионите или привремено се во нирување.

Брзиот пораст на цените на енергенси за дизелот и гасот и недостигот на возачи во Европа уште повеќе се влошуваат со војната во Украина. Голем број украински професионални возачи се вратија во својата земја и недостасуваат на главно балтичките и полските шпедиции и транспортните компании.

 

 

Што значи војната во Украина за транспортниот пазар?

Во Полска, директен сосед на Украина, јасно се чувствуваат последиците: Бидејќи тука работеле многу украински возачи, некои од транспортните компании изгубиле и до една третина од својот персонал и мораа да стават во мирување делови од нивниот возен парк. Откако поголемиот дел од европските компании ја прекинаа соработката со своите руските партнери, се намали и побарувачката за транспортни услуги. Друга причина за ситуацијата со малиот број на малози е тоа што некои украински компании престанаа со работа, односно повеќе не нарачуваат компоненти или испраќаат стоки. Ова е особено важи за автомобилскиот сектор.

Транспортот од Европа до Русија речиси и да запре. Од средината на март во системот на TIMOCOM речиси и да немаше никакви барања за транспорт до Русија. Понудите на товари од Европа за Русија во март паднаа за околу 85 отсто. Ова е малку веројатно да се промени во догледно време. Поради санкциите, само неколку производи се испорачуваат во Русија, а рутите во земјата се напорни и одземаат многу време.

 

Интересен развој може да се забележи со понудите на товари од Европа до Украина. Од почетокот на војната, понудите на товари значително се опаднаа и севкупно се намали за 50 проценти. Во март, сепак, тие за кратко време повторно благо се зголемија. „Гледаме дека по избувнувањето на војната, меѓу другото, во нашиот систем беше побарано и понуден транспорт на стоки со хуманитарен карактер “, вели Гунар Гбурек. Дури и ако изгледа незамисливо: Во западна Украина производството продолжува. Во Smart Logistics систем на TIMOCOM, сè уште има барања за транспорт во  западен правец, дури и ако не толку многу како пред почетокот на војната. Вкупните понудите на товари од Украина во мартпаднаа за повеќе од 80 отсто во споредба со претходниот месец.

 

Ситуацијата со сите ннејзини предизвици ја погодуваат секоја земја во Европа и не се гледа крајот. „Европа стои заедно и заедно се справува со предизвиците за економијата и за транспортната индустрија. Земјите, исто така, обезбедуваат хуманитарна помош за луѓето во Украина“, вели Гунар Гбурек, Head of Business Affair на TIMOCOM. „Тешко дека некој би го предвидел ова ниво на солидарност.“

 

Први транспортни штрајкови и протести во Европа

Сепак, се случува и почетен отпор поради последиците во индустријата. Во Германија, Шпанија и Франција веќе имаше првични протести од страна на возачите на камиони против високите цени на енергијата, што доведе до кратки флуктуации во понудите на товари. Пред се во Шпанија, штрајкот на транспортерите предизвика двонеделен застој на камионите, што предизвика сериозна економска криза. Некои индустрии, како што се млекопроизводителната, земјоделско-прехранбената автомобилската и градежништвото, мораа привремено да ги прекинат своите активности. Ова може јасно да се забележи и во понудите на товари, кои во Шпанија се зголемија од под 10 проценти на над 50 проценти за време на штрајкот. Ваков развој на настаните досега не се случил во Шпанија.

Дури иако владата не преговараше со штрајкувачите, на крајотпротестите во Шпанија беа успешни: Индустријата ќе добие 1,125 милијарди евра како компензација за поскапувањето на горивата. Покрај ветувањето за минимална субвенција од 20 центи за литар или килограм гориво за дизел, бензин, гас и адитивот Adblue, директни субвенции од 450 милиони евра за товарен и патнички превоз и беа ветени двојно зголемување на средствата за субвенции при  откажување од транспортната професија.

 

Финансиско олеснување за обезбедување транспортни капацитети

Сегашниот моментум ги направи многу тешко прогнози за вториот квартал. Меѓутоа, доколку се засилат негативните економски ефекти и протестите во другите европски земји, индустријата и целата економија на Европа ќе се соочат со многу потешкотии во вториот квартал од 2022 година. Доколку европските влади обезбедија линеарна финансиска поддршка и олеснување на транспортната индустрија, како што на пример се дискутира во Германија и бројни источноевропски земји,  ситуацијата за транспортните компании би можела барем малку да се опушти. Во тој случај, транспортните капацитети не би морале да се намалат до степенот од кој стравуваат многу логистички здруженија.

 

Пазарните експерти од TIMOCOM, исто така, редовно објавуваат актуелни случувања и информации од транспортниот пазар во вестите на транспортниот барометар на LinkedIn. Со транспортниот барометар FreightTech компанијата TIMOCOM од 2009 годинаго анализира развојот на понудата и побарувачката на транспорт во 46 европски земји. Повеќе од 147.000 корисници днево генерират и до еден милион меѓународни понуди на товари и товарен простор. Системот им помага на над 50.000 клиенти на TIMOCOM дигитално да ги оптимизираат своите логистички процеси.

 

 

Повеќе информации за TIMOCOM  ќе најдете на www.mk.timocom.com

нагоре